EXIT Fest 08

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај сеа да пишам еден километарски пост :)
Кога стигнавме во Нови Сад јас и другарка ми АлекСС легнавме на тревата пред правниот факултет бидејќи 1600 динари за камп ни се видоа како преМНОГУ пари.
По некое време дојдоа двајца линуксаши и девојката на еден од нив и тие кажаа дека на шатор неколку метри од нивниот паднала гранка и ништо не се случило, мртва штама, и заминале да спијат надвор од камп затоа што им било тесно во шатор. Алексс на шега тропна дека по некое време ќе излезе крвава рака надвор од шаторот ко у хорор филм.
После неколку часови другар од Ниш сместен во некој стан спомна дека на вести имало нешто за несреќата и дека има и мртви. АлекСС беше запрепастена и престана да се шегува со црн хумор.
Денот го поминафме или пред факултети или по летните тераси на кафичите и рестораните и се изнадававме еден куп пари, бидејќи цените беа ко кај нас на Кеј. Ама сепак еднаш годишно се оди на Ексит, а и мене ми беше прв пат, „дефлорација“ :pos:
Јас наредниот ден видов дека цела ноќ сум имал трн во раката.

Карта купивме пред мостот од тапкарош за 2500 динари, и тргнавме нагоре кон тврдината. На влез имаше страшно обезбедување и беа темелни во претрагата.
Прв стејџ што го видоф беше Ексит Лав Мјузик, или како што некои од локалните го викаат Лузер Стејџ на кој сакав да ги видам Рингишпил. За жал им ја видоф само последната песна од настапот. Во меѓувреме се видов и со Офчар, ама не останав да го гледам настапот на Фајтинг Уиндмилс. Отидов на обиколка на стејџовите за на крај да се задржам на Меин Стејџ каде што привршуваа Д Хајвс. Борррринг Бритсссс....
Е после нив Министрии, ааа ѕверови, одличен настап.
После нив ги гледав малку Пекиншка Патка. Стари панкеришча, први во Источна Европа :) За да не ме фати гужвата по повод Секс Пистолс (издишани петарди) киднав првин на денс арена па отидоф на конверс чил аут стејџ малку да земам здив и малку пиво, и кога земав здив летнав на Реге стејџ каде што имаше мноооогу позитивна атмосфера и добри луѓе и имаше згодна британка што убао играше и Алексс ме тераше да играм со неа, ама јас не го напраиф тоа :)
Кога почна да наближува 2 саат тргнавме кон меин стејџ каде што сеуште се трекаа пиштолите од земја а народот масовно го напушташе стејџот.
И дојде Shy FX човекот поради кој и оригинално тргнавме кон Нови Сад иако јас сакав да видам многу настани кои се случија на деновите претходно, како на пример: последниот настап на Бед Копи (сега веќе расформирани), Џентлмен, Ману Чао (настап кој сите го испофалија), Лорен Гарние, Кирил Џајковски (само што ми стигна порака на спејс од еден другар дека неговито настап бил најдобар на Ексит)... и ќе ми текне уште некое име попат. Енивејз да се вратам на
Shy FX.
Се намали гужвата напред и првите борбени редови од десна страна ги зафатија членовите на Macedonian Junglist Movement со маици вибрирам позитивно, свирчиња и свирки за на стадион. И дојде Shy FX, заедно со еден бел MC на кој не му го запамтив името. На почетокот ме нервираше тоа што на помалку до минута менуваше траки, но кога виде дека најдобро реагира народот, претежно британци и македонци и срби профолжи со потежок звук, и за 3 саата не искрши на подиум. Наутро наместо сонце од исток се појавија темни облаци, или можеби од запад, ама не можевме да ги видиме бидејќи уште беше мрак, и почна да роси.
После него настапи Dilinja ама бидејќи Алексс имаше обврски во Белград кои мораше рано да ги заврши заминавме порано од Ексит.

Потоа следеше напорен пат до Белград, а попладне и поспан пат кон Скопје.

Се на се, многу убаво си поминав, и се надевам дека догодина нема да ми се случуваат заеби како оваа година па во последен момент да тргнувам за Нови Сад. Единствен бед момент ми е тоа што не си земав лименки од Гуарана Блек и Батери (нов енергетстки напиток, кој би сакал наскоро да го видам во Македонија), со кои мојата колекција лименки од енергетски напитоци ќе беше побогата.
За утеха еве едно сличе :)
DSC01974.jpg
 
летнав на Реге стејџ каде што имаше мноооогу позитивна атмосфера и добри луѓе и имаше згодна британка што убао играше и Алексс ме тераше да играм со неа, ама јас не го напраиф тоа :)

Со шишкиците, црната? :) Добра цура стварно, ако за истата се збори

а btw бед копи беа стварно шит!
 
Бед Копи не се шит, и гледаф снимки на ЈуТјуб, многу емотивно простување со публиката. Малку шит од Ајс што на крај кажа дека од понеделник по трафики се продава неговиот нов албум, ал јебешга.
А типката, ах, зошто не ја ни сликафме, ептен беше онака фина, малечка, дражасна, мх мх мх

Додека уште сум онлајн, да го додадам ОГНОМЕТОТ!!!
Педерска работа што овојпат наместо на последниот го пуштале на првиот ден, па го гледам само на Тјуб.
 
По некое време дојдоа двајца линуксаши и девојката на еден од нив и тие кажаа дека на шатор неколку метри од нивниот паднала гранка и ништо не се случило, мртва штама, и заминале да спијат надвор од камп затоа што им било тесно во шатор.

