Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
РАДЕ НЕ ГО ЗЕМАТ ГО ЗЕМАТ КУКОСКИ
Да ти ебам и репрезентација и се
Земат играч кој појма нема од животот само да мава ко некој будала - и добива 2 мин и сето то ќе ни е на штета

EDIT:
Овие се играчите што ќе отпатуваат на ЕП
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА

1. ПЕТАР АНГЕЛОВ МЕТАЛУРГ ГОЛМАН
2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ МЕТАЛУРГ ГОЛМАН
3. БОРКО РИСТОВСКИ ВАРДАР ПРО ГОЛМАН
4. СТЕВЧЕ АЛУШЕВСКИ МЕТАЛУРГ Л.КРИЛО
5. ДЕЈАН МАНАСКОВ МЕТАЛУРГ Л.КРИЛО
6. ВЕЛКО МАРКОСКИ МЕТАЛУРГ Л.БЕК
7. АЦО ЈОНОСКИ МЕТАЛУРГ Л.БЕК
8. ФИЛИП ЛАЗАРОВ ВАРДАР ПРО Л.БЕК
9. БРАНКО АНГЕЛОВСКИ КОНСТАНЦА Л.БЕК
10. МИЛОРАД КУКОСКИ ВАРДАР ПРО Л.БЕК
11. НАУМ МОЈСОСКИ МЕТАЛУРГ Ц.БЕК
12. ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ МЕТАЛУРГЦ.БЕК
13. КИРИЛ ЛАЗАРОВ АТЛЕТИКО (М) Д. БЕК
14. ВЛАТКО МИТКОВ БАРМБАХ Д.БЕК
15. ВЛАДИМИР ТЕМЕЛКОВ БАШАРАЖ Д. КРИЛО
16. ЗЛАТКО МОЈСОСКИ МЕТАЛУРГ Д. КРИЛО
17. ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ МЕТАЛУРГ Д. КРИЛО
18. ВАНЧО ДИМОВСКИ МЕТАЛУРГ ПИВОТ
19. СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ВАРДАР ПРО ПИВОТ
20. НИКОЛА МАРКОСКИ ВАРДАР ПРО ПИВОТ
ОВИЕ ОТПАДНАЈА
21. ПЕТАР МИСОВСКИ ПЕЛИСТЕР ГОЛМАН
22. ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ВАРДАР ПРО Л.КРИЛО
23 МИТЕ СТОИЛОВ МЕТАЛУРГ Л.БЕК
24. ГОРАН КУЗМАНОСКИ ОДОРХЕИ Л.БЕК
25. АЛЕКСАНДАР АНГЕЛЕСКИ ВАРДАР ПРО Ц.БЕК
26. НИКОЛА СТОЈЧЕВСКИ МЕТАЛУРГЦ. БЕК
27. ЛАЗО МАЈНОВ АНТЕКЕРА Д.БЕК
28. МИЛАН ЛЕВОВ МЕТАЛУРГ Д.БЕК
 
Многу ми е криво што Ојлевски отпадна од репрезентацијата,и Куковски ама ич не ми текнува кој беше тој човече,а игра за Вардар :D голманите се тие,немаме други... али Наумче и Лазаров се во форма како никад до сеа,така да очекувам да блеснат во Ниш.
 
Ојлески, дефинитивно требаше да биде во ова друштво на место на мали Манасков.По мое мислење Мисовски требаше на место на Митревски,кој на напреварите на Металург преседува на клупа.:/
Штета и за Горан Кузмановски, дечкото растура у Романија последниве две сезони.
И фала Богу што го конечно го земаа Гоце Георгиевски, малиот многу вреди !
Другите, мање-више тие се ...
 
Дали знаете кои места се потребни за да се освои пласман на олимписки игри/ пре-олимписки турнир?
 
Е воа го неам видено... митревски оди :tapp: , мисовски не оди .. може за одбрана е добар Јоноски ама за шут :facepalm:ептен ги мава "свадбарските"..
 
Абе и вие сега се фаќате за третиор голман, демек ќе добие шанса Митревски некогаш...горе-долу тие се играчите.Со среќа нека ние.
 
Ни Митревски ни Кукоски (кој и да е играчот..:eek:) нема да заиграат за репрезентацијата, исто како што беа овие младите во кошаркарската репрезентацијата ... така ќе дремат на клупа. Е можел да го повика Кузмановски на местото на Кукоски, ама мање битно..
--- надополнето: 14 декември 2011 во 18:29 ---
Само ме интересира на кој начин ги одбрал играчите (завршниот список со играчи кои ќе патуваат за Србија), вчера го објави поширокиот список, денеска го објавува финалниот.. малце нема логика, за еден ден да процениш кој треба, а кој не треба да патува..
 
Пет леви бека а само по двајца на централен бек и лево крило оа каде со тој памет бе на сите позиции по тројца само на таа 5 души па место Кукоски кој игра сварно добра одбрана во Вардар можело да влезе Ојлески како трет лев бек и место Јоноски да игра некој од Стојчевски или Ангеловски како трет централен бек или пак Везенковски кој е добар играч мислам дека таа позиција игра слободно можеше за на клупа да седи а не вака 5 леви бека и плус Наумче може да игра лев бек или Миркуловски како што прават во Металург и место Златко ќоравиот Мојсовски да игра Влатко Јовчевски ама тоа е и после сакаме успех може и со овој состав не верувам да го повторат успехот или да да го надминат на кошаркарите
 
А зошто никој не спомнува за Левов??? Па детево е ѕвер, а не добива вистинска шанса ни во Металург, а еве ни за репрезентација... Што се однесува до другите играчи, не го имам гледано Ојлески, ама штом толку го тупите за него можда е и добар и требало да добие шанса да игра на ЕП.
 
Пет леви бека а само по двајца на централен бек и лево крило оа каде со тој памет бе на сите позиции по тројца само на таа 5 души па место Кукоски кој игра сварно добра одбрана во Вардар можело да влезе Ојлески како трет лев бек и место Јоноски да игра некој од Стојчевски или Ангеловски како трет централен бек или пак Везенковски кој е добар играч мислам дека таа позиција игра слободно можеше за на клупа да седи а не вака 5 леви бека и плус Наумче може да игра лев бек или Миркуловски како што прават во Металург и место Златко ќоравиот Мојсовски да игра Влатко Јовчевски ама тоа е и после сакаме успех може и со овој состав не верувам да го повторат успехот или да да го надминат на кошаркарите

Не друже.. влатко и везенковски.. не се во металург.. да беа одма ке беа репрезентација... (n)
 
Не друже.. влатко и везенковски.. не се во металург.. да беа одма ке беа репрезентација... (n)
Искрено за овие првпат слушам..
И незнам што има толку голема фрка да се крева, кога скоро сите заслужено се во репрезентацијата. Како што спомена naumdb, требало да се најди место и за Левов..но и овака не изглеаме лошо.
 
Како што правевме муабет на форумов, не го земаа Гоце Ојлески на ЕП. Ете што ти значи да имаш познато презиме и да играш во Металург. први и последни фактори за влез во репрезентација.

И naumbd, не тупиме,даваме аргументи.

Кукоски е одбранбен специјалист,ја држи одбраната на Вардар. И да,се согласувам дека требало тој да отпадне на сметка на Ојлески,и Козла Мојсоски требало да отпадне на сметка на Јовчевски.

И дебатата за голманите. Не само Митрески,туку и Диви не игра многу многу. Кажете ми колку минути играл во последниве 3 месеци во ЛШ и СЕХА? Дефинитивно требаше Мисовски да се повика место Митрески.

Секако дека сите ние ке ги расипеме грлата од викање во Ниш,но треба посеризно да се посветиме на овој проблем со врскиве после првенството.
 
Звонко,Звонецууу..:tapp:
Кога ќе треба да го смениш некој од бековите,било да е Мојсо или Мирклуловски кога ќе се свртиш на клупа и ќе видиш дека нема кој да влези и да изигра како треба,тогаш немој да дремиш ко мисир и да викаш неаме среќа ТО Е....:tapp:
Иаме играчи...само џабе е..кога списокот беше однапред испринтан...:tapp:
Шутери требаат,техничари шо ќе разбиваат зони,а не само шлепање на дефанзивци кои сите заедно да ги собериш немаат ни едно полувреме изиграно во напад цела сезона...
Не е НФЛ лига ова бе ало....:eek:
Остануваме со само 4 бека(ако го сметам и Фичо Лазаров):D,+ Бранче Ангеловски(иако не е во форма одамна,а и дреми на клупа во Констанца)...
Штета шо Митков никако да се покажи како достојна замена на десен бек....ќар од него само во одбрана,како и од 70% од целата репрезентација...:D
Да се крстиме во одбраната...и да имаат ден Мојсо и Кире...:)
 
Не знам што толку го тапите со Ојлески... Крилата се нешто од кое целокупната игра нема да зависи не до некој одлучувачки степен. Бековската линија е тоа што ќе одлучи и тука треба да имаме и добра резерва имаме два светски играчи, плус одличниот Миркуловски ама Филип и Бранче па не се достојна замена за овие. Ни фали еден/двајца добри шутери и мислам дека би можеле далеку да одиме со една одлична склопеност и тимски дух во која не се сомневам дека ќе недостасува. Уште еден добар шутер тука го гледам најголемиот проблем. Токму затоа го споменувам Раде Стојанович можеби тој не е во таа посакувана форма со оглед на лигата во која сега настапува ама има квалитет одличен шут и брз избачај можеше да биде повикан. Во одбрана не сме воошто кратки и играчите добро се познаваат повеќето играат заедно тоа е голема предност и за одбраната. На пикерската позиција сме кратки огромен ќе биде притисокот на Стоилов кој е одличен меѓутоа како замена Димовски не би можел да го носи теретот на вакви првенства со таа хронична болка во коленото.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom