Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
i najglupavata zena e popametna od najpametniot maz- WOMEN RUN THE WORL![]()
Еве во што жените се подобри од мажите:
Почисти сме!
Една студија на Универзитетот во Сан Диего покажа дека работното биро на еден маж има 10 до 20 проценти повеќе бактерии од она на една жена. Научниците потврдија дека жените водат повеќе хигиена од мажите.
Подобри сме на интрвјуата за работа!
Истражувачите открија дека жените подобро се справуваат со стресот за време на интервјуто за работа. Тие се навистина преплашени пред интервјуто поради големата подготовка, но за време на големиот момент се подобри.
Стануваме поубави!
Неодамнешна студија покажа дека со еволуцијата жените изгледаат се подобро, додека мажите остануваат исти. После пратењето на 2.000 луѓе со декади докажано е дека убавите луѓе имаат за 36 проценти поголема шанса да имаат ќерка, што значи дека сите прекрасни ќерки значат уште повеќе убави жени отколку во минатите генерации.
Почесто преживуваме сообраќајни несреќи!
Ова е тажна вистина, но мажите имаат за 77 проценти поголеми шанси да загинат во сообраќајна несреќа. Треба да не слушаат кога им велиме „врзи го појасот“.
Подобро комуницираме!
Дури 53 проценти од жените отворено разговараат со пријателите за своите проблеми за разлика од оние 29 проценти на мажи кои го прават истото.
Поотпорни на рецесијата!
Според едно биро за статистики 80 проценти од оние кои ја изгубиле работата од 2007 година, па наваму се мажи. Можеби затоа што повеќе мажи се вработени во финансиите и производството, па време е повеќе мажи да станат учители и медицински сестри.
Се храниме поздраво!
Истражувањео со 14.000 испитаници покажа дека жените се хранат многу поздраво од мажите. Додека тие грицкаат пица, ние јадеме свежо овошје. Ако имате грижа на совест поради зависноста од чоколадо овој факт може ќе ве утеши.
Живееме подолго!
Помеѓу светската популација над 100 години, 85 проценти се жени. Во просек жените живеат 10 години подолго од мажите.
Велат ова е машки свет, но има многу причини зошто е подобро да се биде жена во него!
Секогаш ни ја отвораат вратата и имаме предност на минување.
Во тоалетот не треба да се грижиме дали тој до нас ни гледа во гениталиите.
Доминираме со насловните страници на модните магазини.
Во ред е ако не сакаме спорт.
Секогаш сме сигурни дека детето е наше.
Ако сме чувствителни и плачеме никој не смета дека сме хомосексуалци.
Не викаат „понежен пол“.
Никогаш не треба да се прашуваме дали сме го довеле до оргазам.
Хормоните не ни го прават гласот чуден, само градите поголеми.
Можеме да одиме во групи во тоалет без да помислат дека сме чудни.
Не мораме 24/7 да мислиме на нашите гениталии.
Можеме да ги обвиниме хормоните за промените во расположението во било кој период од месецот.
Можеме лесно да најдеме некој за да танцуваме на диско подиумот и слободно може да биде од истиот пол.
Пријателките не поддржуваат кога сме сингл и депресивни.
Не треба да собираме храброст да поканиме некој на состанок, да ја испланираме цела вечер, па да се јавиме за некој ден со надеж дека личноста е заинтересирана за втор состанок.
Не треба да се грижиме дали ја кажуваме вистинската работа во вистинското време за да спречиме кавга, затоа што ние ги планираме сите кавги, кога ќе започнат, а кога ќе му простиме.
Нашите пријатели не го третираат сексот како спорт во кој мора да учествуваме што почесто.
Кул е да се биде татина ќеркичка, но не и мамино синче.
Постојат мигови кога чоколадото навистина може да ги реши сите наши проблеми.
Можеме целосно да процениме личност само по гледањето во нејзините чевли.
Можеме да се опијаниме побргу и поевтино од мажите.
После кавга секогаш остануваме да спиеме на спалната, а тој оди на каучот.
Жените ја знаат вистината дали големината е важна...
со многу нешта не се согласувам НО со ова најповеќеЕве во што жените се подобри од мажите:
Почисти сме!
Една студија на Универзитетот во Сан Диего покажа дека работното биро на еден маж има 10 до 20 проценти повеќе бактерии од она на една жена. Научниците потврдија дека жените водат повеќе хигиена од мажите.