Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај уште не се знае, може у 5 до дедлајн чичо да купи....
 
Тенки сме во нападот но ваљда знае Чичо што прави :D
 
Ајде да речеме дека потребата за купување играч од средината беше изненадување зошто Ремзи неочекувано се повреди, и да кажеме дека поради тоа швеѓанецов е ок трансфер.
Ама проблемот со нападот се знае цел преоден рок и тек сеа стариот (ако веруваме на сите шпекулации) испраќа понуди за Клосе, Мората, Сисе, Калу, понуди што секако се одбиени...
Ако беше точно тоа дека имавме 75 милиони за летото, а потрошивме 45, дефинитивно можевме да донесеме некој добар играч...
Посебно ме нервира тоа што се бишува дека бордот сакал да плати 37 милиони за Дракслер, ама Венгер одбил....
Не ми е толку за Дракслер, колку што ми е до тоа дека една повреда на Жиру ќе значи дека паѓаме ко крушки....
И уште по ова фб страниве за Арсенал пишуваат „ок, барем Венгер се потруди да донесе напаѓач“, ко демек за трудот даваат поени...
 
Аман со Дракслер, немаше да ни ги реши проблемите што ги имаме моментално во нападот.

Лошо е што не земавме напаѓач и тоа не е никако поврзано со Дракслер.
Требаше некој, макар и Тити пак на позајмица да беше.
 
Реално се е шпекулација, и тоа дека се испраќани понуди, и тоа дека Венгер одбил да плати за Дракслер, не верувам во сето тоа. Интерес е јасно дека имало за Дракслер, исто како што имаше и за Мата и за Хазард, ќе видиме на лето дали тој интерес стварно бил реален или не.

Ех, Анри, шо убави би било пак да дојде.
 
Задоволен сум од Калстром што го земавме ,ќе донесе многу искуство .Ама со нападов што ќе правиме само со Жиро ли ќе останиме ....
 
Со истиот состав сме само 1 бод позади Сити.Лани се појачивме ли во нападот зимскиот период? Ја завршивме 2013 со најмногу освоени поени.
 
Ова шо не донесоа напагач ке им се удри од глава мораше тука да појачаат макар и со Бербатов или Клосе стари лисици се тие вака со овие напагачи ке е тешко ке мора да се бараат голови од средината Казорла,Озил и остали тоа шо го правеше Ремзи на почеток на сезоната.
Башка прочитав Саного овде кај е типов или на Диаби му прајт друштво
 
Аман со Дракслер, немаше да ни ги реши проблемите што ги имаме моментално во нападот.

Лошо е што не земавме напаѓач и тоа не е никако поврзано со Дракслер.
Требаше некој, макар и Тити пак на позајмица да беше.

Ако прочиташ поубаво шо пишав ќе видиш дека не се жалам што не дојде Дракслер, туку што 30 дена Венгер не направи ништо за проблемот со нападот и на 31. ден испраќа понуди за Клосе, Калу, Сисе...
Не ми е гајле мене за Дракслер туку за тоа што сме толку блиску, а сепак толку далеку од титула...
 
Не што не зимаат напаѓач, туку и Парк на позајмица го пратија, не дека ќе играше, ама и бројчано во нападот се ослабнуваме.
 
Ако прочиташ поубаво шо пишав ќе видиш дека не се жалам што не дојде Дракслер, туку што 30 дена Венгер не направи ништо за проблемот со нападот и на 31. ден испраќа понуди за Клосе, Калу, Сисе...
Не ми е гајле мене за Дракслер туку за тоа што сме толку блиску, а сепак толку далеку од титула...

И Челзи со 3 пати појше пари од нас се обидуваа напаѓач да земат, не земаа, за лето оставија, едноставно НЕМА доволно добри играчи у Јануари.
Ти сериозно мислиш Лацио у сред сезона ќе го даде Клосе на позајмица?
 
Парк на позајмица....Абе чичо чичо.....ГООООООЛЕМ ризик, зејтини, свеќи итн итн молење Жиру да го служи здравје. И Саного да го видиме побрзо, нечууууууууу Николчетаааа:(
 
И Челзи со 3 пати појше пари од нас се обидуваа напаѓач да земат, не земаа, за лето оставија, едноставно НЕМА доволно добри играчи у Јануари.
Ти сериозно мислиш Лацио у сред сезона ќе го даде Клосе на позајмица?
Секако дека Лацио нема да го дадат Клосе, особено кога понудата ја праќаш у 5 до 12, ама еве пример Митроглу во ЛШ супер играше, а го земаа Фулам...
И да сеа само што видов Бербатов во Монако...
 
Ти сериозно мислиш Лацио у сред сезона ќе го даде Клосе на позајмица?

Тие Хернанес го продадоа на Интер, па зошто да не и Клозе. И што е интересно играчот дури не сакал да го напушти клубот, но Лотито го продал. Хаос е во Лацио. Не знам зошто не сте ја искористиле шансата. Клозе повторно со Мертезакер во ист тим. Па и Озил и Подолски со кои играа заедно во репрезентацијата. Против Баерн. :vozbud:


Ќе беше интересно и пак ќе си биде интересно де. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom