ЕУ спроведува SOFT genocide против Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата DameMak
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 декември 2008
Мислења
372
Поени од реакции
11
Дефиниција на геноцид (според wikipedia )

Genocide is the deliberate and systematic destruction, in whole or in part, of an ethnic, racial, religious, or national group.

Дали имаме докази дека ЕУ спроведува „SOFT genocide“ против Македонија и македонскиот народ?


  • [1]. Една нејзина членка (Грчка) не признава постоење на македонска нација, на македонски јазик, на македонска држава.
    [2]. Друга нејзина членка (Бугарија) не признава постоење на македонска нација и на македонски јазик.
    [3]. Една нејзина членка (Бугарија) дава со леснотија пасоши - ако се откажеш од својата македонска националност.
    [4]. Во исто време - цела Европска Унија не затворила како во гето и не ни даваат слободно да патуваме без визи (со што уште повеќе се стимулира народот да оди и да вади бугарски пасоши).
    [5]. Од време на време типови како Кушнер ќе се истрчаат и отворено ќе не уценат - сменете го името (т.е. унештете си ја сами нацијата) па ќе ви ги пуштиме визите.

Би сакал да го слушнам мислењето на луѓето на форумов - треба ли во оваа 2009 година пред конечното одлучување дали ќе ни ги симнат визите или не, предвреме да се разгракаме по сите меѓународни форуми, конференции и организации дека ако не ни ги укинат визите (и покрај тоа што ќе ги исполниме сите технички побарани предуслови) дека ЕУ всушност спроведува кон нашата македонска нација мек геноцид?
 
Ова што се прави врз нас е ГЕНОЦИД.

Ама џабе кога самите се сметаат за најголеми демкорати, на пример нај големите педери спрема нас, Французите си дозволуваат да и ставаат замерка на Кина за Тибет, ама од друга страна ја поддржуваат Грција во она што го прави.

Тие се сметаат за најдемократски земји.

Штета што неможе да се организира еден марш во Париз со 100.000 луѓе на оваа тема.
 
Нека уживаат сите...Некои овде ме познаваат а некои не.Единствено нешто што на нашата држава и фали за да биде дел од ЕУ се визите.Сите други услови и стандарди ги исполнуваме.Ако се направи реална статистика,животот во Македонија е подобар одколку во Романија и Бугарија.Тие наметнуваат правила и прописи на играње и ние ги исполнуваме.Игарата со идентитетот и постоењето е само тест.Ако попуштиме убаво за грците ако не ние сме сепак веќе дел од ЕУ, дури и повеќе одколку предходно споменатите две држави.Визниот режим ке олесни ако не 2009 тогаш во 2010 без разлика како ке бидеме поставени.А секако е подобро да ја задржаме политиката која е во наша полза. Кога веќе ке се укине визниот режим , отидете во европа оние кои имате можност и заработете за да се вратите во Македонија, праќајте пари во Македонија зашто тоа е единствен начин да ја изградиме својата држава.Ни треба прилив на странски девизи.Јас го правам истото веќе 2 год.Колку сум во можност толку.
Баталете ги европските критериуми зашто веќе ги исполнивме сите, ние сме една културна и софистицирана држава која е понапредна од последните две членки на ЕУ во секој случај.

Гордо Македонијо, се движиме Напред...
 
многу убаво си ја започнал темава, за жал не побуди барем досега позначаен интерес. од таа причина и пишувам, за да не се разочараш заради слабиот одѕив, инаку ќе пишев утре.

многу добро си ги набројал аргументите, а и идејата ти е одлична. вреди да се проба, оти ако не се проба ништо, ништо не може да се добие.

а и со темите знаеш како тие, секогаш латиноамериканските сапуници и новокомпонираните хрватски сапуници се многу погледани од "Latinica" на пр. на HTV. или Bilic исто така на HTV во петок (не ми текнува како му се вика емисијата)

намерно ја одбрав HTV, пошто од нашиве не можам да одберам ниедна, која по квалитетот барем малку се доближува до хрватскиот јавен сервис.

така е и со темите, иначе оваа е супер тема и ја погаѓа директно сржта
 
Фино кажано од тебе.Само да не започнете и на оваа тема да си докажувате политичко-партиски “триумфи“...

Ни требаат Македонци а не партијци
Нека ти е слава Тоше
Среќен Божиќ
 
Фино кажано од тебе.Само да не започнете и на оваа тема да си докажувате политичко-партиски “триумфи“...

Ни требаат Македонци а не партијци
Нека ти е слава Тоше
Среќен Божиќ

Taka e Goran Makedon!!!

Na prvo mesto NARODOT i DRZAVATA!!!

Na posledno mesto partiite i nivnite lideri!!!

Samo taka ke se izvleceme od gomnata vo koi ne butnaa tie isti partii i nejzinite lideri!!!
 
ЕУ нека оди по ѓаволите. Мислам дека ако се организира еден референдум, нема ни 25% од граѓаните да гласаат за Македонија да направи напори за да влезе во унијата.
 
Дефиниција на геноцид (според wikipedia )

Genocide is the deliberate and systematic destruction, in whole or in part, of an ethnic, racial, religious, or national group.

Дали имаме докази дека ЕУ спроведува „SOFT genocide“ против Македонија и македонскиот народ?

  • [1]. Една нејзина членка (Грчка) не признава постоење на македонска нација, на македонски јазик, на македонска држава.
    [2]. Друга нејзина членка (Бугарија) не признава постоење на македонска нација и на македонски јазик.
    [3]. Една нејзина членка (Бугарија) дава со леснотија пасоши - ако се откажеш од својата македонска националност.
    [4]. Во исто време - цела Европска Унија не затворила како во гето и не ни даваат слободно да патуваме без визи (со што уште повеќе се стимулира народот да оди и да вади бугарски пасоши).
    [5]. Од време на време типови како Кушнер ќе се истрчаат и отворено ќе не уценат - сменете го името (т.е. унештете си ја сами нацијата) па ќе ви ги пуштиме визите.

Би сакал да го слушнам мислењето на луѓето на форумов - треба ли во оваа 2009 година пред конечното одлучување дали ќе ни ги симнат визите или не, предвреме да се разгракаме по сите меѓународни форуми, конференции и организации дека ако не ни ги укинат визите (и покрај тоа што ќе ги исполниме сите технички побарани предуслови) дека ЕУ всушност спроведува кон нашата македонска нација мек геноцид?

Абе ти како да ја откри Америка ебаго,по којзнае кој пат?Ние веќе 18 години тврдиме и докажуваме по форуми,медиуми и контакти со странци дека сме ГЕТОИЗИРАНИ и дека врз нас се прави типичен софтициран геноцид во секој поглед,а ти како сега да си станал од спиење и гледаш дека си затворен во еден маѓепсан круг,осуден на тивко изумирање со сите можни притисоци и типично геноцидни начини на однесување.Разгракувањето по форуми и конференции воопшто не помага,овде помага само директно разговарање во секоја прилика помеѓу премиери,или председател со председател по однос на тоа прашање,но за жал во последно време како да нема такви контакти од страна на нашите раководни личности.Порано додека ги имаше,никој од нив не ни помислуваше да го спомне овој проблем па затоа дојдовме до вакво дереџе.:toe:
 
Вчера чув дека еден наш сограѓанин загинал во Италија, во сообраќајна незгода. А тргнал во Италија да најде работа, подобар живот, оти овде не можел. Патувал со Бугарски пасош. Ете ја политиката на ЕУ. Многумина земаа друго државјанство, не дека се осеќаат Бугари и ја сонуваат Бугарија секоја вечер, туку од мака, да отидат да заработат за леб.
Ама тоа од друга страна, статистички го зголемува процентот на Бугарско население во Македонија. Утепај се после од докажување дека си Македонец, кога си потпишал изјава дека си Бугарин.
Курвинска политика на ЕУ за бришење на Македонците- ГЕТО + Грчка блокада+Бугарски “спасители“ = Република на граѓаните на Македонија.
Не верувам во политиката на ЕУ, оти сите услови се исполнети, ама бадијала исполнети услови кога приемот , па и визното олеснување станаа политички одлуки, а не технички.
Од војни на форуми нема некоја прегоелема корист, ние ќе ја кажеме вистинита, ама во ЕУ многу добро ја знаат вистинита за Македонија. Затоа сме на оваа мака, ја усраа работата пред 100 години, сега треба да признаат дека згрешиле.
Тешко дека ќе ја проголтаат кнедлата. Мислите дека ќе дозволат да бидеме рамноправни во ЕУ со некои кои те уништуваат систематски, веќе цел век.Полесно им е да го продолжат геноцидот врз Македонија, полека , ама сигурно за да го затворат Македонското прашање.
Единствено оружје ни е упорноста, не да влеземе во ЕУ и НАТО, туку да се објави вистинита на погрешната политика. Поверојатно е сепак да добиеме визна либерализација, со што ќе можеме да заработуваме по светот како Македонци, а за влез во ЕУ сигурно ќе почекаме...
Ама за таму па ич не ми се ни брза, и онака иднината на ЕУ веќе од многу нивни аналитичари се гледа како песимистичка (благ израз) до катастрофална(ретко употребувано, не реално, затоа и премолчувано)
 
Абе ти како да ја откри Америка ебаго,по којзнае кој пат?Ние веќе 18 години тврдиме и докажуваме по форуми,медиуми и контакти со странци дека сме ГЕТОИЗИРАНИ и дека врз нас се прави типичен софтициран геноцид во секој поглед,а ти како сега да си станал од спиење и гледаш дека си затворен во еден маѓепсан круг,осуден на тивко изумирање со сите можни притисоци и типично геноцидни начини на однесување.Разгракувањето по форуми и конференции воопшто не помага,овде помага само директно разговарање во секоја прилика помеѓу премиери,или председател со председател по однос на тоа прашање,но за жал во последно време како да нема такви контакти од страна на нашите раководни личности.Порано додека ги имаше,никој од нив не ни помислуваше да го спомне овој проблем па затоа дојдовме до вакво дереџе.:toe:


Здраво АБЦ. Види - идејата ми беше дека можеби некој од политичарите ќе ги прочита овие постови на овој форум, и ќе добие идеја дека треба да се крене политичка галама ПРЕД ЕУ да донесе одлука за визите, а се со цел таа пранга и тој геноциден однос на ЕУ кон нас да престане.

Затоа што - што ако не заебат и оваа година и ни измислат нови услови и не ни ги укинат визите. Отпосле може да се буниме сите како народ, а и политичарите како претставници на државата - АМА знаеш како викаат „после каење нема еб*ње“.

Воедно им се заблагодарувам на сите добронамерници кои постирале на оваа тема - и точно е: по ова прашање мислам дека нема политички поделби и разлики.
 
Еу тоа СМИСЛЕНО го прави, уште кога се уфнаа по Лисабонската декларација -- 100% во полза на Грција -- дека кршат основни принципи на меѓународното право, решија посуптило да не убиваат.

Им искрсна македонскотио прашање повторно во 1990 за кое мислеа дека е затворено, беа неспремни, а и ние бевме, плус ја имавме продадената сурија на власт - Киро, Денко итн. кои додатнон ја закомплицираа работата преу давање оптстапки за најоснови работи за кои не смее да се ни разговара!

Економските блокади, визите, бугарските пасоши, мешањето во внатрените работи, итн. ... се’ се тоа инструменти на асимилација уз невидена дволичност на ЕУ.

Сигурно дека треба пропаганда и дигање галама за нивната т.е. укажување на нивната непринципиелност и лицемерие на секое ниво, не само на премиерско.
 
Економските блокади, визите, бугарските пасоши, мешањето во внатрените работи, итн. ... се’ се тоа инструменти на асимилација уз невидена дволичност на ЕУ.

Имам слушнато дека и Грчка дава пасоши (на просперитетни бизнисмени, и на егејски фамилии кои сакаат да се откажат од македонската националност) ама не со толкав интензитет. На пример знам едно семејство, пред 2-3 години од Тетово (инаку егејци - бегалци кои на времето се населиле во Тетово) им дадоа грчки пасоши ама овие незнам дали се напишаа дека се грци по потекло.

Во секој случај мекиот геноцид кон македонците е очигледен.
 
DameMak, уште пред да ја прочитам твојата последна порака, се логирав на форумов со намера да пишам на твојата тема, и тоа многу слична содржина на твојата порака.
Еве во што е мојот страв:
прво, убеден сум дека македонскиот идентитет нема да исчезне, јас не се плашам од тоа, туку се плашам дека државата можеби нема да псто во сегашната форма и ќе објаснам зошто.

Знаеме колку бугарски државјанства досега имаат замено наши сограѓани. Знам луѓе од јужниот дел на Република Македонија, кои од истите тие т.е. од практични причини би земале атинско државјанство. Е сега кај атињаните тоа малце потешко оди, ама мислам многу веројатна е опцијата и тие да почнат да го прават тоа што бугарите веќе пред многу години почнаа, но атињаните можат да постават и дополнителни услови, а мислам дека многу од нашите сограѓани ќе ги прифатат.
Многу наши сограѓани од западниот дел на Р. Македонија имаат веќе побарано албанско државјанство, со тенденција тој број да се зголемува, а некои веќе имаат добиено.
За не многу долго време може да се доведеме во ситуација повеќе од 50% од населението да има (и) туѓо државјанство. атињаните тогаш можат во нивниот парламент да донесат закон со кој се забранува двојно државјанство, па нашите сограѓани ќе мора да се решат за едно од двете.

Еве ви конкретен пример нашиот оперски пејач и голем патриот Борис Трајанов, воопшто не е македонски државјанин, бидејќи германскиот закон не дозволува истовремено да имаш и германско и друго државјанство, па тој од практични причини се одлучил за германското.

Значи на овие бугарски, грчки и албански државјанства (од косовските многу не се плашам иако и нив ќе ги има) да ги додадеме и германските и другите странски државјанства. Значи може да се доведеме 60% од населението да биде со туѓи држ, мислам ми ја сваќате поентата, ај после ќе продолжам се уморив

понатаму со укинување на визите од страна на ЕУ (не либерализација туку укинување) многу способни македонци ќе отидат надвор и многу со намера да не се вратат, бидејќи на многу веќе им е пукнат филмот од се.

И да не пишувам сценарија (ах, ги заборавив нашите сограѓани кои имаат и српско државјанство од северозападниот дел на Р. Македонија) проблемот ќе биде со Скопје. Заправо и не е проблем, можеби Скопјани и најдобро ќе поминат и ќе биде нешто како Берлин (не дај боже Бејрут, за ова сепак не верувам), бидејќи Скопје нема да може да се приклучи ни на бугарија, ни на атина, ни на албанија, ни на србија. Може да стане протекторат или па како што реков Нов Берлин ама без ѕид.

Знам дека е многу црно сценарио, ама мислам дека не е нереално, особено бидејќи јас од нашиве политичари веќе ништо добро не очекувам, без разлика дали се работи за државници или реформатори. Па и некои нови да дојдат, не верувам дека ќе бидат значително подобри, башка третиот пат одамна умре, значи нови нема, а од овие двете погледајте им ги само подмладоците и се ќе биде јасно. Можам и понатаму да образложувам, ама за сега толку.

