Евровизија 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување

Да се потсетиме на некои евровизиски "бисери" од минатото. Be happy! XD
 
Кога сме кај постари евровизиски песни..


За мене дефинитивно најдобрата евровизиска песна што сум ја слушнал, таа година мислам дека и не победи само затоа што Евровизијата се оддржуваше баш во Турција..
 
За мене најбољи оваа година ќе биде Шведска!
Глас+настап+Pop-Dance песна= Success!
И романската ми беше кул, ама штета LIVE кога пееше романката толку оплеска и го утна ритамот...што беше Epic Fail.
Во финалето се надевам ќе се поправи! И според гледаноста и популарноста некако ми мириса дека ќе тепа...
 
За мене најбољи оваа година ќе биде Шведска!
Глас+настап+Pop-Dance песна= Success!
И го слушав сега вчерашниот настап, и чудно ми е вакви траки да слушам во живо, можеби заради тоа на моменти ми зазвучуваше тивко пред рефренот.:) Има шмек на јуротранс од крајот на 90 ти, но е доста заразна.:) Ги немам слушнато другите песни, ама според мене ова е предобро за Евровизија, ко што прочитав еден коментар на Јутјуб...

 


Без конкуренција, ме чуди само како не сум ја чул до сега песнава.
 
Браво Калиопи :vozbud::vozbud:
 
Уште се смеам за Бугарката, нивната чалга со техно ритам. Софи стегната, чизма над колена, гол грб и деколте задолжително. Требаше да влезат во финале, кој знае кој стил ќе го фрлеше во финале Софка.
Во коментарите на јутјуб бугарите сами си се критикуваат и еден напишал кој ја избрал оваа со квадрат лице никад нема да влеземе со фолкерки :pos:Тоа е исто како Србија да ја пушти Цеца на Евровизија и да очекува да влезе или ние Блага Павловска, замислете каков настап ќе биде тоа.
Сепак за евровизија јас мислам дека мора да се праќа лице кое првенствено знае да пее, ни фали уште некој од трема да ја заборави песната или да удри тежок фалш па и сите да ни се смеат. Калиопи чим почувствува трема со 30 години искуство на сцена што останува за еден млад вокал со 15 настапи има да падне во несвест. Како ххл кога им исчезна гласот.
Следна година јас мислам пак Каролина, потоа пак Калиопи и така ќе си ги мењаваме :icon_lol: Ако ништо друго барем сме 100% сигурни дека ќе отпеат одлично. А не кога беше Вучич, Елена, кој и да беа по нив срце да ти застане 3 минути да не ја оплескаат. Иако до сега не сме имале фалш на Евровизија некој тежок.
И за крај не е лошо да се надеваме на победа, но не заборавајте дека ова е Евровизија, да не бидете разочарани. Најголем успех ни е одличното прикажување, имаме невиден глас и одлична песна, па што сака нека биде.
 
Тоа кој за кого гласал во полуфиналињата се кажува после завршување на евровизија.

Мене не ми е толку важно да победиме,важно е што конечно пративме добра песна со силен вокал и што луѓето низ европа го забележија тоа. Иначе многу довлични луѓе има на форумов да не барам постови во стил леле само да не се расплаче,леле само да не вресне,ова она. А сега сите браво Калиопи најдобра си. Не ви е малку срам ? До душа и ве сфаќам до негде,таков ни е менталитетот првин исплукај се што е наше дека не чини,па после ако се докаже спротивното глуми најголем патриот. :гомце:

П.С. Скопје таа сала со капацитет 20.000 ја чека незнам колку време,сега ќе мора да биде изградена ако победиме. :icon_lol:
 
таа песна на Лореен ( Шведска ) некако ми личи на песна на Дуња илиќ - Еуфорија , во некои моменти , слушајте ја и ќе забелешите
 
абе помина Калиопи понатака или не?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom