Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Колку најмалку испити треба да имаме положено за да запишеме летен семестар?
 
До сега на неколку што сум им кажала дека ќе се запишувам на ФИНКИ ми викале ти си луда, претешко е, нема да успееш. Толку многу е тешко? Станувате од книга?
 
До сега на неколку што сум им кажала дека ќе се запишувам на ФИНКИ ми викале ти си луда, претешко е, нема да успееш. Толку многу е тешко? Станувате од книга?

Ако не учиш кај и да отидеш ќе ти биде тешко. Само добар распоред на учење и ќе немаш проблем... има време и за дружење, шетање, кафиња... за сѐ. И не е толку тешко како што викаат, потешко е (just kidding).
 
До сега на неколку што сум им кажала дека ќе се запишувам на ФИНКИ ми викале ти си луда, претешко е, нема да успееш. Толку многу е тешко? Станувате од книга?

Редовно иди на предавања и вежби, седни 1-2 недели пред колоквиумите научи се, и нема да имаш никакви проблеми. Ако си чистиш се на колоквиуми, јануари цел ќе ти биде слободен, исто и од крај на мај до октомври ќе си имаш уште еден распуст. Убавини е факултетот, многу послободно време имам од средно. Е сега кога ќе ти дојдат колоквиуми двете недели пред колоквиуми и колоквиумската... нема да знаеш што попрво, послабо ќе спиеш, искачање скоро воопшто, али се преживува.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 19:35 ---
Калкулус 1 положени и преку колоквиуми и преку испит вкупно 133-4 ица? од 500 и кусур студенти во генерација?
dafuq? Сфаќам дека Математиката игра голем дел во факултетов ама на испит 25 теоретски прашања се многу. И сеа ова е демек селекцијата на Смиле? :facepalm:

Дури и премногу положени имате за разлика од лански години.
 
Калкулус 1 положени и преку колоквиуми и преку испит вкупно 133-4 ица? од 500 и кусур студенти во генерација?
dafuq? Сфаќам дека Математиката игра голем дел во факултетов ама на испит 25 теоретски прашања се многу. И сеа ова е демек селекцијата на Смиле? :facepalm:
Вие сте најуспешна генерација до сега. 25% положени после јануарска сесија ова се ретко случува.
Или сте доста добра генерација или после толку кукање за потпис и останати работи Смиле и Баки ви дале лесни задачи.

Не сакаш да знаеш колку луѓе поминуваа калкулус минатите години, ова е веројатно најуспешната година. :)
И тоа после ненајавената промена на правилата после вториот колоквиум, и вештачкото добивање на потписи со новитетот "превртен потпис"(За кој ни поедини професори не знаат што значи...)
Ок е да се смали граница, али да се сменат комплетно правилата и лабораториските задачи да се изедначат со оние од колоквиум е стварно идиотско...
Сепак добро е шо потклекнаа на притисокот и не останаа со истите правила од ПМФ иначе ќе имаше катастрофални резултати и масовни откажувања.

А Калкулус на испит секогаш бил ептен тежок, незнам како беше теоријата пошо ја положив на колоквиуми, само задачи полагав оваа сесија и споредено со испитите од минатите години, слична тежина имаа задачите, а онаа шо носеше највеќе бодови, анализа и скицирање на функција беше полесна.
СЕКОГАШ ПО КАЛКУЛУС ЛАБОРАТОРИСКИТЕ ЗАДАЧИ СЕ ВРЕДНУВААТ ИСТО КАКО И ТЕОРИЈА И ПИСМЕНО.
Има еден предмет кој јас сум последна генерација што го слуша, нумерички методи се вика, е ако тие лабораториски не ги научиш по кал1 и кал2 и си ги препишуваш и така си ги добиваш поените шансите да положиш Нум. методи се многу мали.Се полага усно(задачи се само Ванчо така го вика) и практично. Таму се полага практичен дел кој има далеееееееку потешки задачи од тие што ги даваат на кал1 и кал2, еве оваа сесија тој практичен дел ќе го полагам втора година и не сум голем оптимист. Усното досега на колоквиуми два пати го положував ама практично слабо.
Најверојатно трета година по ред ќе го гледам пак Ванчо . :(

Имате најлесна програма и највеќе се жалите, ви исфрлија Теорија на Информации(има народ што само овој предмет им е останал до дипломирање од М.Г. го полагаат по 4-5 години), Нумерички методи, СПА го разделија на два предмети, Структури на податори и другиот предмет е Алгоритми . Компајлери ви ја олеснија програмата. Немате Конечна Математика која кај Смиле ретко се положуваше теорија.
Мислам дека само го уништуваат факултетот во квалитет.

Ебаните реклами за запишување на секој што завршил средно и рекламите за убедување да се запишуваат на техничките факултети направи да се запишуваат доста деца на ФИНКИ. Од тие дали 50% вредат
 
Заборави да го спомнеш Алгебра, може не си го фатил, сега гледам дека е префрлен во магистерски и го предава Смиле, јас додека студирав на ИИ го предаваше Билјана Јанева, на тој предмет од колоквиум положуваа 20 луѓе од 150-тина и уште 5 луѓе од јануарска, плус ако се земе предвид дека тогаш не секој се запишуваше ИИ и сега се жалат малку положиле Калкулус 1, па подобро наместо првиот ден во амфитеатар нека ве однесат во фотокопирница и нека ви ги испечатат дипломите и ај со здравје радувајте се како мали деца.
 
ФИНКИ од моја гледна точка:

Навистина тежок факултет...со scientific математика и тешко програмирање...но доколку се седне да се учи и не е така тежок....

Јавно истакнувам дека сум глупав што не се замарав на колоквиуми, и сега морам да се замарам со испити и 500 глупости....
Ама тоа е тоа си го барав...кога сакав да си излагам надвор додека другите учеа...така и ми треба.... :D
 
СЕКОГАШ ПО КАЛКУЛУС ЛАБОРАТОРИСКИТЕ ЗАДАЧИ СЕ ВРЕДНУВААТ ИСТО КАКО И ТЕОРИЈА И ПИСМЕНО.
Може лошо се изразив и ја...
Поентата е шо годинава после вториот колоквиум ги сменија правилата за положување на предметот, со тоа што условот да имаш минимум 20 бода од секој дел за да положиш предметот го заменија со услов да имаш вкупно 60 бода од сите дела, безразлика од кои делови.
Што значи дека Калкулус 1 може да се помине ако освоиш 35 бода од лабораторија. (максимум) И другите 25 бода ги освоиш од задачи и теорија ЗАЕДНО... (10 со 15 пример).
Што е извонредно глупо ако се земе во предвид како се решаваат задачите на лабораторија(препишување секој од секого).
А и самиот потег да се смени истото без најава, онака од ракав на крај на семестар е кретенски...
На пример јас отидов на последните лаб вежби колку да извадам 3 бода колку шо ми требаа за да положам (со 20 бода), и си отидов после 20 минути за да имам повеќе време за учење за колоквиум.
На крај за да положам се ми фалеа уште 3 бода, кои што можев лесно да ги освојам од лабораторија доколку знаев тогаш дека ќе ми требаат.
Наместо тоа морав да идам на испит задачи сеа во Јануарска сесија... Што не ми беше некој голем проблем затоа што ги знаев задачите доста добро и го положив, али сепак начинот на кој го сменија условот не е океј.
 
Ај некој постар колега нека каже збор два за изборните предмети од 4ти семестар. Досега колку што можев да разберам ми рекоа:

- Дигитално процесирање на сигнали да не го чепкам, да си седам рајат;
- Визуелно програмирање рекоа дека е непотребен предмет, веќе застарен кој нема некоја примена;
- Менаџмент и инженерска економика, Основи на ТК, Микро сетила и мерни системи ми изгледа дека имаат многу теорија за учење, што не е пожелно, а и некако не ми звучат привлечно.
- Компјутерски компоненти и периферии го разгледав што се учи и ми се чини мноогу интересен и употреблив.
- Надежност на системи, Системи на авотматско управување и Комуникациони технологии не можев баш да најдам некој поубав извор за тоа што се учи, како се учи, (не)се минува и такви работи.

Секој ваш совет би бил добредојден!
 
Јас дека слушав лани визуелно програмирање ќе ти одговорам за тој предмет. Не е воопшто застарен предмет како прво, не знам кој ти кажал тоа. Се учи Visual C++ и програмирањето се одвива во Visual Studio 2010 пакетот. Претежно е дизајн на GUI апликации со користење на textbox, checkbox, listbox, drop down list итн. :D Може да се добие добро познавање од Visual C++, не го потценувај тоа. ;) Ако си по програмирање, ќе ти се допадне предметот.
--- надополнето: 21 јануари 2012 во 21:58 ---
ФИНКИ од моја гледна точка:

Навистина тежок факултет...со scientific математика и тешко програмирање...но доколку се седне да се учи и не е така тежок....

Јавно истакнувам дека сум глупав што не се замарав на колоквиуми, и сега морам да се замарам со испити и 500 глупости....
Ама тоа е тоа си го барав...кога сакав да си излагам надвор додека другите учеа...така и ми треба.... :D

Не е само до тебе да знаеш. Покрај факултетов и ја почнав да се сомневам во моите способности и да мислам дека сум глуп, ама не е така. ;) Факултетот е глуп. :) Све може да се научи и се учи кога се учи. Ама од друга страна тука се асистентите и професорите кои едвај чекаат и на најситна грешка да ти одземат поени и да те паднат на испит. Тоа не е фер од нивна страна, ама ете имаат одлична можност за лечење на своите фрустрации што цела младост или живот ги дале на учење. :) Затоа, учење до степен на перфекционизам и никој ништо нема да ви може. А дека е тежок факултет, е тежок. Реален просек за дипломирање на Computer Science смеровите во глобала е 5 години. Ретко кој за 4 год. успева све да положи, барем еден дополнителен семестар ако не и уште една цела година во најмала рака ќе требаат за дипломирање. Еве ја од септември ја почнувам мојата 5-та година на електро и сметам дека не е воопшто страшно со оглед на тоа за каков факс станува збор. Крајот ќе се види кога и да е. :LOL:
 
Некој од ИНФО втора/трета год. ако ги има предаванјата и ауд. вежби за "Објектно ориентирано програмирање" може да ми ги прати ? :)
 
Не е само до тебе да знаеш. Покрај факултетов и ја почнав да се сомневам во моите способности и да мислам дека сум глуп, ама не е така. ;) Факултетот е глуп. :) Све може да се научи и се учи кога се учи. Ама од друга страна тука се асистентите и професорите кои едвај чекаат и на најситна грешка да ти одземат поени и да те паднат на испит. Тоа не е фер од нивна страна, ама ете имаат одлична можност за лечење на своите фрустрации што цела младост или живот ги дале на учење. :) Затоа, учење до степен на перфекционизам и никој ништо нема да ви може. А дека е тежок факултет, е тежок. Реален просек за дипломирање на Computer Science смеровите во глобала е 5 години. Ретко кој за 4 год. успева све да положи, барем еден дополнителен семестар ако не и уште една цела година во најмала рака ќе требаат за дипломирање. Еве ја од септември ја почнувам мојата 5-та година на електро и сметам дека не е воопшто страшно со оглед на тоа за каков факс станува збор. Крајот ќе се види кога и да е. :LOL:

5 години за дипломирање биле потребни кога факултетот траел 5 години. Сега кога трае 4 односно 3, има добра бројка студенти што дипломираат за 4 односно 3.

А тоа дека си лечат фрустраци... Неможам баш да се согласам. Муабетов ми е исти како во средно, професорот ме мрази, не сака 5ка да ми стави...
 
Zdravo,,, imam odbrano proekt po informatika za Adobe Photoshop CS4,,, ako imate nekoi materijali pratete mi,, ili od nekoja kniga ako imate slikajte ili skenirajte.. Fala mnogu odnapred :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom