FA & Capital One Cup

  • Креатор на темата Креатор на темата Makedonec_7
  • Време на започнување Време на започнување
Габиадини е играчиште. Можеби не е играч за голем тим(а можеби и е :D) но поштено си гази жабарот. Ме потсеќа на Мичу.

Мичу не губеше финaлињa

Зaедничкo им е сaмo тoa штo ни двaјцaтa не успеaa вo Нaпoли :P
 
Да се најдам во муабет али ајде да образложам тоа од горе:

Чист гол на Саутемптон = офсајд
Чист втор жут на Лингард = црвен
Среќа у гз = стативата и двете одлуки од горе.
титула = ибра

Маринер го изгуби компасот уште во прво полувреме... Чист гол им поништи на Саутемптон, ама му прогледа и на Ромеу низ прсти за чист втор жолт, кој беше многу повеќе за црвен отколку она што го збориш заа Лингард. Глупердата имаше среќа што не падна играчот на Саутемптон, ке го ставеше судијата на дилема да го исклучи.

Јунајтед беше поблиску до пораз, но тоа е тоа кога имаш фаца како Ибрахимовиќ на терен. Човекот е машина.
 
Јок, не е среќа туку Ибра е човекот. Само ајде, како велевте повеќето, стар бил, се заебале Манчестер што го зеле, да вредел ќе останел во ПСЖ не знам што. Нема да кошта на пример да го спомнете моментот Ромеу кога го удри со лакт по фаца Ерера и не доби втор жолт ама тоа се тие моменти кога сецнува стримот :icon_mrgr:

Секако, црвен требаше да јаде Ромеу исто.
Ама тоа е после поништениот гол и црвениот на Лингард.
Неможеш да знаеш каков ќе беше текот на натпреварот.

Јунајтед среќно дојде до победата со помош на Ибра и Маринер.
 
па не, Мики Маус беше, и Мики Маус остана...

Логично!
Овој куп служи за експериментирање на тренерите со 2-3 состав.Ретко кој од првата 4ка оди до крај,за тоа говори наградата на победникот од НЕВЕРОЈАТНИ 100 000 фунти,али на Мурџо му беше битен сега како победник избори пласман во ЛигаЕвропа следната сезона. :pos:Разлика од овој Ципирипи Куп и ФаКупот е преголема,екипите што се пласираат во 5тото коло во ФаКуп добиваат 90 000 фунти, а победникот 1 800 000.
 
Океј е, пред 2 години Челзи несакајќи го освои купов.

И што сакаш да кажеш со парите не ми е јасно? Пари бројат малите екипи, Јунајтед додека го пишуваше ти постот направи повеќе од 100к фунти, така да не се секирај многу околу тоа.
 
Абе сега да играш Куп за 100к не вреди,6 натпревари се тоа.
Барем не го играат тимовите со поголеми амбиции,а сега што Мурџо ја оплеска лигава ќе се вади со трофеи од Комјунити Шилд и ЕФЛ Куп.
 
Куп не се игра за пари него за самодоверба, поготово вакви небитни. И ЛШ да освоиш ти покрива 3-4 годишни плати.
 
Абе сега да играш Куп за 100к не вреди,6 натпревари се тоа.
Барем не го играат тимовите со поголеми амбиции,а сега што Мурџо ја оплеска лигава ќе се вади со трофеи од Комјунити Шилд и ЕФЛ Куп.

Оти Челзи нели ги има трофеј бројките на Реал и Манчестер заедно па не го игра купов со амбиции. Никогаш.

Секако, црвен требаше да јаде Ромеу исто.
Ама тоа е после поништениот гол и црвениот на Лингард.
Неможеш да знаеш каков ќе беше текот на натпреварот.

Јунајтед среќно дојде до победата со помош на Ибра и Маринер.

Случката со Ромеу беше на 2-2. Резултатот и играта беа рестартирани, исто како 0-0 да беше. Ако она на Ромеу врз Ерера не беше црвен, зошто тогаш фаулот врз Лингард да е црвен?
Гледам и стативата на Саутемптон ја спомнуваш, па Манчестер мислам 25 пати сезонава има рокнато статива, ако стативите ни се некаков фактор да сметаме среќа, ќе требаше да не префрлат во ЛШ уште на полусезона.

ДеЌки, Манчестер месецов изигра 7 меча на 4 фронта, на 6 од нив победи, еден заврши 0-0. Сите тимови добиваат судиска помош на крај у краева, не е Манчестер крив што очигледно одредени тимови не знаат да ја искористат па сега пречи тоа...
 
Последно уредено:
Логично!
Овој куп служи за експериментирање на тренерите со 2-3 состав.Ретко кој од првата 4ка оди до крај,за тоа говори наградата на победникот од НЕВЕРОЈАТНИ 100 000 фунти,али на Мурџо му беше битен сега како победник избори пласман во ЛигаЕвропа следната сезона. :pos:Разлика од овој Ципирипи Куп и ФаКупот е преголема,екипите што се пласираат во 5тото коло во ФаКуп добиваат 90 000 фунти, а победникот 1 800 000.

Aко има нешто добро од мечов, тоа е што нашиве учат малце од малце како е да играш во финале, зошто 80% од играчите во тимов немаат такво искуство, дали имаат еден меч само изиграно.
 
Случката со Ромеу беше на 2-2. Резултатот и играта беа рестартирани, исто како 0-0 да беше. Ако она на Ромеу врз Ерера не беше црвен, зошто тогаш фаулот врз Лингард да е црвен?
Гледам и стативата на Саутемптон ја спомнуваш, па Манчестер мислам 25 пати сезонава има рокнато статива, ако стативите ни се некаков фактор да сметаме среќа, ќе требаше да не префрлат во ЛШ уште на полусезона.

ДеЌки, Манчестер месецов изигра 7 меча на 4 фронта, на 6 од нив победи, еден заврши 0-0. Сите тимови добиваат судиска помош на крај у краева, не е Манчестер крив што очигледно одредени тимови не знаат да ја искористат па сега пречи тоа...

Ромеу требаше да добие црвен, каде виде дека реков дека не е црвен. Само што требаше да добие црвен при резултат 2:2 во второ полувреме.
Пред тој црвен Саутемптон оштетен два пати, со точни судиски одлуки резултатот во тој период немаше да биде 2:2 и немаше да биде 11 вс 11

Го дискутираме натпреваров, не праиме резиме на цела сезона. Стативите што се ги погодиле 25 пати сезонава немаат врска со финалево.
А финалево сумирано е: имавте среќа, бевте голем дел од натпреврот послаб противник, имавте судиска помош, тепавте ради Ибра. Не е толку тешко да се увиди и признае тоа.[DOUBLEPOST=1488184747][/DOUBLEPOST]
Aко има нешто добро од мечов, тоа е што нашиве учат малце од малце како е да играш во финале, зошто 80% од играчите во тимов немаат такво искуство, дали имаат еден меч само изиграно.

И Погба треба да научи пошто беше дрво :icon_lol:
 
Ромеу требаше да добие црвен, каде виде дека реков дека не е црвен. Само што требаше да добие црвен при резултат 2:2 во второ полувреме.
Пред тој црвен Саутемптон оштетен два пати, со точни судиски одлуки резултатот во тој период немаше да биде 2:2 и немаше да биде 11 вс 11

Го дискутираме натпреваров, не праиме резиме на цела сезона. Стативите што се ги погодиле 25 пати сезонава немаат врска со финалево.
А финалево сумирано е: имавте среќа, бевте голем дел од натпреврот послаб противник, имавте судиска помош, тепавте ради Ибра. Не е толку тешко да се увиди и признае тоа.[DOUBLEPOST=1488184747][/DOUBLEPOST]

И Погба треба да научи пошто беше дрво :icon_lol:
Аааама чекај сега, како може за финалево кога збориме и е во полза за Сотон муабетот да биде имаа среќа Манчестер, а кога ние мававме стативи муабетот да е, кој ви е крив, толку знаат? :) епа и Дејвис толку знае, кој му е крив, зашто муабетот со среќа се вади сега :toe: и исто така, тоа на Лингард било прво, гејм чејнџер било, знаеш на колку утакмици ние имавме поништени валидни гејм чејнџер голови и немавме гејм чејнџер пенали ама успевавме да победиме, поготово декември месец? :)

Ок, имаа чист гол поништен Сотон, не ми е мене тешко да признаам. За тоа на Лингард пишав во стил дека им искомпензира Маринер со Ромеу, не сме го виделе ова ни прв ни последен пат сезонава. Дури и среќни беа со Ромеу зошто Фелаини за такви лакти во лице добивал и директен црвен + суспензија, не па втор жолт. Трето, Саутемптон на резултат 2-2 промашија 3-4 чисти зицери и беа посвежи од Манчестер каде каде второ полувреме, никој не им е крив што не освоија, ни Маринер ни Ибра. А Ибра за вакви потези зема 200,000 неделно, дел од екипата е, пристигна со помпа зад негово име, така да очекувани се решавачки голови од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom