Не дека сум некој експерт, ниту сум професионалец во шоферлакот, сепак, имам извозено доста различни возила, од рфазлични епохи, од проста механика, до технички совршенства на 4 тркала, и би рекол вака.
Сите оние новотарии опфатени со темата во смисла АБС, ЕБД ЕСП и нивни варијанти (во зависност од марката) се доста корисни, но не и семоќни.
Ја знаете онаа, за да те чува Господ, самиот треба да се чуваш?
Сега и ќе објаснам:
АБС не дава да заблокираат тркалата при нагло кочење, а со тоа колата да се однесува како санка, т.е. скоро без контрола. ЕБД ја дистрибуира силата на кочење во зависност од потребите, т.е. препознава кога треба појако, кога послабо кочење. Заедно го намалуваат патот на застанување на возилото, но сепак се зависи од самиот возач, од неговата процена и внимание.
Мене АБС ме има спасено од класична маказа, со тоа што ми овозможи да се вратам од сред претекнување зад камионот кој го претекнувам, т.е. ми даде време за бегство

Ако беше возило без АБС, сигурно ќе имав подолг пат на кочење и можен беше челен судар.
Сепак, што побрзо возење, толку поголем пат на застанување, а во критична ситуација неможе ни АБС ни Свети АБС да помогне.
ЕСП е уред кој ја одржува контролата на стабилноста на возилото, поврзан е со тракшн контрол и го одржуваат правецот на движење на возилото кој му го задава возачот на принцип на контрола на секое тркало посебно преку забрзување на тркалото или негово кочење, во зависност од потребата за да се задржи зададениот правец и да се избегнат пролизгувањата. Им препорачувам такво возило на возачи-почетници.
Сепак, неможе софистицираната електроника против законите на физиката, а тоа важи за високи брзини, а и на лед.
Значи, културно возење, замислете дека немате такви помагала во возилото и ќе имате безбедно возење.
ЕСП е замислен да исправи мали возачки грешки, а не лудување.
Грешки во смисла преценување на кривина, нагло менување на правец заради избегнување препрека и сл.
Ми се случи класичен пример на вклучување на ЕСП заради одрон на патот, во кривина (неможев да видам. Не доаѓаше возило отспротива и забегав лево, светна ламбичката ЕСП, и без корекции со воланот елегантно се вратив во мојата лента. НО, брзината не беше дивјачка, некаде околу 70 мислам...евентуално 80 на час.
На видеата е инаку очигледно дека на возилата без ЕСП, возачот не се ни обидува да го контролира возилото
