Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво.
Се размислувам кој изборен предмет да го одберам помеѓу Основи на Веб Дизајн и Компјутерски Компоненти. Што се учи по предметиве? И ме интересира вашето мислење за кои професори се најдобри по предметите од вториот семестар?

Веб дизајн го препорачувам на сите од прва година.
Ако сакате и компоненти да слушате можете понатаму да го запишете.

HTML и CSS се учи по ОВД. Основа ќе ви биде за други изборни понатаму.
По компјутерски компоненти се учи хардвер.
 
Поточно Компјутерски компоненти нема да научиш ништо ако не ги следиш предавањата (99% од запишаните не ги следат) бидејќи материјалите им се катастрофа и предметот е прелесен. Препорачувам да го чуваш за наредните семестри.
 
Дечки еден совет ми треба. Сакам да се запишам на ФИНКИ догодина, имам завршено факултет од сфера на општествени науки и започната магистратура, но гледам дека треба да го насочам фокусот на друго место и затоа се одлучив за ФИНКИ.
Кој совет би ми го дале? Која насока да ја одберам? Кои се предностите на насоките кои вие сте ги одбрале? На што треба да се внимава?
Планирам да ја прочитам темава од почеток до крај, но би сакал и по некој совет директно од вас како студенти.
Фала!
 
Зависи кои ти се очекувањата од факултетот. Ако сакаш да научиш програмирање и полесно да се снајдеш кога ке бараш работа тогаш најдобро ти е пет + изборни предмети од цел факултет. Има доста практични предмети за програмирање, бази, мрежи, за било која област, ако ги слушаш ке имаш предност пред другите кандидати.
Ако сакаш да научиш теоријата т.е делот со компјутерски науки тогаш кни + сите можни математики.
Кога бираш предмети пожелно е да прашаш студенти што го слушале предметот + професорот што ке предава годинава, има случаи каде што се учат работи што ги нема напишано на сајтот на финки.
 
Целта ми е да се пренасочам и здравје за 3 години полесно да најдам подобро платена работа. Но највеќе од се ми се допаѓа што има голема побарувачка за информатичари и повеќе слобода во таа работа. Имам 11 годишно работно искуство, работата како таква не нуди некој посебен напредок. Не сум нездоволен, но сакам да се изборам за повеќе опции во животот. Претпоставувам дека повеќе побарувачка на пазарот има за погоре болдираните делови така да натаму ми оди паметот.
Моменталното работно место ми е флексибилно, ми стига плата сосе платени придонеси ама имам повеќе од доволно време да го вложам во дополнително образование.
Генерално сакам да стекнам добра основа за да може да се надградувам со тек на време.
 
Според ова што го прочитав, само на ПЕТ размислувај да се запишеш. Математиките што мора да ги учиш на другите смерови ќе ти го одземаат скапоценото време. Програмер се станува и без факултет, а најмалку која насока ќе ја одбереш.
Иначе ако очекуваш дека факултетот ќе те научи да програмираш, многу се лажеш. Факултетот е способен само математики да те научи и некои други обласи, но не и програмирање, бидејќи кадарот е катастрофален после заминувањето на најдобриот асистент.
 
Според ова што го прочитав, само на ПЕТ размислувај да се запишеш. Математиките што мора да ги учиш на другите смерови ќе ти го одземаат скапоценото време. Програмер се станува и без факултет, а најмалку која насока ќе ја одбереш.
Фала на совет.
Малку е проблем кога од општествени науки преминуваш на ФИНКИ. Мојот концепт на функционирање бил друг и затоа сакам да си ја фатам работата од почеток и по пропис. Сигурен сум дека може да се напредува и со онлајн курсеви и слично, но сепак факултет си е факултет.
 
И јас завршив друга струка во средно, па се адаптирав релативно брзо.
 
Јас завршив факс и упишав магистратура и сфатив дека општествените науки се катастрофа у Македонија. Додуша го знаев и однапред тоа, но попатно само ми се потврди.
 
Ѕирни го theodinproject.com . Дизајниран е како онлајн бесплатен bootcamp кој што ќе те однесе од нула во работа до компјутери до full-fledged web developer. Трае меѓу 800-1000 часа, а можеш да се вработиш после...400-500 отприлика (после Ruby on Rails курсот).

Интересно е што сите работи што се учат официјално после на ФИНКИ се опфатени со курсот, на пример пребарувачки алгоритми/графови и дрва/sql(бази), само што на ФИНКИ (барем со моето досегашно искуство) многу се дрват работите (ака непотребно опширно работење).

Екстра бонус е што проектите се мега-интересни (шах, backend на фејсбук etc.). :) Таман ќе ти дојде до уписите да ги фатиш основите па и да видиш дали програмирањето е за тебе.
 
Вовед во информатика вистина даваат 2 поени за редовност на предавања?
 
Зависи кои ти се очекувањата од факултетот. Ако сакаш да научиш програмирање и полесно да се снајдеш кога ке бараш работа тогаш најдобро ти е пет + изборни предмети од цел факултет. Има доста практични предмети за програмирање, бази, мрежи, за било која област, ако ги слушаш ке имаш предност пред другите кандидати.
Ако сакаш да научиш теоријата т.е делот со компјутерски науки тогаш кни + сите можни математики.
Кога бираш предмети пожелно е да прашаш студенти што го слушале предметот + професорот што ке предава годинава, има случаи каде што се учат работи што ги нема напишано на сајтот на финки.

Многу ме интересира како тоа од ПЕТ полесно се снаоѓаат при барање на работа? :)
 
Вовед во информатика вистина даваат 2 поени за редовност на предавања?
Само ако ти менуваат оценка тие 2 поени.[DOUBLEPOST=1516208361][/DOUBLEPOST]Инаку прашање до оние што слушале Вештачка интелигенција. Вреди да се запише предметов или повеќе од онлајн курсеви ќе научам ?
 
Многу ме интересира како тоа од ПЕТ полесно се снаоѓаат при барање на работа? :)
Наместо да решаваат задачи веројатност ке прават апликации. Во моментов во .мк, неколку апликации прикачени на play store, добар github профил, вредат повеќе од било која оценка по веројатност.
Има работи што се учат само со искуство, со ова ке стекнеш мала предност пред другите кандидати.
На крај на денот насоката нема никаква улога, ако сметаш дека можеш да ги спремиш математиките + некој од практичните предмети што бараат вежбање, тоа ти е подобра комбинација. Искуството покажало дека мал е бројот на луѓето што го прават тоа, затоа предложив пет.
 
Само ако ти менуваат оценка тие 2 поени.[DOUBLEPOST=1516208361][/DOUBLEPOST]Инаку прашање до оние што слушале Вештачка интелигенција. Вреди да се запише предметов или повеќе од онлајн курсеви ќе научам ?
Ако си на ПЕТ во трета година ќе имаш задолжителен предмет Системи на знаење каде се учи вештачката интелигенција
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom