Епикуреизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Дали летово ќе уживате помалку доколку одите на кампирање или ќе се задолжите некаде за потоа да отидете во некое монденско летувалиште,па штом се вратите да прераскажувате наголемо пред пријателите,додека нивните лица полека се изобличуваат од љубомора?

Таквото прашање ги мачи сите приврзаници на епикуреизмот,учењето на старогрчкиот филозоф-материјалист и атеист Епикур,познат како ненадминат хедонист,кој во Атина основал филозофска установа за тренирање на среќата,чии ученици избезумени од алкохол и секс повраќале двапати дневно.

Настрана неговата развратност,сладострастие...,но Епикур тврдел дека телесното уживање е всушност почетокот и крајот на блажениот живот.Едновремено бил заговорник на далеку поумерената филозофија според која среќата се крие во малите работи како на пример,парче сирење и куп маслинки,играње со деца,лежење во длабока сенка...Богатството не гарантира среќа,уште помалку несреќа,но Епикур сметал дека никогаш нема да бидеме навистина среќни ако имаме пари,а немаме пријатели и слобода и доколку животот не ни е промислен.

Пред да изедеш или испиеш нешто,добро размисли со кого јадеш или пиеш,а не што јадеш или пиеш.Само лавовите и волците се гоштеваат без пријатели.

Можеби ќе одлучите да купите џип,но Епикур смета дека всушност барате слобода.Можеби ќе нарачете аперитив,но всушност имате потреба од друштво.

Дали навистина е така?
Дали ја гледаме секогаш позадината на нештата правилно и дали воопшто бараме значење за секоја постапка што ја превземаме или сме препуштени на секојдневниот механизам не размислувајќи СО КОГО да ги споделиме нештата туку да го најдеме наједноставниот начин само за нивното спроведување?
 
Aristip smetal deka srekata e vo telesnite zadovolstva, znaci jadenje, pienje, seks i toa sto poveke bez vrzuvanje.
Epikur bil poveke za potrajni zadovolstva kako prijatyelstvo, razgovor i slicno.
 
Претставата за Епикур како развратник и хедонист(со подоцнежната негативна конотација на тој збор) не е соодветна. Всушност, е далеку од реалноста за неговата филозофија.

Тој велел дека "Најголемото добро е желбата, а најголемото зло е болката". Но,мора да се има во предвид дека кога се говори за задоволство во контекстов, истото нема везе со екцесивно задоволување на телесните страсти и неуротичните потреби. Или, да се цитирам сама себе со пост од една друга тема:
Самиот Епикур велел дека резултатот од чинот кој задоволува одредена наша желба, мора секогаш да се мери преку неговите евентуални попратни дејствија. Прост пример...Ти се јаде чоколадо, идеш и купваш 300 грама и ги јадеш одеднаш. Она што ќе следи е лошење и повраќање. Или па сакаш да си пројдеш весела вечер, идеш се препијуваш со алкохол, си трошиш џепарац за целиот месец, и као врв повраќаш врз јакната на твојот другар. Тоа не е хедонизам, него безумност, похлепа, итн. На таквите задоволства хедонистите не би ни плукнале, затоа што сметале дека чинот кој носи задоволство на краток рок е безначаен во споредба со чинот кој носи поголемо, помоќно и задоволство на подолг рок.
Уште повеќе, за хедонистите, ужување не претставуваат само сетилните задоволства. Тие се всушност многу ниско на скалата на хедонистите. Она што се вреднува кај нив се нештата како пријателство, уметност, верност и сл. А меѓу најважните се прибраноста, воздржаноста и смиреноста на духот. И баш тие најмногу помагаат да се избегне болката.
Значи под хедонизам не се подразбира безглав, стихијен, хаотичен и себичен нагон за задоволување на личните потреби, туку една рамнотежа и умереност во се, за да би можеле да бидеме среќни и да ја избегнеме болката. Штом моето задоволство му причинува незадоволство или болка на оној до мене, тогаш според мерилата на хедонистите јас сум на погрешен пат.
Оттаму, она што носи краткотрајно задоволство,често носи и болка (понекогаш и на долги патеки), па, според мерилата и на Епикурејците, не е среќа и не е задоволство.

Затоа е и потребно да се запрашаме,секогаш кога копнееме по нешто :Како и зошто ме прави ова среќен?

И ако го имаме тоа трпение и храброст да си дадеме искрен одговор, не ретко може да бидеме и "поразени" од мотивот за нашите желби и потреби како и од нивниот резултат,односно да увидиме дека воопшто не не' парават посреќни, туку напротив.
 
Back
На врв Bottom