- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.391
- Поени од реакции
- 17.516
А група, група во која се наоѓа актуелниот Европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, домаќинот на ова Европско првенство репрезентацијата на Литванија и еден од главните фаворити за триумф, и Светскиот вице-шампион репрезентацијата на Турција, во сенка на овие репрезентации, во оваа група ќе се натпреваруваат и Полска, Велика Британија и второпласираната репрезентација во дополнителните квалификации, а тоа е Португалија.
Првите три места во оваа група мислам дека би требало да се јасни уште пред стартот на првенството, класа над другите репрезентации се Шпанија, Литванија и Турција, интересни ќе бидат само нивните меѓусебни дуели кои ќе одлучуваат за пласманот од прво до трето место во групата и по поволна позиција за во наредната фаза.
Нема ни да ме изненади ако од овие три репрезентации, две се најдат во финалето на крајот.
Натпреварите ќе се одиграат во Panevezys .
Распоред на натпреварите:
Прво коло:
Шпанија-Полска
Турција-Португалија
Литванија-Велика Британија
Второ коло:
Португалија-Шпанија
Велика Британија-Турција
Полска-Литванија
Трето коло:
Шпанија-Велика Британија
Португалија-Полска
Турција-Литванија
Четврто коло:
Велика Британија-Португалија
Полска-Турција
Литванија-Шпанија
Петто коло:
Велика Британија-Полска
Шпанија-Турција
Португалија-Литванија
Натпреварите се во следните термини:
Прв меч- 14:15 часот
Втор меч- 16:45 часот
Трет меч- 20 часот
Ѕвезди во оваа група, играчи на кои треба да се обрати внимание се:
Рики Рубио
Руди Фернандез
Јасикевичиус Шарунас
Робертас Јавтокас
Јонас Валанчиунас
Oмер Ашик
Семих Ерден
Ерсан Иљасова
Хидае Туркоглу
...


