Навивач на Арсенал го навредувал Адебајор и го прогласил за ѓубре

Врвните фудбалери немаат мир од бесните навивачи ни на другиот крај од светот. Тогоанскиот напаѓач Емануел Адебајор доживеал вербален напад од незадоволен навивач на "топџиите" среде Нигерија.
Поврдата која го оддалечи на три недели од фудбалските терени на Адебајор му овозможи враќање во Африка, каде на мир може да се рехабилитира. Но мирот не траел долго, бидејќи во нигерискиот град Лагос на аеродром бил навредуван од 30-годишен Британец, навивач на Арсенал, незадоволен од играта на репрезентативецот на Того во нападот на "топџиите".
"Те плаќаат 80 илјади фунти неделно, а играш како ѓубре. Јас скапо ја плаќам годишната карта за твојата плата." - нервозно викал кон Адебајот незадоволниот навивач, тврдат сведоци за бритаскиот таблоид "Сан".
Иако на почтокот навредите ги сватил несериозно, Адебајор на крајот сепак ги изгубил нервите.
"Ако баш и те интересира, заработувам 110 илјади фунти неделно." - му возвратил Адебајот, по што за малку ќе избувнела физичка пресметка меѓу изнервираниот фудбалер и хистеричниот навивач, но обезбедувањето на аеродромот ги спречиле немирите.
ццц.каи се најслабите навивачи во целата лига па и почнаа се почесто да ги вреѓаат играчите срам да му е.Аде и сите останати не го заслужуваат тоа