Факултети во Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата ~2A
  • Време на започнување Време на започнување
Се надевам дека нема да го советваш да се запиши на економски :)

Лош избор е секако економскиот во денешно време ама пак и неговиот избор за информатика на технички кај нас не му е баш најдобра.
 
Не знам шо да речам премногу економисти има пак поќе надеж има со технички , нека си види еднаш и шо му лежи сепак многу споротиви науки се :)
 
На технички ти е 200е државна и 400е приватна квота. Иако не е баш точно 200е, на почетокот ко плаќавме по 150е не фати половина рата, има еден куп други трошоци, за факултетот, за индекси итн.

Јас конкретно сум на Информатика и компјутерска техника, не е тежок смер единствено програмирањето и математика се потешки предмети, барем засега во прва, натаму не знам.

Ако те интересира нешто повеќе, прашај инбокс.
 
Шо учеше средно? Кој и да е смер ќе ти биди полесен ако си ја учел истата струка претходно, башка то размисли си шо те влечи. Јас учам графичко инженерство на технички мене ми е прелесно, во прва има математика, физика и хемија и то е то после се стручни од кои пола на компјутер се учат и полагаат.

За пат ако си патуваш со уни-тоурс ти е 3400 месечна, така ти иди 170-180 повратна, а ако купуваш секој ден е 200 повратна. Скоро на секој сат имаш автобуси и за одење и за идење и така. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom