Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира колку студенти примаа минатата година на ИКИ во државна квота, 120 или помалку?

И заборавив уште нешто.. :)

Ако ставам ТК како втор избор, имам шанси за државна во ТК ако ме одбијат на ИКИ?
 
ќе го поставам прашањето тука
дали има некој запишан во битола на технички факултет-информатика???
не најдов тема за факултетот и со помислив да пишам овде дека ми требаат неколку информации
:salut:
 
на ИКИ некаде со 95 бодови ке се влезе ли луѓе? ТК значи сепак може ?
 
Ме интересира колкава била посетеноста минатата година и тие пред неа на ТК ???

Државна квота се исполнува дури по втор уписен рок. Ако имаш во предвид и дека на ТК примаат 80 души во државна квота - би требало да ти е јасно колкава е (не)посетеноста.

Учебна година 2008/2009 државната квота за ТК се исполни цела уште на прв уписен рок
 
Ако ставам ТК како втор избор, имам шанси за државна во ТК ако ме одбијат на ИКИ?

Тешко. Предност имаат тие што го избрале како прв избор. Тие од втор ги ставаат под нив, безразлика колку поени имаат.

на ИКИ некаде со 95 бодови ке се влезе ли луѓе? ТК значи сепак може ?

Најверојатно и во државна квота ќе влезеш.

П.С. Зашто на инфо годинава нема државна квота?
 
Тешко. Предност имаат тие што го избрале како прв избор. Тие од втор ги ставаат под нив, безразлика колку поени имаат.

Најверојатно и во државна квота ќе влезеш.

П.С. Зашто на инфо годинава нема државна квота?

Поради слабиот интерес покажан минатата година! :icon_lol:
 
Тешко. Предност имаат тие што го избрале како прв избор. Тие од втор ги ставаат под нив, безразлика колку поени имаат.

Колку што пресметав имам 90,7456 поени, по прочитаното не верувам дека ќе ме примат во државна на ИКИ.. ;)
Математика на пример подобар сум од 77% од матурантите што полагале, а ги има само 3000. Македонски подобар сум од 76%.
Не знам дали имам шанси, можеби е подобро да се пријавам на ТК?
 
Da prasam samo, dali moze da vlezam na iki so 82-83 boda ????
Оваа год има само 3000 што полагале математика а на ики примаат 200 за разлика од лани што примаа 165...
 
Дечки, еве ви го решението за прием на студенти од минатата година, колку да имате претстава што, како.
 
Поради слабиот интерес покажан минатата година! :icon_lol:

Напиши дека е иронично кажано:) Да не те разберат погрешноЧ)

Колку што пресметав имам 90,7456 поени, по прочитаното не верувам дека ќе ме примат во државна на ИКИ.. ;)
Математика на пример подобар сум од 77% од матурантите што полагале, а ги има само 3000. Македонски подобар сум од 76%.
Не знам дали имам шанси, можеби е подобро да се пријавам на ТК?

За 200 евра да идеш на смер што нема да ти прави мерак и што би го учел со сила? Цел живот ќе се каеш, а мислам дека не се толку проблем парите. 100 евра во септември, 100 евра во февруари мислам се плаќаа.

Дечки, еве ви го решението за прием на студенти од минатата година, колку да имате претстава што, како.

Незнам колку ќе им значи. Нас ништо не ни значеше од претходната година. Колку што разбрав оваа година уште позаебана матура им дале математика...

Објавија некаде глобални резултати? Кое школо каков просек има, колку 5ки има математика, колку 4ки... ?
 
За 200 евра да идеш на смер што нема да ти прави мерак и што би го учел со сила? Цел живот ќе се каеш, а мислам дека не се толку проблем парите. 100 евра во септември, 100 евра во февруари мислам се плаќаа.
Ќе ставам како прв избор ИКИ, па што сака нека биде. :)

Незнам колку ќе им значи. Нас ништо не ни значеше од претходната година. Колку што разбрав оваа година уште позаебана матура им дале математика...
Па не беше лесна, потешко беше од 2009, барем јас мислам така..

Објавија некаде глобални резултати? Кое школо каков просек има, колку 5ки има математика, колку 4ки... ?

Веројатно ке објават после конечните резултати, ова уште не се “официјални“.. :)
 
а ТК толку ли е лош смерот.. може ли некој да каже нешто повеќе??

и едно прашање.. ако не ме примат на ИКИ а како втор ми е ТК како иде процедурата прво ќе ги примат тие што го пишале како прв смер без разлика ако имам повеќе поени од некои ??
 
ТК е прекрасен смер, ако телекомуникацијата те интересира. За тежок дали е, ќе треба да прашаш некој од постариве колеги.
Што се однесува до второто прашање; токму така, ако ти го напишеш ТК како втора опција, и да имаш повеќе поени од тие што го пишале тој предмет како прва опција, прво нив ќе ги примат, па потоа ако остане место за тебе, и тебе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom