Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Болд ја среди одбранава за утакмицава,2/3 пати го дадоа како дели инструкции,еднаш и Мертерсакер го викна од блиску да му каже шо како.Ми се допадна денска шо испаднавме со план како да играме против противникот,оти иначе немаме никаква организација.На Венгер филозофијата е демек ако ја играш ти твојата игра добро нема потреба да се грижиш за противникот...
 
Иако генерално Баерн си играше да си чува резултат, бевме многу солидни денес. Особено одбраната ни беше одлична, нешто што особено на првиот натпревар не чинеше. Фабијански изигра страшен меч, можеби најдобар голмански од сите цела сезона, со оглед на натпреварот, притисокот и натпреварувањето.

Од сите сум задоволен, освен од Санти, Жиру и Росицки денес. Помалку и од Артета. Да бидам реален, Санти и Росицки со искуство и пенетрација мораат да повлечат и да пробаат нешто. Кацорла требаше на слободниот да нафрли, не да шутира. Росицки се трудеше, ама многу малку топки напред, постојано настрана или позади даваше.

Конечно, стигам до Жиру. Имаше неколку потези кои страшно ме фрустрираат. Гол даде, океј, ама цел натпревар глуми лудило. Чудно ми беше што изгуби доста нафрлени топки со глава, и има некои чудни додавања, како и она дека ќе дадеше гол од пола терен, кога некој натрчуваше сам од лева страна...фаули без потреба при крај отккао ќе изгуби воздушен дуел. Разбирам да си борбен, ама борбен со разум.

Се предвидуваше дека ќе се посрамотиме вечерва, ама изигравме лавовски. Се надевам ќе не понесе оваа победа, Свонси едноставно мораме да ги добиеме, било како. Се мачиме малку во последно време со поставата Жиру напред, Тео од страна....можеби треба да му се даде шанса на Окс, денес иако кратко беше многу солиден. Џенкинсон да не мрдне од десен бек, подобар е од Сања сезонава. На почеток на сезона Жервињо играше солидно напред или по страна, да го пробаме и него. Санти ако е изморен, нека седне на клупа малку.

Барем си го обеливме образот, одиме напред. Шитхем не чекаат да ги стигнеме и поминеме!
 
Венгер не смее да му се меши во работата на Болд-зборам за дефанзивата.
И да,јас мислам дека најголем проблем во Арсенал е мотивацијата.
 
Се согласувам дека можеби треба да се проба повторно Тео централно а Жиру да одмори малце. И јас го делам мислењето дека иако даде гол сепак во последно време прави некои чудни и непромислени потези.
 
Нема никој друг да каже, така да јак ќе кажам.
Едно огромно БРАВО за Венгер денеска, одлична тактичка поставеност, одбраната перфектна, Росицки доста разочара кога најмногу требаше да покаже што може.
 
Заеби Жиру,на лето мораме да тргнеме по екстра напаѓач.Не сум голем фан на Виља,но гледам некако многу загреани сме за него.
 
Немале пораз на Алијанц и примиле само 3 гола... епа еве им малку шлаг на тортата!

Кај најде Џек да се повреди, баш на неговото место мн грешки направи Росицки, и дефинитивно ни треба еден асален напаѓач!
 
Штета што не ни приредија изненадување... како и да е
PROUD TO BE A GOONER!!!

И еден поздрав од Минхен :)

426531_10151489633606069_306185893_n.jpg
 
Отишла екипата у Минхен а? Ептен им се погоди утакмицата
 
Страшна утакмица. Штета што увек вторите утакмици ги играме многу подобро отколку првите, во овој случај тоа беше поразот дома и скапо не чинеше. Минатата година исто се случи со милан, само во тој дуел Росицки мн повеќе прикажа отколку денес.

Артета не прочитав некој да го спомне, прав капитен,прав лидер, максимално агресивно со мали фаули ги кинеше сите акции на германциве.

Одбраната страшно добра, мн сум позитивно изненаден. Додека пред некое време бев дежурен хејтер на Ремзи вклучувајки го тука и паничарот Џенкинсон мора да кажам дека оваа утакмица за мене они беа едни од најдобрите на теренот. Со срце, агресивно,максимално ангажирано, без многу грешки.. браво! Џенкинсон јас мислам дека е играч со најголем напредок во цел свет, од каква патарушка каква играчина станува, само така да продолжи :D

Иначе судијата благе везе си немаше, и нас не оштети и нив. Не многу значајно (освен што свирна офсајд на Тео кој го немаше) туку за мали ситни прекршоци, аути, корнери..

Како и да е, тоа е тоа, браво уште еднаш за момците, само сеа уште да ја завршат работава во ПЛ за лига шампиони и добро ќе биде.

Него некој да каже што ќе бидне со тоа коефициентот на Англиска Лига во УЕФА за тоа колку тимови ќе идат во ЛШ наредна година, го губи коефициентот, место 4 од англија ќе идат 4 од Германија така?
 
Росицки МОРА да ја врати формата од лани иначе ќе го јадеме и во ПЛ.
Жервињо доста добро изигра откога влезе, би сакал да го видам против Свонси во прв состав.
Него некој да каже што ќе бидне со тоа коефициентот на Англиска Лига во УЕФА за тоа колку тимови ќе идат во ЛШ наредна година, го губи коефициентот, место 4 од англија ќе идат 4 од Германија така?
Коефициентите се евалуираат на секои 5 години и се гледаат последните 5 сезони, една лоша сезона не значи дека ќе изгуби место, ПЛ е толку доминантна што ќе мора едно 3-4 сезони по ред без претставник или максимум 1 претставник во четврт-финале за да се изгуби место. Одозгора моментален шампион во ЛШ е англиска екипа.
 
И јас би сакал да го видам Фабиански на голот во сабота, ептен изненади вчера.
Многу добро изигра, башка цело време ги организираше и се дереше ко коњ при изведување на корнери.
Росицки разочара тотално, али имаме еден Томас кај младиве што би требало да се проба,мислам дека би функционирал.
Башка секоја чест и за фановите на Арсенал, и те како се слушаа вчера на преполниот стадион. околу 3800 фанови на Арсенал против 56 000 ....нот бед, Репсект
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom