Демократски ветрови во ЕУропска!
--------------
ЕУ е створена по моделот од САД, како „конфедерација„ од држави и народи кои ем „до вчера„ ратуваа со векови, ем немаат нешто посебно заедничко, ама ете, газдата им од другата страна „на барата„ им наметна „дружење„, кое со годините прерасна во желба за претворање на ЕУ во наддржавна структура, во која народите и нивните држави ќе го изгубат суверенитетот во потполност.
Па не би рекол.
ЕУропска е создадена како брана против СССР, значи за потребите на САД.
Друга причина е што САД на некој начин требаше да ја капитализира својата улога во ВСВ.
Па така дојде до маршалов план.
Намерно се развива особено западен Германистан со намера да се покаже дека од другата страна е тиранија а види не нас имаме рок и играме по цел ден....
Со растурањето на СССР и ВД ЕУропска ја изгуби својата улога...
По рушењето на берлински зид ЕУропска сењ претвори во монструм каде на големо се форсираше нацифашизам и набрзо се претвори во четврти рајх.
ЕУ, според моето скромно мнение, може да се распадне на пар начини:
- со нова војна, предизвикана на европско копно и,
- со нова прераспределба на „сфери на влијанија„ од страна на големите и јаките, пред се‘ САД, Кина и Русија па и Индија.
До тој „филм„, ЕУ ќе постои на овој или на оној начин, постепено голтајќи народи чии влади сакаат влез во ЕУ само за да не „влезат„ под Кина или под Русија, а во меѓувреме, можема да се „надеваме„ дека ЕУ ќе се рападне од некоја се‘ уште непозната „болест„.
Да, токму во тој контекст е спомната војната помеѓи ОТАН против РФ на тлото на Украина.
Треба да послужи како запалка, дали ќе дојде до тоа, мислам ДА.
И за САД предвидуваа(т) распад и граѓанска војна, ама никако да се случат...
Зошто толку брзаш?
Тоа се процеси кои се одвиваат со години и децении.
Таму поделбите се толку големи што укажува дека се создадени услови, а кога и како кој би знаел.
И доаѓањето на Трамполина придонесува за тоа би рекол, служи како катализатор.
„БРЕГЗИТ“ нема “благе везе„ со распадот на ЕУ оти ВБ никад не беше дел од ЕУ, односно беше во ЕУ само во мерка во која ВБ имаше корист од ЕУ.
Да де и во ЕУропска го мислеа истото сега не знаат кај им газето кај главата.
Од самиот почеток (римски клуб односно договорот за челик и јаглен) УК е дел на приказната.
Според Мирка Велиновска (се согласувам со неа!), ВБ излезе од ЕУ само од една причина-тоа е „најавената„ прераспределба на Светов на „сфери на влијанија„ а во тоа делење на „колачнот„, ВБ, како стара империја, ќе сака да „к‘сне„ барем мал дел.
Велиновска своето мислење го гради на нејзини врски со ...., јас мојот став/мислење го градам врз политиката која ја практицираат во случајов УК.
Мислам дека УК првенствено излезе затоа што почна да ја губи својата позиција во нејзините творби (САД, Канада, Австралија и Н Зеланд - набразо е создаден атлантско/енглески нато) како членка на ЕУропска рацете и беа врзнаи во тој поглед.
Мислам дека првенствено излез за да ја сочува својата позиција а не да ќари.,
А ако ќари тоа е уште подобро ама не мислам дека силите кои се во раст ќе и го дозволат (особено им се во сеќавање опиумските војни а и Индија каква таква има лошо искуство.... Пакистан итн итн..) тоа повеќе е да се сочува позицијата.
Што се однесува до Северџганистан тоа е ирелевантно за нив за нас Македонците пак е сериозен проблем, ама кога си под окупација немаш избор или ќе служиш или ќе се бориш за слобода, кај нас имаме квислинзи тие одлучиле да служат.