- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.144
- Поени од реакции
- 16.850

Кога во неа се наоѓаат репрезентацијата на Франција, актуелниот вицепрвак од последното ЕП, репрезентацијата на Србија, силната Полска, и подмладената репрезентација на Русија, предводена од играчот на Металург, Павел Атман, како поинаку да се нарече?
Франција после првенството одржано во Србија, 2012 година, кога имаше катастрофален резултат и најлош од сите нивни настапи на првенствата, каде на крајот заврши на 11то место, на ова доаѓа со изменет состав, и со создавање на тим за ЛОИ во Рио 2012, без Бараше, Динар, Бертран, Жером, па можеби ќе отсуствува и прославениот голман Омејер), на овој шампионат не е сместена во репрезентациите кои ќе претендираат за златото, но тоа не мора и на крајот така да испадне. Во тимот сеуште имаат големи играчи, од типот на Никола Карабатиќ, играчот на Барселона, кој е еден од најдобрите светски играчи, во тимот уште е и Даниел Нарсис, и Акамбре.
Предводени се од Клод Онеста, од кого се надеваме дека на ова првенство ќе донесе нешто ново во тимот на Франција.
Настапи на ЕП
‘96 - 7. место
‘98 - 7. место
‘00 - 4. место
‘02 - 6. место
‘04 - 6. место
‘06 - шампион
‘08 - 3. место
‘10 - шампион
‘12 - 11. место
Пријавени играчи за ЕП
Србија, репрезентација која во ждребувањето се наоѓаше во првиот барабан, се заради нивниот успех создаден на ЕП во 2012, одржано токму во нивната земја, каде го освоија второто место, во финалето од нив подобра беше репрезентацијата на Данска.
Но, Србија покажа дека дека е домашна репрезентација и успесите ги темели на домашната публика во Чаир и Бео Арена, и најдобро игра на домашен терен, тоа го потврдија со нивните настапи на ОИ во Лондон, а и на СП во Шпанија, кога тоа второ место на ЕП не го оправдаа со нивните игри на тие две натпреварувања.
Тим создаден од водечки играчи во неколку познати клубови, во Бундес лигата, тим со одлично голманско дуо, од еден од најдобрите голмани во последните неколку години Дарко Станиќ, и тука надежниот голман играчот на Вардар, Страхиња Милиќ.
На овој шампионат Момир Илиќ, Жарко Шешум, Марко Вујин и соиграчите мора да го покажат и да го оправдаат некако тој успех од пред две години, и да им докажат на критичарите дека тие не се само домашна репрезентација, и дека успех може да направат и надвор од границите на Србија.
Треба да се напомене дека на овој шампионат Србија доаѓа со нов селектор, Владан Матиќ.
Настапи на ЕП (како Србија)
‘10 - 13. место
‘12 - 2. место
Пријавени играчи за ЕП
Полскиот ракомет е во голем подем, посебно екипниот, каде Висла Плок и Киелце играат и имаат одлични резултати во ЛШ.
Репрезентацијата 90% е создадена од домашни ракометари, ракометари кои играат во овие два клуба кои погоре ги напоменав. Па за тоа дали како тим се веќе уклопени не би требало да има некои дилеми, а како на терен тоа ќе изгледа ќе видиме веќе од 13ти јануари, предводени од 59 годишниот Биглер, Полска ќе атакува на завршницата од првенството.
Доста познати имиња има во полскиот состав, почнувајќи од голманот Шмал, завршувајќи до Марцин Лијевски.
Шансата за пласман понатаму сигурно ќе се бара во дуелите помеѓу Србија и Русија.
Настапи на ЕП
‘02 - 15. место
‘04 - 16. место
‘06 - 10. место
‘08 - 7. место
‘10 - 4. место
‘12 - 9. место
Пријавени играчи за ЕП
Дојдовме на крајот од претставувањето на репрезентациите, а може и до единствениот аутсајдер во групата, да беше барем десет години поназад овој шампионат, тимот на Русија ќе беше еден од главните фаворити за освојување на медал, но овој подмладен тим на Русија нема големи шанси за пласман во втората фаза, а уште помалце за влез во завршницата на првенството.
Како главни ѕвезди во овој руски тим се споменуваат Атман, играчот на Металург, Сергеј Горбок од тимот на Рајн Некар и Сергеј Шелјменко од белорускиот тим на Динамо Минск. Во овие тројца ракометари мора, и треба да го додадеме и вториот претставник од Бундес лигата, играчот на Фуксе Берлин, Игропуло.
На клупа го имаат Олег Кулешов, со само 39 години, тој е предводник на оваа репрезентација.
Настапи на ЕП ‘96 - шампион
‘98 - 4. место
‘00 - 2. место
‘02 - 5. место
‘04 - 5. место
‘06 - 6. место
‘08 - 14. место
‘10 - 10. место
‘12 - 15. место
Пријавени играчи за ЕП
Распоред на натпреварите
1 коло (15.01)
Србија - Полска
Франција - Русија
2 коло (15.01)
Русија - Србија
Полска - Франција
3 коло (17.01)
Полска - Русија
Србија - Франција
Репрезентациите во оваа група своите натпревари ќе ги одигра во градот Архус, во арената НРГИ која е со капацитет од 5.000 седишта.
