Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.762
- Поени од реакции
- 7.594
За што испаднал поточен?
Јас кажав дека реалното поскапување треба да биде меѓу 80 и 100%, ама дека политички ќе биде меѓу 10 и 20%.
На 9те проценти додај дека немаш ефтина попладне, таман сум го погодил интервалот.
Ќе поскапи цената пак за некој месец. Најверојатно. Зимата само шо почнува. Или даноци ќе се качат.
@Menethil Ефектите од заклучувањата поради ковид се само секундарни во приказнава. Да, направи флуктуација на побарувачката, ама не е примарна причина за ситуацијава.
Лошо испланирана (и бетер спроведена) зелена агенда од една страна континуирано предизвикува намалување на производство од јаглен и нуклеарни извори. Од друга страна шпекулациите си го прават своето.
Колку за пример Германија вчера исклучи 3 од 6 нуклеарни централи(12% од вкупното производство им беше од нуклеарна енергија). Знаеш, ова исклучување од мрежата е процес кој трае со месеци, не е на "дугме". Од 2018-2019 активно работеа и на гасење на електраните на јаглен(1/4 требаше да бидат исклучени до 2022 ако не грешам. Треба да го проверам phase-out от како им беше).
Малку ги заеба времето, малку избрзаа и заврши работава со зголемена побарувачка на гас, шо за греење, шо за производство на енергија. И тоа е тоа, знаеш пазарот како работи.
И не е само Германија во прашање, ако не грешам само Франција и Финска останаа пропоненти на нуклеарна на континентот(со тоа шо Финците 30 години го прават реакторот

За долгорочните планови и стопанисувањето на македонскиот енергетски сектор, ќе го скокнам тој муабет. Иам чувство дека на ист ум сме за тоа.