- Член од
- 18 септември 2009
- Мислења
- 49
- Поени од реакции
- 2
Европските сојузници не го укинувале ембаргото, правдајќи се со хуманитарни причини, додека, во четири очи, клучните европски сојузници му приговарале на Клинтон оти независна БиХ би била неприродна, единствена муслиманска држава во Европа
Босна и Херцеговина остана без меѓунардона воена помош во текот на војната поради европскиот страв, таа да не стане единствената муслиманска држава на нејзината почва. Ова го пишува познатиот американски историчар и добитник на Пулицеровата награда, Тејлор Бренч во својата книга "Клинтонови снимки", создадена врз основа на приватни разговори со Бил Клинтон во периодот на неговите два претседателски мандати во Белата куќа, пишуваат медиумите во БиХ.
Клинтон сакал, пишува Бренч, да го укине ембаргото за оружје на БиХ, но не можел тоа да го направи бидејќи имал голем притисок од европските сојузници, поради што Клинтон тоа го сметал како еден од најголемите негови неуспеси во првиот мандат. За Клинтон, ембаргото било казнување на БиХ како најслаба држава во регионот, а во исто време и најголема жртва во војната на поранешна Југославија.
Европските сојузници не го укинувале ембаргото, правдајќи се со хуманитарни причини, додека, во четири очи, клучните европски сојузници му приговарале оти независна БиХ би била неприродна, единствена муслиманска држава во Европа. Поради тоа, Клинтон честопати говорел дека сојузниците во Европа го поддржувале ембаргот, само затоа што така БиХ останувала во неповолна положба во однос да другите екс-ју држави.
Бренч понатаму пишува дека на Клинтон особено му паѓала в очи безобѕирната изјава на Митеран "дека на муслиманска држава не и е местото во Европа". Но, сличен став имале и другите, како на пример британските официјални луѓе кои зборувале за болна, но вистинска христијанска Европа. Наспроти француските и британски ставови, германскиот канцелар Хелмут Кол го поддржувал укинувањето на ембарго, но тоа не успеало бидејќи Германија немала место во Советот за безбедност на ОН.