Читам по форумов последниве месеци "интересни" мислења за Европското Словенија, за очекувањата и местото на нашата селекција на ова првенство, дали и колку ќе било потешко од 2011-та, дилеми дали оваа екипа на Македонија би била топ 8 или 15 (од горе или доле), дали ќе ни попуштаат другиве екипи овој пат како во 2011-та или не , за преценувањето и реалниот квалитет на многу од екипите во нашата група Б, ќе минеме/ нема да минеме група, желби за бронзени медали, бајки за златни ланци и мнооооогу други тракатанци ......
Ај да им пообјаснам на некои од "стручњациве", кои почнаа да следат Европски првенства од 2009-та година и ги плашат тинејџерите на форумов со митови за Литвании, басни за Телетович, Пекович и други телетабиси
Многу работи на многу од форумов навистина не им се јасни !!!
============================================================================
Да почнам со митот за Литванија !
Kaukenas имаше 78% за три на турнирот 2011-та !!!! ЛУДИЛОООО !!!!!!!
Jasikevicius и Jasaitis (најдобриот шутер за Литванија за 3, 17/36 ,по него Kalnietis 16/42) многу допринесоа. Ај Шарас беше со 35 години и можеби на хартија потрошен, но статистиката напротив покажува дека и тогаш беше од големо значење неговото искуство, пред се во асистирање а и шутчето за 3 добро го служеше. И сега, 2013-та да е присутен во тимот, со 37 години ке има пак некоја солидна статистика за годините....неговото неиграње е плус за нас, олеснување! Благодарение пред се на Шарас Литванија беше 3-та по асистенции на турнирот ! Тука е секако и Pocius кој беше исто така многу добар за 3, убедливо од помладите најдобар/најконстантен шутер со kalnietis !
Благодарение на овие 5 играчи (убедливо најдобрите тројкаши за Литванија) Литванија беше прва тимски во процент за 3 со 41.1% , кој е феноменален % !! За да на мечот со Македонија пуца катастрофално 2/15 за 3 , што и беше број 1 причина за поразот, се удавија Литванците и тоа на домашен терен, како сосема друга екипа беа против нас, а имаа доста чисти шутеви тој меч !!!!!
http://en.wikipedia.org/wiki/FIBA_EuroBasket_2011
Литванија на тој евротурнир (2011) постигна најмногу поени на еден натревар од еден тим (100 со Србија) изигра партија со највисок 2FG% (Полска 78.4) и партија со највисок 3FG% на турнирот (Португалија , 63.3 % 7/11) или превод = офанзивно беа супериорни во однос на другите екипи (нешто што и не беше тогаш изненадување !)
http://en.wikipedia.org/wiki/FIBA_EuroBasket_2011
Со неиграњето на Кaukenas, Jasikevicius и Simas Jasitis губат практично во сите сегменти од игра= најмногу во искуство и пред се организација на напад (најголем предизвик за оваа нова генерација ), длабина и секако погоре бројките што недвосмислено само го потврдуваат импактот во шутот од далечина , особено за 3, нешто без кое модернава Литванска кошарка не се замислува и од 2001 наваму им е главно оружје !
Топ 4 играчи со најмногу постигнати поени (кумулативно ) на турнирот 2011 за Литванија
Калниетис 121
Каукенас 120
Шарас 104
Симас 98
http://www.eurobasket2011.com/en/ci...le2.season_2011.roundID_7526.teamID_2135.html
3 од нив ги нема сега ..........АШ !!!!!!!!!
Kleiza ке игра 2013,битно парче особено со искуството, го немаше 2011, ама пак овој по артроскопијата од 2011 не е оној стариот, а и во Торонто годинава пуцаше катастрофално (и на подготвителниве мечеви летово се чува доста, се гледа) Кога ке го ставам Кleiza на вагата не може тој ни одблизу да надомести за отсуството на овие тројца , гореспоменати и проверени ветерани кои фалат кај Литванците ( макар бил и 120% физички спремен, а не е )....едноставно, не се споредува со она што го губат со овие тројца! Во 2010 на светското kleiza беше топ 10 стрелци и изигра многу ефикасно тогаш и практично сам им донесе бронза на Литванците и на крајот беше заслужено во најдобрата петорка на турнирот !
http://turkey2010.fiba.com/pages/eng/fe/10/fwcm/team/p/eid/4728/rid//sid/4728/tid/2135/profile.html
Црна Гора
Пекович откажа (нормално, паметот му е во парите и договорот/иднината), а со оглед дека имаше многу добра сезона во Минесота и е веке во најдобрите години и речиси созреан како играч, оформен скоро 90%, големо осакатување е за Црна Гора тој ! Да, тука е Вучевиќ, кој имаше одлична сезона со Орландо (благодарение на големата минутажа, која во НБА за интернационалци со 21/22 години ретко и да добијат 30+ минути првите години=SCI-FI !) , но сепак не е Пекович а и сеуште е млад и неистриен! И пекович 2011 сеуште се формираше како играч, и уште има да учи во овој момент, но дефинитивно денешниот Пекович, во 2013 година е друга приказна со тој 2011.........неговото неиграње огромен плус и олеснување за нас и тоа баш играч на позиција која не ни одговара нас и плус истиот тој играч е прв стрелец за Црна Гора!
Црна Гора во дуелот со Mакедонија 2011-та постави рекорд за најмногу скокови на една утакмица 2011 првенството( 50 скокови ),
http://en.wikipedia.org/wiki/FIBA_EuroBasket_2011
со што се потврдува само нашата голема слабост, долги години наназад(сепак беше тесна партијата и испадна на крајот тесна бидејки и покрај доминацијата во скокови "срушија" Црногорците уште еден рекорд тој меч- со најмногу изгубени топки на
турнирот од 23)..........па сега види ти Пекович колку значи .........и Вучевич е доста агилно и снаодливо дете и ке ни прави проблеми.........ама не е Пекович !
Иако пред турнирот, за Црна Гора се дигаше многу фама и им се билдаше непотребно рејтингот (вакви биле такви биле, муабети за деца од типот го
знаеш ли ти Пекович кој е.......) сепак
причина за поразот и беше можеби тоа што беше прв меч на нашата репрезентација и секако продолжението го игравме без Бо, кој одлета ради 5 лични во регуларниот дел и организацијата
на нападот во продолжение страдаше и продадовме 2/3 напади со глупи грешки ! Тој дуел Гечо не играше ! Црна Гора единствената победа која ја имаше по групи и на турнирот воопшто беше токму против нас и рано одлетаа !
Латвија= многу млада екипа (смена на генерации), ништо подобра од Финска (тогаш ја имавме во група)..........две екипи кои фураат фати шутни баскет , одлични шутери од далечина , нема збор , снајперчиња и двете екипи И МНОГУ МЕСТЕЊЕ НЕ ИМ ТРЕБА ДА УПАТАТ ШУТ(Финска е сепак подобра шутерска екипа, за влакно, не дека Латвија не се добри , таман работа Blums, Bertans (Dairis), Kuksiks, Strelnieks)
Кај Латвија Biedrins е големо осакатување бидејки на центар е убедливо во овој момент најдобар, па и генерално им е најдобар играч на Латвија, по боксерот Кambala кој е веке стар !
Латвија и реално освен Biedrins нема центар, ДА ГО БАРАШ СО ФЕНЕР, ТАА ПОЗИЦИЈА ИМ Е МНОГУ ТЕНКА, ДА НЕ РЕЧАМ НЕПОСТОЕЧКА !!!! Така да, на таа отворена игра, со многу шут да го имаат и Biedrins под кош, кој е многу снаодлив играч и пред се потценет дефанзивец, се трансформираат во многу опасна екипа..........ако ништо друго дури тогаш може да плескаат и од центар тројки и ич да не му ја мислат а и пополнуваат позиција со многу квалитетен играч кој им дава длабина и еден тон скокови, колку ти душа сака !
http://www.fibaeurope.com/cid_KNce8...le2.season_2009.roundID_6330.teamID_2134.html
Европското 2009 беше звер, во сите категории, можеби најдобрата статистика на турнирот просек 22.3 поени 14 скока 1.7 блокади и феноменални 65.3% FG..........а имаше само 23 години на турнирот !!! Неговото неиграње во 2013 е огромен плус за нас, реално ке имавме многу проблеми со играч кој за 2.13 е многу подвижен и машина за скокови (онаму каде сме ние најслаби) !!!!
Најмногу скокови на еден натпревар за поединец имаше баш Biedrins 2009
20 скока и тоа со франција !!!
http://en.wikipedia.org/wiki/FIBA_EuroBasket_2009
Мечот со Македонија на 03.09.2008 во Рига, квалификации за 2009 , не бушеше како сакаше, многу тесен меч (кој се секава, подолу статистика ) , практично сам не победи, 30 поени 22 скока 3 блокади 67% шут.........Врба, Гечо, Мејси нига-импорт имаа супер партија, ама не беше доволно !
http://www.fibaeurope.com/cid_KNce8...ZI6EoANOrUf9le2.season_2009.roundID_6328.html
Biedrins никогаш не го доби вистинскиот респект НБА (ништо ново тука за добри интернационалци во НБА уништени со американскиот квази патриотизам) , но затоа неговата кариера на интернационалните такмичење за FIBA уште од јуниорските денови е доста спектакуларна !
