VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Еден од најбогатите инвеститори на светот Џорџ Сорос, оцени дека во сегашните кризни услови не го исклучува ниту пропаѓањето на европската заедничка валута - еврото.
На Европа и е потребен договор за изгубениот капитал, каде товарот ќе биде поделен и ќе учествуваат сите држави, бидејќи во спротивно ќе страдаат премногу земји, изјави Сорос во интервју за виенскиот весник „Дер Стандард“.
Европската унија тоа би морала да го направи, зашто во спротивно ризикува еврото да не ја преживее кризата, додаде американскиот инвеститор од унгарско потекло.
Економистите изјавата на Сорос ја доведуваат во врска со се поголемите дефицити во јавните финансии на земјите членки на еврозоната. Тие сметаат дека државите трошат огромни суми пари од даночните обврзници за да ги заживеат своите стопанства, а доколку кризата потрае ќе остави огромни јавни долгови.
Некои држави од еврозоната како Италија и Белгија, па и Грција имаат јавен долг кој е околу 100% од БДП.
Еврото тукушто наполни десет години, во кои се докажа како една од водечките светски валути.
Izvor: Makfax