Емоционална интелигенција, колку што знам, е нов термин во психологија и за разлика од IQ, се поврзува со свесноста на личноста за сопствените емоции и способноста да ги препознаеш и разбереш емоциите на другите и колку е поголема самосвеста, толку е поголема и самодовербата на човекот да ги искаже сопствените емоции. Емоционална интелиенција подразбира и социјална свест и разбирање на вистинските емоции на луѓето преку опсервација и адаптирање кон околината, и за разлика од IQ што подразбира способност за учење (иста е кај човекот на 15 и на 50 години), емоционалната интелигенција е флексибилен сет од вештини кои можат да се научат.
Мозокот кај човекот се состои од три дела: фронтален кортекс, рбетен мозок и лимбичен систем. Основните дразби на мозокот доаѓаат преку рбетниот мозок и поминуваат преку лимбичниот систем (емоционален мозок) пред да дојдат во фронталниот кортекс (рационален мозок) каде се случува анализата. А тоа значи дека мозокот најпрвин емоционално ги процесира дразбите, а потоа аналитички.
Кај психопатите процесот не е обратен, туку недостасува емоционалниот мозок и честопати се вели дека отсуство од емоции и себеспознавање доведува до имитирање(мимезис) на истите од другите луѓе, личноста е убедена во неверојатно изобилство од емпатија и прави свесна манипулација на емоциите на другите со цел постигнување на одредена цел и не водејќи сметка дали ќе ги повреди емоциите на целната група.
Психопатите целиот свој живот се убедени дека имаат изобилство од емпатија и ги разбираат емоциите на Другиот, без воопшто да ризикуваат да ги искажат сопствените емоции и постојано чекаат Другиот да ги искаже своите емоции со цел да манипулираат со истите.