ЕП за фудбалерки до 19 години во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата gunner_mkd
  • Време на започнување Време на започнување

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Секој пораз до пет гола разлика ќе биде успех?!
D5D84E4E38BD79428C7AC1384CE0D004.jpg

Селекторот Димовски реален пред дебито на ЕП за фудбалерки до 19 години
Сашко Ѓ. Димовски
Освен што треба да се покажеме како добри домаќини, ќе треба да се задоволиме и со непретерани порази во мечевите на нашата репрезентација на претстојното Европско првенство за фудбалерки до 19 години што ќе се одржи во Македонија од 24 мај до 5 јуни.

„Не бегам од одговорноста, но ќе бидам задоволен од секој резултат што нема да биде претеран“, изјави селекторот Добре Димовски кој ќе ја предводи македонската селекција на ова ЕП 2010. Запрашан што е непретерано за него тој додаде: „За успех ќе го сметам секој резултат до 4 до 5 гола разлика“.

Македонија ја прифаќа аутсајдерската улога на шампионатот што ќе го организира. За нас нема лесен противник меѓу седумте состави (Англија, Шпанија, Франција, Италија, Шкотска, Германија, Холандија), кои ќе допатуваат во нашата земја, но Димовски и нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова порачуваат дека нема однапред да се предадат иако се е на страната на противниците. Тоа не треба да се сфати дека се негуваат некакви илузии туку како обид, надеж и верување за скапо продавање на кожата. Прва причина за нашата аутсајдерска улога е големиот јаз во квалитет меѓу Македонија и учесниците, втора е начинот на работа на тренинзите, трета е нивниот интензитет и фондот и на крајот возраста на фудбалерките. Додека учесничките на ЕП 2010 ќе настапат со генерација која треба да игра, ние ќе играме со фудбалерки на возраст од 16 и 17 години. Со дел од репрезентациите на шампионатот имаме играно досега, но сме радувале на погодок и притоа поразите беа убедливи. Од Шпанија - 9:0, од Франција - 7:0, од Холандија 11:0, неодамна доживеавме дебакл и во Осло, од Норвешка, со 14:0.

„Како репрезентација сме свесни за разликата во квалитет меѓу нас и било која селекција што ќе настапи на ова европско првенство. За традицијата, за резултатите, за начинот на работа на тренинзите. Секојдневно тренираат по двапати, а кога се подготвуваат за вакви големи турнири и по трипати“, изјави нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова, чие значење во нашиот состав селекторот Димовски го спореди со она на Горан Пандев во сениорската машка репрезентација.

„Нема лесни противници за нас, но кога би избирала би сакала да се најдеме во група со Италија, Шкотска и Шпанија“, дополни Андонова.

Седум дена пред првенството Македонија ќе се подготвува во Дојран каде што селекторот Димовски ќе ги има на располагање сите потенцијални репрезентативки. До стартот на ЕП ќе одиграме и четири контролни натпревари, два со Словенија и по еден со Белорусија и со Холандија.

Натпреварите на шампионатот ќе се играат на четири стадиони во два града. Три од нив се во Скопје („Железарница“, „Борис Трајковски“ и „Филип Втори“ и „Милано арена“ во Куманово. Осумте земји-учеснички на ова ЕП ќе бидат поделени во две групи на денешната ждрепка во малата сала во „Борис Трајковски“ во 18 часот во која извлекувањето ќе го извршат Андонова и една од легендите на македонскиот фудбал, Илија Најдоски.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најавува дека е одлично подготвена за организација на настанот и очекува ЕП да придонесе за поголема популаризација на женскиот фудбал кај нас и негова поголема масовност во иднина.

#

Од страната на ФФМ

Четврток, 15 Април 2010 13:30
euro1fr.jpg

Во пресрет на утрешното извлекување на групите за ЕП за жени до 19г што од 24. Мај до 05. Јуни ќе се одржи во Скопје и Куманово денеска прес конференција на ФФМ и националниот тим на Македонија кој ќе настапи на овој шампионат.
Според генералниот секретар Игор Климпер ова првенство е голема можност за афирмација на Р. Македонија бидејќи ќе учествуваат најсилните фудбалски нации во Европа.
ffm.jpg

Климпер побара подршка од медиумите за подостојно претставување на Македонија која организацијата на првенството ја доби благодарение на одличната организација на неколку квалификациски турнири.
Селекторот Добре Димовски не очекува чуда на првенството но сепак се надева на добри игри на нашиот тим во рамките на потенцијалот со кој располага бидејќи во селекцијата до 19г. настапуваат девојки родени 1993-та и помлади.
Желба на селекторот е Македонија да се најде во група со Италија и Шкотска.
- Сме играле со дел од репрезентациите учеснички на првенството и можам да потврдам дека се работи за извонредно силни и квалитетни селекции кои многу инвестираат во женскиот фудбал. Очекувам извонредно интересно и пред се неизвесно првенство. Ние со реализирање на зацртаната програма до првенството ќе се подготвиме максимално. Резултатите не се во прв план бидејќи очекувам во Македонија токму по ова првенство да порасне интересот за женскиот фудбал и многу подобри резултати во иднина.
euro2fr.jpg


Нашиот најдобар фудбалер и капитен, Наташа Андонова очекува добар настап и барем едно изненадување во дуелите со репрезентациите кои сигурно се многу поквалитетни и поискусни од нашата селекција.
Свеченото извлекување на групите е закажано за утре (петок) во 18ч. Во спортската сала Борис Трајковски (мала сала).
Во понеделник ФФМ и официјално ќе го пушти во употреба специјалниот Веб-сајт за првенството на кој ќе може да се комуницира и со посредство на социјалната мрежа Фејсбук.



Видео од нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова




Како што изјавуваат сите би сакале што подобро да поминат на ова ЕП односно да не се доживеат некои огромни дебакли ...
Како и да е ова е одлична шанса за промоција на нашиот женски фудбал и отварање шанси за девојките да ги продолжат своите кариери и да напредуваат надвор од нашата држава ,а воедно е и голема промоција и потик за оние кои што сакаат да почнат со тренирање на фудбал во нашата држава
 
Ако има разменување на дресови тогаш ќе одам да ги гледам. :)
 
Ја најдов голманката на Фејсбук :) и сум пријатно изненаден од нејзиниот прекрасен изглед ,штета што голманите не заменуваат дресови
 
Ја најдов голманката на Фејсбук :) и сум пријатно изненаден од нејзиниот прекрасен изглед ,штета што голманите не заменуваат дресови


Голманката (ако е истата од лани која ја гледав во Ѓорче против Шведска) тогаш е најсмотаното нешто од фудбал. Греотка. Какви голови примаше. Повеќето и самата си ги даваше од неспретност. Слаба репрезентација. Среќа и ако се едноцифрено со голови изразено поразите.
 
Само се надевам дека нема да се избрукаме во однос на организацијата на ЕП и дека барем малце од малце ќе бидат полни стадионите каде ќе се одиграат натпреварите, а за репрезентацијата и нејзините игри, мислам дека немаме на што да се надеваме, уствари имаме, барем да дадиме по некој гол, а да не примиме повеќе од 10..

..интересно е што последните три натпревари од шампионатот( двете полуфинални средби и финалето) ќе бидат пренесувани на Еуроспорт
 
Ја најдов голманката на Фејсбук :) и сум пријатно изненаден од нејзиниот прекрасен изглед ,штета што голманите не заменуваат дресови

Дај линк да видиме:) И ги има некаде сите да ги видиме кој се што се, на странава на ФФМ не видов?

Инаку ако сме домаќини ни е единствена шанса за учество на ваков настан и тоа е позитивно, но од друга страна ако сме толку слаби и се плашат од дебакл тогаш зошто воопшто организираат? Друго е да те растурат на страна, друго е пред своја публика.
 
Еве го голманот :)
Неможам да најдам комплетен список на репрезентацијата ,меѓутоа како што пишува во текстот во понеделник ќе биде објавена и веб страна специјално за првенството па би требало таму да ги има сите
 
Дај линк да видиме:) И ги има некаде сите да ги видиме кој се што се, на странава на ФФМ не видов?

Инаку ако сме домаќини ни е единствена шанса за учество на ваков настан и тоа е позитивно, но од друга страна ако сме толку слаби и се плашат од дебакл тогаш зошто воопшто организираат? Друго е да те растурат на страна, друго е пред своја публика.

Код:
http://www.uefa.com/womensunder19/index.html

Eте ти ја страната за шампионатот, али за Македонската репрезентација нема ниту една информација т.е целосниот тим
 
НА овој сајт мислев :)

Во понеделник ФФМ и официјално ќе го пушти во употреба специјалниот Веб-сајт за првенството на кој ќе може да се комуницира и со посредство на социјалната мрежа Фејсбук.
 
Еве можност за Наташа да се прослави. Со еден даден гол ја ке бидам презадоволен :)
 
сме организирале повеке турнири од ракомет и кошарка но ова е прв пат да се организира од ваков спорт да се надеваме ке биде во најдобар ред :smir:
 
Еве можност за Наташа да се прослави. Со еден даден гол ја ке бидам презадоволен :)

Ќе распалат сестрите Андонови:vozbud:, а со ова првенство имаат предност за да ги видат и скаутите, па да заминат од оваа отепана лига и да просперираат во некоја друга земја
 
Ќе распалат сестрите Андонови:vozbud:, а со ова првенство имаат предност за да ги видат и скаутите, па да заминат од оваа отепана лига и да просперираат во некоја друга земја

точно така ке проспериаат тие млади девојки некако но шо е со машката фудбалска репрезентација :toe: мислам дека треба да се организира и еден таков турнир и за машки:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom