Остануваат уште неколку часа до еден од најважните натпревари оваа сезона, па еве еден краток preview.
Евертон е тим кој во последните неколку натпревари со Арсенал не ствараше проблеми, но со Дејвид Мојс на „Гудисон парк“ несмее да се калкулира. Кај Евертон се враќаат Фелаини кој досега успеа во дебитантската сезона да заработи 10 жолти картони, а по бројот на направени фаули е прв во Премиер лигата и Артета кој најверојатно ќе го започне натпреварот од клупата. Триото напаѓачи Саха, Јакуби и Воан остануваат повредени, но сепак тоа не дава простор за опуштање. Во изминативе 10 дена изиграа двапати на Енфилд против Ливерпул 1-1. Тие два натпревари докажаа дека Евертон не се шегува и сака излез во Европа оваа сезона. Тим Кејхил е човекот од кој треба најмногу да се стравува како и од Фелаини кој никако несмее да се потцени.
Вака би требало да изгледа составот на Евертон:
--------------------Хауард------------------
Хиберт------Јагјелка------Лескот-----Пиенар
Осман------Артета--------Невил------Аничебе
-----------------------Фелаини--------------
-------------Кејхил--------------------------
Осум последователни натпревари без пораз во Премиер лигата е одлична серија за која се надевам дека ќе продолжи. По нерешениот резултат против Кардиф, очекувам Арсенал сигурно да постигне погодок за кој се надевам да биде постигнат во раната фаза од натпреварот, за да после на психолошки план да им биде полесно на избраниците на Венгер.
Прогноза за составот на Арсенал:
---------------Алмуниа---------------
Сања-----Галас------Џуру------Клиши
Ебуе------Диаби----Денилсон----Насри
----------Адебајор---Ван Перси-------
Судија на овој натпревар ќе биде
Андре Маринер.
Можен резултат 1 - 2.
Натпреварот може да се проследи на следниве телевизиски канали:
БХТ1
Канал+ спорт Франција
Нова спорт Чешка
Словенија тв 2
Суперспорт 4
РТС2 Србија
Еуроспорт 2 Полска и Романија
Еве и одличен стрим со задоволителна резолуција.
Па тоа е тоа. Астон Вила и Манчестер Јунајтед победија, алармот кај Венгер се вклучи. Ќе биде интересно да се проследи овој натпревар.
Keep the faith...