Кои способности треба да ги имаш за да започнеш со учење ЕЕС ? со различно средно образование ? Фала многу![]()
Способностите ќе ги здобиеш кога ке завршиш прв семестар и кога ќе навлезеш во шемата на факултетот. Без разлика на кој смер ќе идес, прва година предметите се исти за сите. Јас што се вика сијалица не знам да сменам, а отидов на смер со пуно електроника.. ама не се секирај за предспособности, ке те наштелуваат на факултетов како што треба, тип топ, од основи почнуваш турбо, па се до advanced како што си е ред.
Јас сум сега прва година на феит, на смер КХИЕ. Учев во Орце, математички смер..прв семестар ми е истата математика од 4та средно изборна, така да со математика ако си од гимназија не би требало да имаш проблем. Фората е за физика и електротехника. И да имаш и да немаш предзнаења, предметиве уште од прв час почнуваат со практична примена на изводи и интеграли, нешто што во Математика 1 ќе се учи после два три месеци од старт на учебна. Иако во 4та имав учено изводи и интеграли, практично како се користат, зошто се како се, појма немав. Така да, ако сакаш да имаш пријатен старт на факс, ако си од гимназија, доволно ке ти е на почеток на година да прошараш низ гугл, youtube итн. што стварно се случува со изводите и интегралите што си ги учела во средно. Ако си стручно, топло ти препорачувам некоја недела пред стартот, да си најмиш професор кој ке те потспреми за изводи и интеграли. И да знаеш, не чекај да помине дури и недела за да учиш, почни си секој ден уште од прв ден, 3 саати дневно ќе завршат работа и електро ќе го пројдеш без проблем, а башка ќе имаш време за излагање

