Евтини авионски карти

  • Креатор на темата Креатор на темата Kangaroo
  • Време на започнување Време на започнување
Цената на картите е динамичка, се менува во зависност од тоа колку унапред купуваш, периодот од годината (зима/лето), и интерес за дадениот лет. Најефтино што имам видено за Минхен повратна беше околу 2000 (гледав во декември, за лет во фебруари).

Јас земав повратна за околу 900 денари сега у март ќе одам а купена у Јануари мислам беше.

Така да 2 месеци порано може да се начекаат доста добри цени.

Само да напоменам дека сум член со сите оние попусти и глупости што се добиваат затоа е така ефтино
 
Јасно. Ќе проверам со веб тимот, ќе ти кажам. Не помнам да ме известиле дека ги тргаат цените од таму, можно е да е несакана последица.
.

Се побуниле луѓе дека цените се несоодветни, затоа што во Timetable-от се обновувале само еднаш дневно, затоа се моментално тргнати.

Се работи на "live" решение.
 
Фала на информацијата. Варијанта во живо би била подобра, ама сепак да останат да се менуваат 1 дневно би било добро зошто то е некој индикатор какви се цените во некој одреден период.
 
Се побуниле луѓе дека цените се несоодветни, затоа што во Timetable-от се обновувале само еднаш дневно, затоа се моментално тргнати.

Се работи на "live" решение.

Спомни им таму ако можат и Лондон Латон да го сменат во Лутон. Не дека е голема грешка ама сепак грдо ми е :)
 
Има некои нови информации за летниот ред на летање? Wizz ќе останат само со новиот лет кон
Дубаи од Скопје или има шанси за некое ново изненадување од март? Има некој некоја инсајдерска информација? :)
 
Има. Од каде ти идеја дека всушност ќе има лет кон Дубаи? :D

Со цел соодветно да се калибрираат очекувањата - која било нова дестинација би била ставена во продажба најмалку три, по можност четири месеци пред почетокот на летот.
 
Така се објави во медиумите дека Визз бара линија Скопје-Дубаи.
 
Има. Од каде ти идеја дека всушност ќе има лет кон Дубаи? :D

Со цел соодветно да се калибрираат очекувањата - која било нова дестинација би била ставена во продажба најмалку три, по можност четири месеци пред почетокот на летот.

Искрено уште одма ми беше сомнителна таа изјава. Wizz немаат летови нигде надвор од Европа(освен Израел и Грузија), дури ни до Канарски острови немаат, а уште и да дуплираат дестинација на која веке лета некој друг. Ама на сите медиуми така беше пренесена изјавата на директорот на Агенција за воздухопловство.

Значи и да најават нешто ново сега Wizz, летовите би почнале дури за есенскот ред на летање а? :)
 
Да.

Има поука од ова, не верувајте на новости од медиумите ако летот не е ставен на продажба на сајтот на Wizz Air. Шпекулации секогаш ќе има, но единствен релевантен извор е Wizz Air и актуелната продажба.
 
Во рамки на дводневната посета на македонската делегација на Унгарија, се зборувало и за отворање директна чартер линија меѓу Скопје и Будимпешта.

„На разговорите на првата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Унгарија беше присутен и главниот извршен директор на „Визер“, кој потврди дека веќе има иницијатива за отворање на ваква чартер линија“, информира министерот за економија Валон Сараќини, кој е на чело на македонската делегација во Унгарија.

Министерството за економија на Македонија и унгарското Министерство за национална економија вчера потпишаа договор за соработка во областа на туризмот. Со него, унгарските туроператори ќе се обврзат за време на зимскиот и летниот период да донесат туристи во Македонија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2B7853F702F68345809B1366EBFD267E

Одиме за Будимпешта ^^
 
Ова можам да го коментирам само на еден начин..

:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom