Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Да се пофалам малце. Бази слушам кај Велинов и денешниот практичен испит го куцавме во.... Notepad се разбира. Ти ебам факултетот најглуп... Факултет за шумарство има подобра IT инфраструктура и сервери..
Каде ги извршувавте кверињата? Или не ги извршувавте? :D
 
Знае некој каде се наоѓа канцеларија 10?
 
Дали може да се промени термин по лаб.вежби ввкн,од група а во група б и како?
 
БМС е прилично лесен и интересен предмет. Го држат Соња и Мишев, а асистент лани беше Ненад Анчев. Се полага преку два колоквиуми на courses, има и по еден етест што се прави од дома после секоја аудиториска. Од тие етести се паѓаат и прашањата на колоквиуми. Исто така има и 7 лаб вежби кои беа задолжителни и бевме строго казнети(губење потпис поради препис) поради нив 50% од студентите лани.
 
Некој да сподели искуство за полагање прв кол. Мобилни платформи и програмирање? Знам дека ќе биде на е-тест, но од кај да се учи и што? Тенкс ин адвенс
 
Некако многу рано барате информации за предмети од следен семестар :D
Мој совет ви е да го пишете името на предметот што ве интересира во search, во глобалната група на финки. Премногу се дискутираат предметите пред да започне новиот семестар, така што имате доволно информации за секој предмет.
Истата опција ја имате и на форумот, директно ќе ве пренасочи на конкретната страна поврзана со тој предмет.

Е сега внимавајте на неколку предмети со променети имиња, најдобро погледнете ја старата програма од смеровите во периодот 2013 до 2017, предметите се битно исти :)
 
Здраво дечки да ве прашам за дипломска доколку немате идеја на која тема да работите дали може професорот да ви предложи некоја тема.

Исто така немам многу време за замарање, кај кој професор би ми предложиле да ја земам.
 
Здраво дечки да ве прашам за дипломска доколку немате идеја на која тема да работите дали може професорот да ви предложи некоја тема.

Исто така немам многу време за замарање, кај кој професор би ми предложиле да ја земам.

Може професорот да ти предложи.

Доколку немаш време, барај некој од теоретските предмети каде што можеш само со документација да поминеш. Истражување некое.

Ако изработуваш нешто практично, ќе потрошиш време на проектот и плус документација мора да пишуваш.
 
Ве молам предложете ми некој што држи приватни часови ДМ што ќе ме спреми за јануарска испитна сесија ? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom