Животот е угоре удолу. Како жена во средни триесетти години се соочив со неочекуван проблем. Имено, голем процент од моите машки врсници 35+ се веќе зафатени и покрај сите напори за врска со некој близу до мојата возраст, моја генерација, секогаш беше проблем зафатен е, не ми се допаѓа, не заработува или воопшто не работи, не ми одговара по други параметри и така. И по година и некој месец неуспешно дејтање, запознавам личност која и физички, и духовно и со манири и со став и со се ме инспирира и исполнува. По лик не можев да препознаам но Mr. Right да ти имал 48 години. И на целата бајка - проблем. Не може да постигне целосна ( тврда ) ерекција. Но сладок како што е, прави се за јас да сум задоволена, и сум, само пенетрацијата е слаба. Дали некој има слично искуство и дали има реален лек за ова и природен а да не е Вијагра или некоја нејзина варијанта? Тој вели дека ова порано не му се случувало па се сомневам дека е импресиониран ( уплашен ) дека јас сум многу помлада и блокадата може да е и психичка.
Имате некои добри и практични искуства без да бидете злобни, зајадливи или духовити?