Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Abe daj link so raboti ne rabotat poveketo
Не е дозволена пиратерија на форумов. Плус, инженер ќе бидеш, на работа ќе имаш секојдневно ситуации во кои треба да се снаоѓаш, потруди се малце ;)
 
Па ти мислеш дека ако се на ФИНКИ и се знаат. Се запишале колку да се каже дека студираат. :D
Да де затоа од 1ва година во 2ра проаѓаат пола од максималната квота :D
 
Па ти мислеш дека ако се на ФИНКИ и се знаат. Се запишале колку да се каже дека студираат. :D
Да де затоа од 1ва година во 2ра проаѓаат пола од максималната квота :D
Генерално гледано, до факултетот е. Го потат со матрици, интеграли, глупости а основната способност на еден инженер не ја кажуваат - способноста. Затоа сите IT факултети кај нас се да не речам промашени. Пак ќе кажам генерално гледано кажувам :) кај мене во група Соња кога предаваше за оверклокување процесори (скратување на тактот) следниот ден сите ја прашуваа како да вратат како што си било , зошто заебале:pos: Како прво, IT студент и инжињер треба да знае дека прво се распрашуваш за можните последици а како второ и да заебеш, бараш како да вратиш. Со Google денес овие работи се сведени на 2 минути напор.

Ко лани на работа кај мене, чуди се со колегава портава зашо не се крева, ставај 20 различни стрејт кабли, гледај го софтверот, рестартирај ова, рестартирај она и на крај испадна дека треба со крос кабел тоа да се реши. А ова на ФИНКИ/ФЕИТ ќе го дознаев на Св. Никогаш. Затоа и му реков така на членот, да не ме сфати некој дека сум некултурна, туку дека на работа со чудни ситуации IT лице ќе се среќава секој ден, мора да изнаоѓа разни решенија, кои не се интеграли и функции. Наоѓањето торент самостојно е добар почеток.
 
Затоа информатиката не е за сите. Не до факултетот како некои студенти може сами да се потрудат да најдат решение за проблемот, а некои чекаат да им се даде на готово.
На google има се пиши на англиски и чао нема потреба да се замараш со проф. :D

Овие двајцата знаат тука да пишат што им треба, а не знаат на google да напишат mathematica 5.0 free download. Одма излева линк каде може да се симне.
Да беа на друг факултет ќе им ја пратев ама вака не.

А и не претходните страни гледам барала помош за задачи. Па нели иде на предавање не знам или воопшто не се замараат. Епа како ќе го помине испитот?
Да сум професор прво сите ќе ги тестирам да направат скриншот, работа со офис и торент да најдат. :pos:
 
Ако ви е тешко да најдите торент, почекајте да ја видите постапката за активација на пиратската копија. Е тоа е веќе проблем .
 
Повеќето се на заокружување и неколку за раскажување. Добар дел од тие на заокружување се некоја реална ситуација и треба да заокружиш точен одговор според тоа што сме го учеле. Значи не само дефиниција него ќе треба малце да размислиш што треба да се примени во тој случај.

Некоја база со прашања да не имате ?
 
Некоја база со прашања да не имате ?
Нема бази. Професорката си го прави тестот, две групи дава.

ај да го вратам прашањево. убо е да се одговори.

Стварно, алгоритми какви се задачите на прв колоквиум дај кажете :)


Иначе за муабетот погоре, Вовед во информатика на првите аудиториски вежби се учи интернет пребарување. Таква е и првата лабораториска :D
 
За алгоритми до сега од лабараториските само една задача беше со средна тежина, другите сите беа ептен лесни. Сега не знам што да очекувам на колоквиум.

Во споредба со ова задача полесни или потешки даваат на колоквиум
Даден е некој аритметички израз. Аритметичкиот израз е во облик (A+B) или (A-B) каде што А и B истовремено се други аритметички изрази или цифри од 0-9. Потребно е да го евалуирате дадениот израз.
пример:((10-5)+((2+3)-(9-0)))
 
Ако сами сте ги решавале лабораториските нема да имате никаков проблем со колоквиумските задачи.
 
За алгоритми до сега од лабараториските само една задача беше со средна тежина, другите сите беа ептен лесни. Сега не знам што да очекувам на колоквиум.

Во споредба со ова задача полесни или потешки даваат на колоквиум
Даден е некој аритметички израз. Аритметичкиот израз е во облик (A+B) или (A-B) каде што А и B истовремено се други аритметички изрази или цифри од 0-9. Потребно е да го евалуирате дадениот израз.
пример:((10-5)+((2+3)-(9-0)))
Задачата спаѓа во лесните задачи, на колоквиум ке имаш потешки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom