Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
2:33 реакцијата на Алба :D
 
Значи Озил не беше само случаен трансфер лани, дефинитивно времињата се менуваат, го нема веќе оној Арсенал што го знаевме, што секоја година си ги продаваше најдобрите играчи, што купуваше играчи како Чамак и Жервињо, нема веќе. Како што пишаа и колегите во темата за ПЛ, тешките финансиски денови се зад нас, клубот е финансиски постабилен од било кога, скапи трансфери, нови договори, нови спонзори, скршен е малерот со неосвојување трофеј, добри времиња идат.

Венгер дефинитивно не се одмарал и не играл фудбал на плажа во Бразил. Стариот се има решено да го врати Арсенал на старите патеки, нема да можеме никогаш да трошиме како Челзи или Сити, но секогаш кога ќе има потреба, и кога ќе има добри играчи на пазарот, нема толку да се секираме дека нема да земеме никој.

Следно, играч од средниот ред, мислам дека нема да останеме на Артета и Фламини. Ова за шпанскиов бек шо пишува, ако се оствари можно е Џенконсон да оди на позајмица.

Нели е малце чудно што посигурниот трансфер на Дебуши уште не е објавен, а Санчез за кој до последно бевме во неверување еве го вечерва официјално.
 
И шо беше ова, две минути говор на Венгер од холограм. Ама добар говор беше, Венгер како од Орвеловата 1984 беше со проекцијата.
 
Добри се добри :D
10492310_1533222846901036_6794506415359908191_n.jpg
 
Играчиве шо ги облекле.. :D
 
are they serious :eek:(n)
смешки претставувањето
 
Добри се добри :D
10492310_1533222846901036_6794506415359908191_n.jpg
Казорла: And breathe.
Ги мразам пума дека дресовите им изгледаат како од некој ефтин материјал и се залепени како со лепак за тело.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom