Има болни луѓе... Пушти го тука да слави да се радува, ионака утре ќе имаш тренинг 8 сати ќе му кажиш се што направил лошо.
Малку сунгер боб мислење, од една страна добро е да бараш перфекција, од друга страна се заборава да се ужива за се она што си се борел цело време. И не само во спортот туку и во обичните компании, болеста да се биде перфектен го победува и ракот и депресијата како водечка на денешницата. Ретко кога ќе чуеш за нешто дека било добро сработено, постојано се бара некое влакно, нешто што може да се подобри, се помалку гледаш радост и забава. А од друга страна ако не правиш така нема тројни титули, нема производство на Тесла автомобили и ајфони во рекордни рокови и кој знае како да кажи човек.