Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа што е очигледно дека не те интересира генерално "програмирање", туку те интересира кешот, запиши некој brainster/seavus курс и вработи се/ барај пракса уште одма. Не ја гледам тенденцијата да се запишуваат студенти на вакви факултети а не знаат што е парен број.

Ако си дрво "математика" и не сакаш да трошиш време запиши курс и вработи се, се' останато што ќе ти кажат фрли го во вода.

За тоа дали ќе биде иста ситуацијата сега и за пет години, никој не може да ти го каже, но ќе бидеш во многу подобра ситуација со 1 години искуство од со 4 години факултет.
 
Дали ФИНКИ е толку просперитетен како што го фалат со работа по дипломирање и висока плата? Или додека завршиме за 4-5 год. ќе биде лоша ситуација за барање работа?

Студентите од ФИНКИ прво наоѓаат работа, па после дипломираат :D
 
Студентите од ФИНКИ прво наоѓаат работа, па после дипломираат :D
Хахахах, апсолутно точно. Аполвент сум, 80-90% од тие што ги знам работат или се на платена прака, никој нема дипломирано сеуште, првите ќе дипломираат ноември - декември...
 
Со оглед на тоа што е очигледно дека не те интересира генерално "програмирање", туку те интересира кешот, запиши некој brainster/seavus курс и вработи се/ барај пракса уште одма. Не ја гледам тенденцијата да се запишуваат студенти на вакви факултети а не знаат што е парен број.

Ако си дрво "математика" и не сакаш да трошиш време запиши курс и вработи се, се' останато што ќе ти кажат фрли го во вода.

За тоа дали ќе биде иста ситуацијата сега и за пет години, никој не може да ти го каже, но ќе бидеш во многу подобра ситуација со 1 години искуство од со 4 години факултет.
Хаха запипана сум више, сеа ќе бидам втора. Положени ми се 6/10 до сеа. Не ,не ми се положени Дм али знам што е парен број дури и функција ако сакаш.Има некои од нас спијуваат пасија и финансии хехе.
Слушнав некои муабети од страна дека финки е пропала инвестиција за во иднина и затоа пишав.

Хахахах, апсолутно точно. Аполвент сум, 80-90% од тие што ги знам работат или се на платена прака, никој нема дипломирано сеуште, првите ќе дипломираат ноември - декември...
Е ова ме интересираше. Инаку кога е најубаво да се почне со пракса и како? Нешто подетално за тоа?
 
Биле во право. Зошто финки не е пропадната инвестиција само за 1% од студентите што планираат да продолжат надвор или на мастер студии. Алгоритми никогаш нема да ти требаат во просечниве македонски дно дна фирми а за 6/10 предмети во прва можам да ти кажам дека вовед во информатика/ вовед во интернет/ професионални вештини/ бизнис/ вовед во веб дизајн не треба воопшто да ги сметаш за предмети.

Пракса барај уште одма, зошто подобро влечење предмети до 30та година додека си вработена од што влечкање предмети без никаква пракса/работа.

Кога ќе видиш луѓе со напукано 3 години искуство на работа што земаат по 3x од твојата плата (која ништо чудно да биде 0 денари неколку месеци) кои се без факултет ќе паднеш во опасна депресија за времето кое што си го изгубила.

И да, меуров на (ако воопшто можеш да ги наречеш програмери) во Македонија ќе пукне кај и да е, со оглед на тоа што секој втор млад човек е "програмер" :0)
 
Хм, добро. Ај барем не завршуваат сите 800 души што ќе се запишат, ниту 1/3 добро е што се.
Инаку може да ни го кажеш твоето искуство? Заврши? Работиш? До кај си?
 
Завршив со ~8.5 просек и работам.

1/3 нека завршуваат, другата 2/3 ќе ти го земат местото со пракса и ќе имаат 2+ години искуство пред тебе. Повеќето се откажуваат зошто не им се учи а не сакаат да се откажат од добрата заработувачка па бараат пракси се додека не најдат работа и изградат искуство, а кога го имаш искуството верувај дека на никого нема да го интересира тоа што не можеш да најдеш shortest path со djikstra. Посебно не за 99% од работата во мкд IT светов (.net апликации и javascript закрпотини со неmaintainable ужасен шпагети код од кој ти доаѓа нагон за самоубиство)
 
Хаха ех тој Дикстра :D:D
Значи најдобро нешто што може да се направи сега е пракса? Океееј .
Каде да барам? Дали може да се најде вопшто? Дали има заинтересирани фирми?
 
Зошто воопшто би го поставувал некој ова прашање на форум? Постојат џоб ферови и пракси на страната на финки се објавуваат посебно летен период. Само најдобро ти е да најдеш преку познаници од факултет да те бутнат во фирма. (нормално, треба ментална спрема за црнчење без пари или некој минималец, додека не го научиш "занаетот", а тоа според дебели CTO-а што ќе те искористуваат до максимум може да биде и цела година)
 
ИТ фирми се отвараат секојдневно, па по мое видување отворените работни места ќе се зголемуваат се повеќе барем во блиска иднина. Од друга страна, кога ќе размислам со какво практично знаење располагам благодарение на ФИНКИ, да можев да го вратам времето ќе си следев курсеви (Удеми, наши..) и немаше да губам време да решавам "среќни и благи броеви" и какви уште не...
 
Може ли некој да ми објасни како се врши поделбата на студентите во групи? Дали се делат од секоја студиска програма посебно илиод целиот факултет? Колку студенти има една група? Дали поделбата се врши по азбучен ред?
 
Најпрвин се делат сите примени студенти според смеровите, а во групата по смер се подредуваат по азбучен ред.
 
Сега мислам дека се изедначија КНИ И ПЕТ по тежина (не ги памтам новите имиња на смерови), со тоа што на ПЕТ воведоа веројатност и статистика, а од математиките постои само Дискретна (без 1 и 2). На КНИ ја исфрлија ДМ, а воведоа само Калкулус (исто така без 1 и 2). Како што ви пишуваат, погледнете какви предмети се нудат на смеровите, па одлучете што да учите. Ако располагате со помалце поени, а приоритет ви е државна квота, тогаш одбегнувајте го КНИ.

п.с. Разгледајте кои имиња на смерови се најблиско до имињата Компјутерски Науки и Инженерство - Примена на Е-Технологии
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom