Европско Првенство 2011 - Литванија (општи информации)

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
јас би бил презадоволен Македонија да ја победи Атина......
 
Аа па да, зошто да навиваме спортски, кога можеме да навиваме политички...

Со овој ретардиран менталитет спортот никаде не ни оди. Кретени искомплексирани.

Иначе, добивме релативно лесна група, но со оглед на квалитетот на нашата репрезентација, и не е баш лесна.
Од Грција и од Хрватска, дебело губиме, Црна Гора има 3 играчи во НБА, но се доста млади, имаме мали шанси против нив. Другите би требало да ги добиеме.
 
Уште месец и нешто, ќе истрпиме. Статистички гледано има доста посилни репрезентации од нас ама ние отсекогаш сме биле дрски и знаеме на фаворитите да им го расипеме денот. Едвај чекам, напред Македонијо!
 
Иако изгледа навидум лесна група, мислам дека е доста тешка. Очекувам Црна Гора да биде изненадување на првенството и не верувам дека Грција ќе ги добие сите мечеви во групата.
 
Лесна тешка таа ни е групата,нашите имаат квалитет да победат секого.
Башка Хрватска ќе нема доста играчи на располагање + за нас. :)
 
Аа па да, зошто да навиваме спортски, кога можеме да навиваме политички...

Со овој ретардиран менталитет спортот никаде не ни оди. Кретени искомплексирани.

Иначе, добивме релативно лесна група, но со оглед на квалитетот на нашата репрезентација, и не е баш лесна.
Од Грција и од Хрватска, дебело губиме, Црна Гора има 3 играчи во НБА, но се доста млади, имаме мали шанси против нив. Другите би требало да ги добиеме.
аха.......тогаш зашто толку еуфорија се крена кога ја победивме Атина во ватерполо?
мечевите со Грција се поврзуваат со честа
па и во фудбал добиваме лесни групи па губиме од тие мечеви што ги сметаме како веќе добиени
 
Се крена толку еуфорија затоа што сме наивна нација.

Кога полу-србите навиваат за Партизан или Звезда тие се предавници и србомани, а кога истите ќе ја победат Грција во ватерполо, тие се национални херои. И после ние треба за чест да зборуваме? Хипокритици низаедни.

Игравме со Грција, изгубивме 32 коша разлика.
Нема веќе никаква потреба од еуфорија и кревање притисок за таа утакмица. Ние нема што да бараме и очекуваме против Грција во кошарка.
Остајте ги репрезентативците нека се концентрираат на Босна и Црна Гора.

И остајте ги да играат кошарка, не да играат политика.
 
Иако изгледа навидум лесна група, мислам дека е доста тешка. Очекувам Црна Гора да биде изненадување на првенството и не верувам дека Грција ќе ги добие сите мечеви во групата.

Како лесна група од Хрватска и од Грција губиме сигурно,најважен натпревар ќе биде против Црна Гора првиот меч ако го добијат ќе ја минат групата БиХ ќе ги тепаат и квалификантот.
Хрватска е квалитетна имаат многу играчи што играат во јаки европски тимови а за Грција да не зборуваме.

Дирк Новицки ќе игра за Германија не ми се верува сам ќе игра но нешто повеќе да направат тешко не може се сам.
За мене најголеми фаворити и после Македонија навивам за Шпанија имаат добар тим и добра клупа за ротирање мислам дека тоа е многу клучен дел.Литванците како домаќини ќе бидат опасни они сега вежбаат во салите тројки кога ќе дојде да се игра само 3ките ќе ги вадат :)
 
Да да, Новицки и најверојатно Крис Каман се враќаат за репрезентацијата на Германија, со оглед на тоа што Новицки на еден солиден ден може сам да ги понеди 90% од репрезентациите на европското, и со оглед на тоа што се збори дека германците имаат добри млади играчи очекувам тие да имаат некој посериозен успех.
Секако топ 4 фаворити се: домаќинот, Турција, Шпанија и Србија. Македонија очекувам и се надевам на од 7-мо до 10-то, за жал мислам нема шанси за Лондон 2012.
 
Топ 5 репрезентации идат на ОИ 2012?

Не би ги ставил Турците како фаворити, го играа светското на домашен терен, го извадија максимумот, доста им беше.
Литванија и Шпанија се најголеми фаворити, би се осмелил да кажам дека полуфинале им е загарантирано. Грција, Србија, Германија и Хрватска се тука да поматат нечиви сметки.

Репрезентации кои можат да изненадат се Црна Гора, Словенија и Франција.
 
Топ 6 мислам.

Инаку Шпанија секако, па идат тука и Литванците како домаќини, тоа што се домаќини многу ги дига. Србија е трет фаворит. Црнагора и Франција ќе чекаат шанса. Французите неможат да ги добројат нба играчите, ама незнам дали сите им дојдоа. Ама изгледа сите, најмногу профитираа од локаутот. Словенија и Хрватска и не ги имам пратено баш.
 
Се крена толку еуфорија затоа што сме наивна нација.

Кога полу-србите навиваат за Партизан или Звезда тие се предавници и србомани, а кога истите ќе ја победат Грција во ватерполо, тие се национални херои. И после ние треба за чест да зборуваме? Хипокритици низаедни.

Игравме со Грција, изгубивме 32 коша разлика.
Нема веќе никаква потреба од еуфорија и кревање притисок за таа утакмица. Ние нема што да бараме и очекуваме против Грција во кошарка.
Остајте ги репрезентативците нека се концентрираат на Босна и Црна Гора.

И остајте ги да играат кошарка, не да играат политика.
кога Кометал победуваше сите бевте за Коментал, иако цел тим беше од Русија и Украина.
браво бре...двојни стандарди....
да не ги чувам дома репрезентативците дома и да ги учам одете и јадете грци?
браво бре кога немате што да барате
 
Како лесна група од Хрватска и од Грција губиме сигурно,најважен натпревар ќе биде против Црна Гора првиот меч ако го добијат ќе ја минат групата БиХ ќе ги тепаат и квалификантот.
Хрватска е квалитетна имаат многу играчи што играат во јаки европски тимови а за Грција да не зборуваме.

Дирк Новицки ќе игра за Германија не ми се верува сам ќе игра но нешто повеќе да направат тешко не може се сам.
За мене најголеми фаворити и после Македонија навивам за Шпанија имаат добар тим и добра клупа за ротирање мислам дека тоа е многу клучен дел.Литванците како домаќини ќе бидат опасни они сега вежбаат во салите тројки кога ќе дојде да се игра само 3ките ќе ги вадат :)
Кај напишав дека ние ќе ги добиеме Грците?
Ако убаво го прочита мојот пост никаде не кажав дека групата е лесна, туку само на хартија полесна од другите. За Хрватите, едвај се спасија на претходното ЕП против нас, реално ние заслуживме победа и единствено бевме казнети поради недисциплината на играчите.
Како што претходно напишав, очекувам Црна Гора да биде изненадување на турнирот, а мислам дека и Македонија заслужува пласман во топ 10.
 
Ја би рекол и тоа како полесно ќе биде победа против Хрватска него Црна Гора. И секако максимален учинок против Босна и квалификант кои и онака не требаа да се пласираат се далеку послаби од нас ама не ќе смеат да се потценат. Со три победи одиме во втора фаза ја искрено сум оптимист овој состав е најсилен во историја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom