Тоа не знам, но треба да се размисли за сите алтернативи.
Која е алтернативата ако си останеме FYROM, т.е. Бивша Југословенска Република Македонија и не влеземе во НАТО?
Јас слушнав само една алтернатива - не сакаме НАТО, сакаме руски ракети и сојуз со Србија и Република Српска.
Можеби токму затоа некои упорно сакаат да остане тоа срамно име Бивша Југословенска Република Македонија, за да може полесно да не втурне во иден сојуз со Србија и Република Српска во некаква Нова Југославија. Имајќи предвид кои се застануваат во одбрана на името FYROM, некакви Миленковци и Латасовци, познати југоносталгичари, ништо не ме изненадува.