Па јас мислам дека нема да биде ништо до другата недела,така да не се надевам на Аршавин за таа средба...........
А со Фабрегас.......па дајте малце олабавете,сите некако како да се плашите што не е тука,за секој потег коментари од типот: па види и без Фабрегас што направија,или види и без Фабрегас како изиграа и такви слични коментари и,да не речам, глупости...Па зарем уште не верувате дека Насри може достојно да го замени,што всушност и го прави тоа,дечкото се снаоѓа феноменално.Нормално дека недостига,ама пак играта е пак онаа препознатлива....
РвП...за него немам зборови,човекон е лудница во последно време игра феноменално и многу сигурно,и има голема цврстина,што е дополнителен проблем за секоја одбрана,секоја чест за него...само нека продолжи така...
И накрај за Хул...хехе немојте со тие коментари од типот ќе ги растуриме,и за Болтон така викаа некои па ете испадна на крај да се провлечеме...сватите дека за нас лесни екипи се оние што играат отворен,напаѓачки фудбал,што е наш стил е тука вистина имаме што да покажеме,ама вакви екипи што се бранат 90+5 минути тоа за нас е убиствено и тогаш е најтешко да се победи...