и ова да дообјаснам, значи уште на почетокот реков македонскиот народ нема да исчезне, примерите на народи без држави го докажуваат тоа, ако таа бела точка во црнилото тоа воопшто ни е некоја утеха.
 
Прашање: Нели треба да е SILENT Геноцид?

Инаку овој геноцид се случува низ цела ЕУ. Многу земји иако навидум како да го зачувуваат својот идентитет, многу од нив полека но сигурно го губат. Тоа е повеќе од јасно ако се земе во предвид дека ЕУ е збир од народи и каде што еден добива друг губи.
Прост пример за ова во ЕУ е Велика Британија. Велика Британија полека ја губи конкурентноста на своите рибари за сметка на Шпанските (кои се во планот на ЕУ и добиваат поголем надоместок). Така традиционалното Британско јадење „Фиш енд Чипс“ (риба и пржени компири) полека станува се понедостапен за секојдневниот Англичанец. Ова е така бидејки рибата повеќе не се лови локално во Англија туку во Шпанија. Па така изумира една вековна Англиска традиција на риболов и свое јадење.

Мали детали како овие значат многу за посебноста на еден народ, а посебноста на Македонскиот народ е посебно на мета. Бидејки не сме многу, сме со слаба самосвест (и самодоверба) и не сме сложни во културното почитување, Македонската нација лесно подпаѓа под ваквиот тип на геноцид. Сето ова комбинирано со тоа во првиот пост, навистина придонесува да полека но сигурно се губи едно нешто, Македонско во нас.

Всушност Лисабонскиот договор на истата ЕУ предвидува сите да си изгубат дел од својот идентитет, суверенитет и интегритет, па зошто и Македоноја (иако не е членка на ЕУ) да го направи истото? <- Вака ЕУ ги гледа работите (не сум јас тоа), и навистина е жално ако подклекнеме на ваквите ГЛУПОСТИ.

Од друга страна пак тоа што Гејлада не ни признава - Нација, јазик, држава и име, истата го поттикнува Македонскиот дух и не прави посилни. Токму таа упорност на Гејлада за негирање на Македонците, го искорени (барем делумно) тоа најлошото кај Македонците, зборувам за само-негирањето. Повеќе Македонци денес носат бои и симболи на Македонија од кога и да е било досега. Повеќе Македонци се горди на своите корени. Повеќе Македонци се свесни за тоа кои се и што се и каде навистина припаѓаат. Повеќе Македонци не се срамат да ја покажат својата Македонштина каде и да било.

Бугарите пак со своите идиотски излагања наместо „Единството прави силата“ не оддалечуваат повеќе од нив. Тие сакаат да не направат едно исто а не им е јасно дека се повеќе антипатични стануваат во очите на Македонците. И таа толеранција што ја имавме кон татарското племе веќе не постои, едноставно самите си водат политика која што оди контра нивната политика.

За Бугарските пасоши... па донекаде ги разбирам луѓето дека бараа егзистенција, но треба сите до еден да ги изгорат штом добиеме визна либерализација... во спротивно тоа значи дека е 1:0 за татарстан.

Заклучок: Единствен начин на кој Македонците можат да го изгубат своето (да потклекнат на геноцидот) е ако под вакви услови влеземе во ЕУ. Со тоа ние ќе го изгубиме малиот суверенитет и интегритед што го поседуваме и ќе им дадеме можност на лакомите соседи да се насладат од нашата мизерија. Едноставно прифаќање на условите за членство во ЕУ (губење име на држава и идентитет) е национално самоубиство - а кога ќе влеземе во ЕУ со нејасно име и идентитет, каде што систематски и автоматски го губиме целосниот суверенитет и интегритет(гледано според Лисабонски договор), сами подлегнуваме на вековниот геноцид кој што се врши врз Македонската нација. Никој неможе да не истреби освен ние самите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom