Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Даваат во студентска уверение за положени испити и потврда за редовен или мора во бараки?
Мислам дека во бараки полесно ќе завршиш работа. Уписи има и не би ти се исплатело да чекаш редици на студентска.
 
^ Јас би рекла обратно. Минатата недела трипати ме врати тој во бараки. Трипати од почеток чекав ред и секојпат ми бараше индекс и дали стварно ми е упишан семестарот, да не сум лажела. После саат време конечно ми даде потврда, на сите им наоѓаше мани каде згрешиле. На некои од инат им кажуваше да дошле наредниот ден, за казна пошто згрешиле нешто. Аргумент му беше: До 12 саат спиете, па доаѓате за потврди. Порано ќе си дојдете. Мене ми рече да не се брукам, зошто сум ја пишала општината кај што живеам, не било потребно, само Северна Македонија да пишам. Буквално како ќе го прифатат, така. Една го прашува до кога ќе работите? Овој и вика не ти кажувам, нема 20 пати да доаѓаш.
Смрт ми е кога треба таму да чекам. Поарно на студентски.
 
Директно ти кажува што мисли, не е како другиве да премолчи. Го поштувам тоа. Но типот е легенда, вчера ечеше диско музика од неговата просторија [emoji23]
Многу ми е позитивен

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Ќе си пробам среќа на студентски, не ми се иде и мене кај него, баш заради таквоте случки опишани погоре.
 
^^ Сѐ тоа во ред, само мене не ме интересира што мисли. Сум отишла за да ми заврши работа од 2 минути и очекувам да ја заврши во тие 2 минути. А не да ме мота со саати. Откако една колешка си отиде, пред сите кажа: Оваа и вчера беше, сигурно ми се пушта.
Па не личи. Има колешки уште 18 можда немаат, или напуниле како и да е, а он човек у години и ќе збори му се пуштале зошто иделе кај него. Невкусни му се шалите.
 
Дали кај Гушев е потребно присуството? (Мрежи)
 
Дечки ај помош некој професор за приватни часови за АЛГОРИТМИ И ПОДАТОЧНИ СТУКТУРИ И ДМ(колку и да бубам решавам пак не иде :() ?
 
Ги има у групата по КМ.
Барав ама не можев да најдам, ај ако сакаш прати ми ја.
Иако мислам дека нема да бидат исти пошо наводно поразличен е предметот годинава (top-down approach)
 
Дечки ај помош некој професор за приватни часови за АЛГОРИТМИ И ПОДАТОЧНИ СТУКТУРИ И ДМ(колку и да бубам решавам пак не иде :() ?
Ако мислиш дека за 3 дена ќе научиш, се лажеш. Земи ревашај и дебагирај готови решенија :)
 
Ако мислиш дека за 3 дена ќе научиш, се лажеш. Земи ревашај и дебагирај готови решенија :)
Немам никакво познавање од Јава, тоа ме плаши, знам дека може и во С да се решава но работава е Јава да научиме нелии ? Инаку фала ти уште сега ќе си почнам
 
Немам никакво познавање од Јава, тоа ме плаши, знам дека може и во С да се решава но работава е Јава да научиме нелии ? Инаку фала ти уште сега ќе си почнам
Ако ти се верува, ни јас немав познавање, но ете научив. Само напред! Јава ми остана омилен јазик после тој предмет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom