- Член од
- 7 март 2009
- Мислења
- 1.274
- Поени од реакции
- 965
1. Пред да се осудиш себеси,потсети се прво кој го продаде ЕСМ на странска компанија за дебела провизија,јас колку што се сеќавам тоа беше влада на СДСМ на чело со клапоушестиот Бучковски!Па ќе одам скромно и клапасто да си ја платам уште првиот час коа ќе ми биде донесена. Да се осудам себеси зато што имам македонски браќа кој ја избрале оваа власт.
2. ЕСМ беше рентабилна компанија пред да ја продадат нашиве "лидери" ,само што тие направија филм дека ЕСМ пропаѓа,дека е готова и пред стечај итн. по што лесно ја продадоа.На тој начин се испродадоа еднакупа златни кокошки кои несеа златни јајца и чии пари остануваа и се вртеа низ Македонија,за разлика од сега кога тие пари се носат во банки и држави од кадешто потекнуваат нивните нови газди!
3. Се срамам од сите досегашни македонски влади и "лидери",тоа се најобични профитери и мафтосувачи на јавноста-демек ние работиме и работевме за доброто на Македонија,а уствари работат само за доброто на својот џеб и за зачувување на своите фотељи! Како еден од многубројните докази за ова мое тврдење би го издвоил моментот од аферата ТАТ,кога сите тогашни министри и властодржци си ги повлекоа своите заштеди од штедилницата една недела пред таа да пропадне,а ги оставија останатите граѓани со прстот во уста и со јажето на рамо(за да се обесат на некое дрво). Како тие копиљаци знаеја дека штедилницата ќе пропадне,како успеаја да ги извлечат своите пари,тоа ќе остане енигма само за неупатените,а овде зборам за "лидери" од типот на Тито Петковски итн...
4. Погорните 2 точки важат и за владата на сега веќе побугарчениот "лидер" Љубчо Ѓ. кој на сличен начин го продаде Телеком на странска компанија со исто така матни "лидери"-се сеќавате на Атила по кој издадоа потерница за криминал направен во неговата земја,или на ујдурмите кои ги правеше овде со неговиот татко на кој му давал 10.000 евра месечна плата како советник,а татко му појма немал што е мобилен телефон,а камоли пак совети да дели...подобро да застанам,оти ќе треба да се изнервирам од ваквите "лидери",поздрав!