Финска 2011 ја победивме едвај да , ама и Финска имаше трет најдобар 3FG% на турнирот 39.1 тимски, и во дуелот со нас пуцаа за 3 многу добро, не пердашеа од сите страни, иако и тоа не им беше доволно !
Србија со моменталниот состав за 2013-та , не е ништо подобра екипа од Хрватска во 2011-та грубо кажано, која беше најголемо разочарување во 2011, да лета уште прва фаза.
Им фали мноооогу длабина на Србиве и битни фаци (Величкович, Саванович, Тепич, Мачван, Кешељ, Трипкович, Рашич........Теодосич......) Многу неконстантно играат оваа генерација, де тепаат 20 разлика, убедливо се шетаат на теренот и му прават што сакаат на противникот (без респект, како во старите времиња Југославија), де ги прават лом, така беше барем минатава година за квалификациите за 2013....
Недович некое освежување и на припремиве е доста добар ама е млад (Trofej Beograda 2013 беа доста убедливи).........уште чекаат од Крстич и реално тој им е и најискусен играч и мора и од него да добијат солидни бројки, а ако и тој потфрли......како и да е сепак Србија не е за потценување!
Кај Босанците, фали убедливо најдобриот шутер години наназад = Домеркант, топ 3 играчи/стрелци за Босна редовно , па и на Европското 2011 беше најефикасен
имајки предвид и минутите кои ги играше за тимот (постигна најмногу тројки за Босна и тоа со вонземски процент од 54 %). А Домеркант и не е само шут за 3 кај Босна. Домеркант е реално огромен фактор и главна причина зошто и Босанците од 2005 година обезбедуваа пласман на Европските првенства. Без него пред се,во таа смена на генерации можеа само да сонуваат за настап на Европско ! ТОА Е ФАКТ ! Има друга црнчуга сега во Босна, ама не е Домеркант !
============================================================================
Така да ако треба да направам некоја груба паралела мегу нашата група од 2011 и оваа 2013 (иако не се истите тимови, делумно )
Тогаш ја имавме Грција која беше убедлив фаворит во наша група (иако без Спанулис) сепак беше во првите две фази со најубедливи победи и пред почеток на турнирот се знаеше тоа, и нашата победа против нив беше навистина изненадување и тоа многу убедлива ! Оваа година како "замена" за Грција , може и фаворит за влакно во групата е Литванија , која е реално далеку послаба екипа од 2011-та, а и покрај домашниот терен 2011-та и убедливата игра до четвртфинале, кога беше најпотребно се удави !
Реално, во нашата група оваа година и нема убедлив фаворит, Литванија и Србија се многу блиску,тука негде сме и ние, ама убедлив фаворит нема. Литванија ја бирам пред се бидејки би требало да бидат доста накурчени и екстра мотивирани према нас (желни за одмазда од 2011-та ) сигурно не не заборавија , ако ништо друго секако и за нив е битна секоја победа, дали Македонија или друга екипа не менува, и они ке се борат за наредна фаза и месено бесено нема да им биде сигурно ! Од друга страна и ова првенство ке биде голем предизвик за Литванија и нов почеток/ера бидејки како што спомнав горе им фалат играчи и одат на младо , сменија тренер
(се врати Казлаускас, докажано тренериште, кој е и подобар и од кемзура и со Кина постигна многу) организација на напад, искуство фали, формата на KLEIZA итн ............има многу работи да се штимаат кај нив !
Оваа Литванија е смешна споредено со онаа од Сиднеј2000 и Европските 2001 и 2003-та, да не зборам за Атланта 1996 генерацијата..............
2011 2013
Грција = Литванија
Хрватска = Србија
Финска = Латвија
Црна Гора и Босна ги имавме и тогаш и сега (Црна Гора го нема Пекович, Босна го нема Домеркант со скинат ACL)
============================================================================
И сега како тоа на Македонија оваа година ке и биде мноогу потешко да ја мине групава , по кои критериуми/ математика и кошаркарска логика?!
Тоа не значи дека на Македонија ке и биде лесно, но барем во најлошото сценарио имаме ист предизвик како и 2011 . Зарем 2011 -та ни беше лесно?! Судејки само по резултатите колку од мечевите ги добивме многу тесно (Грузија , Хрватска Финска со 2 разлика) кои можеше и да бидат со негативен исход за нас ! Плус, кој очекуваше дека ке ја победиме Грција ?! Грција сигурно се сметаше за изгубена партија (барем според оние кои нешто разбираат од кошарка а не според "патриотите") и една од Финска/Хрватска и ние и тогаш со 3 порази ке летавме уште во прва фаза ! Ама можевме и тогаш Црна гора да ја добиеме, реално !
Да, тогаш бевме може и потценети (никој не се ни замараше со нас), што е до некаде точно, или имавме и срека во многу дуели во вистинското време (На Литванија и снема гориво кога беше наjпотребно, ама па и Русија имаше срека ако гледаш така два меча , тројката на Monya и особено за бронзата мечот кога Војдан им поклони чист кош и промаши) Ама и покажавме заби (поголеми од оние на големата бела ајкула) против Шпанија, двата меча со Русија и Грција !
Во 2011-та нашата група Ц беше најизрамнета и освен Грција , не можеше да се каже кои 2 други екипи ке одат втора фаза . Слична ситуација имаше и во Д со која вкрстувавме. Д беше најслабата група 2011-та според квалитетот на репрезентациите и единствено само за Русија се знаеше однапред дека е најсигурна за влез во четврт-финале од Ц и Д групите.Русија (Ц) и франција (Б) единствено завршија тогаш по групи без пораз! И тогаш имаше многу нерамномерна распределба на силите мегу А/Б кои за четврт вкрстуваа со Ц/Д............А И Б беа Шпанија, литванија, Турција, Србија, Германија, Франција сите во квалитет, доста сигурни за четврт наспроти само Русија од Ц и Д сигурна ! Дека во Ц и Д не се знаеше што и како ке биде и дека ке биде многу неизвесно кои 3 ке одат понатаму говори и фактот што само во овие групи се формираа триаголници (3 екипи со ист број поени) и се одлучуваше со кош разликата за тоа кој ке оди понатаму !
Така и Xрватите одлетаа многу рано, благодарение на Финците кои ги заклаа Босанците крвнички со речиси 30 разлика !
И оваа година вкрсуваме со А втора фаза, каде само Франција единствено е сигурна и една класа над сите во А група, многу слична ситуација со Русија и Д група од 2011-та !
Оваа година да беа Пекович, Biedrins , Србите (сите на број , особено онаа екипа од Турција 2010), Литванците - подлабоки (или барем истата екипа од 2011-та ако не и подобра) е тогаш ДА ке беше практично научна фантастика за да се помине групата само !
Од друга страна Македонија има подобар тренер оваа година (што не мора да значи и дека ке биде поснаодлив на терен и ке донесе подобар резултат ), битно =90% јадрото на екипа е исто од 2011-та(посебно од близнаците се очекува офанзивно да го зголемат оутпутот, 2+ искуство итн)
и секако немаме ние алтернативни патчиња освен Бо да се цеди буквално до максимум како и минатото првенство (што да му правиме, таа е , се нафати на орото, јасно му е и него , колку ке биде расположен овој пат да гине за нас како во 2011 е друго). Црна гора, Босна и Латвија се екипи преку кои најлесно ке се бара нашиот билет за втора фаза и тука не треба да има кикс бидејки и немаме друга полесна алтернатива, и затоа што сме реално подобри од овие 3 екипи (освен ако не
ги прокоцкаме овие дуели и да ги искомплицираме работите). Тоа не значи дека на Литванија и Србија треба да им се плашиме и дека се ова сигурни порази за нас и уште сега да го голтнеме тоа и да се помириме !
НАЈБИТНО =Факт е дека ова е убедливо најслабото европско првенство во последниве 30 години (од 1989 сите ги имам гледано и можам да коментирам за било кое од нив) И не само со откажувањето на еден куп од битните играчи туку и бидејки кај многу репрезентации има и смена на генерации а и фактот што го зголемија бројот од минатото европско од 16 на 24 екипи дополнително допринесува и му дава само длабина во квантитет а е толку шупливо во квалитет, дали и ке има друг пат вакво срање да се повтори!
Што не значи и дека нема да има интересни и неизвесни утакмици, па и некое изненадување ......
Ова никакво првенство (во квалитет) е одлична шанса за Македонија да биде топ 8 (каде и реално и е местото во јачина со оглед на околностите !) и главно нашата примарна цел треба да е квалификации за светското Шпанија 2014, како 7 пласирана екипа (Шпанија би требала да биде топ 6 , бидејки е организатор тогаш и седмо пласираниот од 2013-та би одел на светското !) Секако, меч за медал е уште подобро (и автоматски одиме Шпанија 2014) ама за тоа ке биде многу тешко !
Се испушти за Лондон, еве со никакво првенство ни се укажува повторно одлична и историска можност, сега за Светско..........во наредните години, волку бликсу, со вакви околности(импорт како БО + опаднат квалитет на првенство + асален тренер ) не знам кога би биле и дали би биле толку поволни условите како овааа година(ни одблизу сигурно) !!!!!
Реално, неосвојување на медал не е неуспех !!!! За екипа како Македонија, која 10 години, од 99-та до 2009-та сонуваше и се мачеше со квалификации за Европско и каде една никаква Босна беше DREAM TEAM за нас, пласирање на Светско првенство ке биде најголем успех !!!!!