Мене не ми беше јасно како никој ништо не знаеше за несреќата. Јас разбрав од моите дома кои ми се јавија преплашени (иако не бев у кампот,али за нив се е Егзит:) ) Ги прашував луѓето околку мене таму, никој ништо незнае, а смртен случај имаше


На влез имаше страшно обезбедување и беа темелни во претрагата.

Може дека сум женско што мислам дека нема веза ама мене 4 дена ни во џеб не ми бркнаа, ми требаше 2 сек да поминам покрај обезбедувањето


Ману Чао (настап кој сите го испофалија)

Зарем јас сум единствената на која не и се свиѓаше?

Лорен Гарние

Може јас премногу очекував од типот ама ме разочара, буквало ме заспа со настапот, неможев не еднаш да скокнам:pos:

Наутро наместо сонце од исток се појавија темни облаци, или можеби од запад, ама не можевме да ги видиме бидејќи уште беше мрак, и почна да роси.

Најубавиот момент:pipi: Јас тогаш бев на денс, не се сеќавам точно дали тогаш настапуваше Dubfire или Настич ама музиката беше лудило и скокав како луда, нели и дождецот даваше посебен филинг :)


Најубаво си поминав на Axwell и Tom Novy, и мора да го споменам моментот коа си заминуваше Axwell и кажа дека изгрејсонцето е многу убаво а по него Tom Novy почна да зворува на српски и цела публика викаше и скокаше, се наежив цела :)

Морам и овој муабетот со еден од обезбедувањето да го споменам. Се здржувме со еден фин малд дечко од обезбедувањето (поради тоа и сум качена таму горе, занаат тие што ја виделе сликата:) ) и околку нас кружат џоинти,се прават линии...и го питувам тој дечкото "Абе ги глеате вака сите, не правите ништо" и тој ми вика: Е шо да правиме ние, демек си знаат организатотирите, не случајно биле такви направени картите за влез :vozbud:....е ајде де
 
Ова за претресот, изгледа дека јас и другарка ми сме многу сумљиви фаци со ранци полни до врв (ко којзнае што сфе да носиме).
Џандарот на влез (повторувам, ЏАНДАР) фати паломата згужвана во страничен џеб да ми ја одмотува и распарчува мислејќи дека кријам нешто во неа.
А внатрешното обезбедување ако фати да спречува џоинти, линии и табли, догодина никој нема да отиде на ЕГЗИТ.
Инаку во врска со Ману Чао, изгледа во сосема различни филмови сме јас и тис. Според мене концертот на Ману Чао на Лизгалиште 2002 е нешто најдобро што се случило во Македонија во современата историја, ако не и воопшто. Според истомисленици концертот на Ексит бил сличен со скопскиот со единствена разлика што имало многу повеќе народ. Аи пократко траел, ама тоа е помалку битен елемент.

А за дождот, криво ми е што не останав на ДилиЊа (Dilinja) ама моравме да заминеме порано.
 
Ова за претресот, изгледа дека јас и другарка ми сме многу сумљиви фаци со ранци полни до врв (ко којзнае што сфе да носиме).
А внатрешното обезбедување ако фати да спречува џоинти, линии и табли, догодина никој нема да отиде на ЕГЗИТ.
:pos:

Добар муабет
Ама сепак мислам дека они си го прават сето тоа, бизнисот и слично, па јбг само од туборг не се прават пари :) Така да терај синко!
Мене никој не ме чепна ни претресе ни ништо, освен последниот ден кога еден џандар почна да ми чепка низ пуцвалот :pos:


Инаку во врска со Ману Чао, изгледа во сосема различни филмови сме јас и тис. Според мене концертот на Ману Чао на Лизгалиште 2002 е нешто најдобро што се случило во Македонија во современата историја, ако не и воопшто. Според истомисленици концертот на Ексит бил сличен со скопскиот со единствена разлика што имало многу повеќе народ. Аи пократко траел, ама тоа е помалку битен елемент.

А за дождот, криво ми е што не останав на ДилиЊа (Dilinja) ама моравме да заминеме порано.

Ја мислам дека беше подобро у секоја смисла и атмосфера, звук, народ, не траеше кратко зошто ја се убив од слушање песни и отидов на Pit Pheeley и фатив 4 траки, башка што и по пат јадев гужви и се и едно 20 минути плус, абе да немаш кај да се обратиш :pos:
И се вратив плус, таман коа завршија ја бев на 50 метра од меин чекајќи да почне Bambaataa оу јеах!!!


Ама моментот со дождот беше лом :)
Иако траеше многу кратко и беше само ситниш
Направи малце филмче
Баш на Dubfire и тоа :helou: :vozbud:
И продолжи Настичот со special closing set ама повеќе ме отворија Днб-серите на враќање на меин и на кратко кога тркнав на Регето со едни двајца раста старчиња што затвараа исто така :)
Се на се - Егзитов беше лудница
Догодина пак :helou:
 
Настапи кои ме оставија без здив, едноставно збудалев :pos:
Бујрум









Кај бев баш под ова, после бев лом целиот :pos:

Има уште премногу дешавки ама и само овој мал дел е доволен да се долови тамошната атмосфера од која адреналинот ти рипа сместа, да го пљукаш уште малце :pos:
До наредниот Егзит, ќе се тешиме и ќе се потсеќаме на сето ова :)
поуз :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom