ЕвроБаскет 2025

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот европски шампион?

  • Србија

    Гласови: 13 65,0%
  • Германија

    Гласови: 0 0,0%
  • Франција

    Гласови: 2 10,0%
  • Грција

    Гласови: 1 5,0%
  • Шпанија

    Гласови: 2 10,0%
  • Турција

    Гласови: 0 0,0%
  • Литванија

    Гласови: 0 0,0%
  • Латвија

    Гласови: 1 5,0%
  • Италија

    Гласови: 1 5,0%
  • Словенија

    Гласови: 0 0,0%
  • Некоја друга држава

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    20

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
198
Поени од реакции
141
EuroBasket_2025_logo.svg.png
За 20 дена започнува европското првенство во кошарка, попознато како ЕвроБаскет 2025. Ќе биде 42 издание на шампионатот и ќе се игра од 27 август до 14 септември. Домаќини ќе бидат четири држави со по 1 град во Кипар, Финска, Полска и Латвија. (нешто што лично јас не разбирам, зошто секое првенство од 2015 на вака избираат по 4 домаќини, а не еден чија култура ќе се промовира најмногу, како во фудбалот каде секогаш домаќин е 1, а ако се повеќе, секогаш се држави кои се блиску меѓусебе на карта или имаат многу слична култура. Да немаа инфраструктура добро, ама 4 сали низ цела држава имаат сигурно)

Македонија за жал не успеа да се квалифицира и покрај не толку лошиот пат кон првенството. Во преквалификациите, Македонија ја прескокна првата рунда, а во втората во иста група се најде со Данска со која два пати славевме, гости 70-73 и дома 74-71, Словачка која ја победивме дома 79-75 и гости загубивме 82-73 и Норвешка со која издоминиравме и дома и гости со резултати 58-36 и 41-79. Со пласирањето на првата позиција, ја прескокнавме третата рунда и директно дојдовме до квалификациите. Таму се најдовме во група со Естонија од која изгубивме дома 69-74 и гости 84-65, Полска која ја победивме двата пати 71-96 и 88-74 и Литванија која не кошташе евробаскет од која загубивме 67-82 и 94-72. Завршивме на трета позиција.

Групите се:

Група А (Рига):
Потругалија
Естонија
Латвија
Турција
Србија
Чешка Реп.

Група Б (Тампере):
Германија
Финска
Велика Британија
Литванија
Шведска
Црна Гора

Група Ц (Лимасол):
Кипар
Италија
Грузија
Шпанија
Грција
Босна и Херцеговина

Група Д (Катовице):
Исланд
Франција
Словенија
Полска
Белгија
Израел

Топ 10 фаворити се: Србија, Германија, Франција, Грција, моменталниот шампион Шпанија, Турција, Литванија, Латвија, Италија и Словенија.
 
Топ 10 фаворити се: Србија, Германија, Франција, Грција, моменталниот шампион Шпанија, Турција, Литванија, Латвија, Италија и Словенија.
Пола екипи си ги ставил во фаворити :)
Ама ја би рекол Србија (реално најдобар состав до сеа што го извадиле, нема слаба страна, се надевам ќе нема повреди) би требало да догураат до крај, но секогаш Србија кога била топ фаворит заебале работа..
Германија исто имаат состав за респект, мислев дека после светска титула ќе паднат во форма, ама уште се држат на јако ниво, ги гледав пред некој ден со Словенија, делуваат моќно.
Останатите што си ги набројал сите се со знак прашалник ова првенство. Шпанија имат смена на генерација, Франција исто, пола играчи што требаше да се тука нема да дојдат на првенството.
Италија има симпатичен состав на ова првенство, само колку ќе се компактабилни.
Интересно првенство ќе е во секој случај.
 
Нагласено е, ТОП 10 ФАВОРИТИ:)
 
Србија е овој пат најјасен фаворит, особено ако нивните ѕвезди се комплетни и немаат посериозни здравствени проблеми. Германија и Франција се најголеми ривали, а до каде ќе стигнат Грција, Словенија или Шпанија ќе зависи од формата на денот.

1. Србија
2. Германија
3. Франција
 
Шпанија сите ја потценуваме секогаш, и секогаш од сенка стигаат до некој успех. Овој пат не мислам дека ќе биди така и ова ќе биди нивното најслабо првенство, баш поради таа смена на генерации која ќе резултира со успех на некое друго наредно натпреварување (ко Македонија исто, и ние менуваме генерации хаха).

Србија е фаворит број еден, и тука би ги ставил Франција и Германија. Ама после оној перформанс на ОИ, мислам дека србите се гладни за злато и сериозно ќе си ја сфатат работата. Секогаш има едно но, а во случајов е балканскиот менталитет.

Фаворит од сенка: Грција, Словенија, Италија. И Турција ми иди да ја спомнам, оти турчин будала.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom