Факт е дека третопласираниот од оваа група може да биде во најдобра позиција во нокаут фазата и баш ради тоа го ебаа ЕУРО-то кога го направија да биде во овој формат.
Првиот - во 1/8 финале оди на Франција/Германија/Португалија, па во 1/4 финале победникот на Група Е (можеби Шпанија?)
Вториот - во 1/8 финале оди на второпласираниот од групата на Шпанија (што исто може да биде и Шпанија), а во 1/4 финале на првиот од групата Ф (групата на Франција, Германија и Португалија)
Третиот од друга страна, во зависност од тоа од кои групи ќе бидат најдобрите 4 третопласирани репрезентации може да оди на првиот од Група Б (Белгија) или првиот на Група Ц (Холандија)
Ако им се поклопат коцките и ако одат на Холандија (која реално е најслаба репрезентација од сите гореспоменати), во евентуално 1/4 финале би играле со вториот од А или вториот од Б (значи Велс, Швајцарија или можеби Русија)... Прилично отворен пат до 1/2 финале. И сега кажете дека немало калкулации.