Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Што е попаметно да упишам во трет семестар:
- Формални јазици
- Објектно ориентирани системи или
- Теорија на системи?
Ништо од ова не ми е познато од порано (може само ООС ако е некое продолжување на ООП) па врска немам кое ќе ми биде од најголема корист за понатаму.

ООС одбери, што имам правено муабет со постари го препорачуваат предметов затоа што бил многу корисен.
 
Оос дефинитивно , најлесен предмет во втора година :) не мораш книга да фатиш за да положиш , само оди на предавања и вежби . Да се добие висока оценка знае да биде малце тешко , па ако бркаш оценки не го земај :)
 
и шо кажа ти сеа пријателе?? како е најлесен според тебе, а за висока оценка е тежок.. ај договори се те молам, па кажи ни :) може?? ајде..

инаку, има некој што ќе остане на електро од тие што се на ИКИ и ИНФО?? :)
 
Ако може да ми одговорат постарите колеги. Во 3 семестар на ТК кој е подобар од изборните предмети и дали се исплати да се поднесе молба за запишување на повеќе кредити со цел да се слушаат и двата. Благодарам
 
Верка, Маргарита и Христина се професорки по физика ... до сега имало по 5 паралелки бидејќи многу студенти се запишуваа и сите три професорки имаа по една или две паралелки, но оваа година очигледно ќе има помалце паралелки така да не се знае ... а Лихнида е асистент и многу е добра, една од најдобрите на факултетот ... ја не и одев на часови, мислам дека се заебав ама на испит ако ја прашаш нешто гледа многу убаво да ти објасни за да сфатиш и да напишеш.

Јас искрено се разочарав од Лихнида уште прв семестар на вежби, кога со Smexy седевме и ја пратиме и типкава решава задача со гравитација нагоре. И јас се обидувам да ја поправам и ми вели „Ах, па така почнавме, така ќе продолжиме“. Ако Лихнида разбира 5% од Физика јас сум торта и тоа со шлаг и јаготка.
 
Ако може да ми одговорат постарите колеги. Во 3 семестар на ТК кој е подобар од изборните предмети и дали се исплати да се поднесе молба за запишување на повеќе кредити со цел да се слушаат и двата. Благодарам

ТК софтвер е доста интересен предмет, тој одбери го. Интернет програмирање е уствари JAVA па не е лошо и тој да го ислушаш, али тоа можеш и следната година да си го одбереш, така да не се мачи со многу предмети, за да не заостануваш на задолжителните.
 
Јас искрено се разочарав од Лихнида уште прв семестар на вежби, кога со Smexy седевме и ја пратиме и типкава решава задача со гравитација нагоре. И јас се обидувам да ја поправам и ми вели „Ах, па така почнавме, така ќе продолжиме“. Ако Лихнида разбира 5% од Физика јас сум торта и тоа со шлаг и јаготка.

А Ласко во физика 2 си додаваше единици кај што ќе запне за да му искочи по формула задачата. А на лабораториски бара до 20та децимала да ти е точно, голем замарант.
 
А Ласко во физика 2 си додаваше единици кај што ќе запне за да му искочи по формула задачата. А на лабораториски бара до 20та децимала да ти е точно, голем замарант.
И те враќа по 3 пати зашо графикот не ти е точен :pos:
 
А Ласко во физика 2 си додаваше единици кај што ќе запне за да му искочи по формула задачата. А на лабораториски бара до 20та децимала да ти е точно, голем замарант.

Ама затоа тука беше Тања и онаа вежбата по Физика 1 за брзина на звукот (за нас машките, да си подзаплакнеме очите малку де:))
Моментот со Ласко кај нас беше кога на лабораториски по Физика 1, првиот час ни објаснува како да се црта график и типов вика „...и со уметничка рака ќе повлечите линија“. Ја и смекси цела година се смеевме за тоа. Дури потклекна за да објасни како треба. Инаку Ласко што си го бива, го бива. Ама за прегледување, подобро да не ти го прегледува испитот тој. Ситничар до даска.
 
Какво предмет е Веб дизајн? Некој да каже или нека предложи некој друг изборен за кој не треба многу учење.
 
Какво предмет е Веб дизајн? Некој да каже или нека предложи некој друг изборен за кој не треба многу учење.

Интересен предмет е. Чорбев го предаваше минатата година, во комбинација со Михајлов. Бобан е асистент. Иван + Боби, позакон комбинација - здравје. :)

Се учи HTML (не многу), CSS (најмногу), Flash (малку) и Photoshop (ептен, ептен малк). Првиот колоквиум се полага на хартија, другиот на компјутер. Барем така беше минатата година, пошто го имаа запишано премногу луѓе.
 
А Ласко во физика 2 си додаваше единици кај што ќе запне за да му искочи по формула задачата. А на лабораториски бара до 20та децимала да ти е точно, голем замарант.
Физиките се најлошо концепирани предмети од прва година и се‘ тоа што е пишано поназад, ама за Ласко да кажеш дека не го бива не би требало. Единствен асистент е што на секое прашање одговара, ако не знае тогаш кажува дека не знае а не се вади со некои финти и плус можеш комотно без да посетуваш предавања и без да имаш скрипта да одиш на вежби и се‘ да ти е јасно. Освен фотометрија, тоа на никој не му е јасно :)
 
Не, не реков дека не го бива, напротив, алал да му е, ама си додава работи кај што ќе му треба кога ќе заглави што не се логични ни најмалце и после дома чуди се како е решена задачата, баш ради финтите. А дека ситничари, ситничари :Р
 
Потврдава од бибилиотека што треба за упис на зимски сем. од библиотека ли треба да се земе или од кај тетките?
 
Мора ли да се оди на 15ти во Борис?
И кога ќе не известат кое време ќе се оди??
Треба да се регистрирам на http://e-tech.feit.ukim.edu.mk за да бидам во тек со соопштенијата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom