Со Санчез малце е покомплицирана работата. Он не го дозволи проблемот со Сеута (од старт беше против) али некои негови постапки се искористија за да се канализира бранот. Он наследи проблем на 850.000 доселени мигранти без документи во период од 15 години. Прашањето пред него е: што да прави со овие луѓе? Не плаќаат данок, работат на црно, немаат документи (кинат папири пред да влезат во Шпанија). Неговата политика за регулирање престој не е за нови мигранти, туку за оние што живеат во Шпанија нелегално подолго време. Регулиран престој не значи одма државјанство, туку идејата е: добиваат работна дозвола 1 година, и после аплицираат за продолжување (али не добиваат папири под дифолт), треба да докажат дека плаќаат данок, немаат досие и тн.
Од една страна, економски и годи на Шпанија да има повеќе регулирана евтина работна сила, добива пари во буџет (за пензии, општа продуктивност, јавни сервиси), економски им помага на сектори кои зависат од физичка работа (фармање, рибарење, туризам, градежништво) и државниот апарат капира кој е кај нив во државата (па после може да бира кој да депортира, кој да остане). Шпанија во моментов има економија што расте 3 пати побрзо од остатокот од ЕУ и има највисока стапка на продуктивност (делумно ради миграција по процени на Голдман Сакс).
Али од друга страна имаат други два проблеми: прво, дали оваа политика ќе влече нови мигранти што ќе крене трошоци за живот и второ, колку може Шпанија успешно да ги интегрира овие луѓе? Дали на пример за генерација или две ќе бидат гетоизирани, изолирани и ќе функционираат како енклави во рамки на земјата или ќе бидат интегрирани на долги стази? Кој ќе биде сооднос на интегрирани, изолирани и депортирани?
Факт е: дека економијата им зависи од евтина работна сила (и ради продуктивност и ради тотален аутпут). Хипотетички, можат да ги депортираат сите, што е исто нешто што Шпанија може да го направи после Санчез (850.000), али после па прашање е, што е со бизнисите врзани со фармање, рибарење, туризам, чистење, градежништво, кој ќе ги пополни тие места и како Шпанија ќе го храни буџетот за пензии (пошто Шпанија старее, а стапки на наталитет им се доста ниски)?
Со други зборови: која одлука и да е донесат, ќе решат некои проблеми, али ќе направат нови. Прашање е, од сите опции: каде ќе бидат во најдобра положба, со најмалце ризици (по економија, безбедност, квалитет на живот, и тн)?
За мигрантската политика на Санчез:
https://www.theguardian.com/world/2...ants-spain-apply-regularise-status-new-scheme
За економскиот ефект на мигранцијата во Шпанија:
https://www.goldmansachs.com/insigh...growing-three-times-faster-than-the-euro-area
Сингапур и заливските земји го имаат решено проблемот со работната сила многу елегантно, ако е тоа проблемот. Овде очигледно дека не е само тоа, туку си има и друг елемент и позадина.
Секако дека ќе нагрнат нови 500 000, откако претходните 500 000 биле легализирани. Тоа е исто како дивоградбите во Северен Фиром што трпеливо чекаат легализација зашто знаат дека ќе има.