Ендуро трка во Битола (26.09.2010)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
На 26.09.2010 во Битола ќе се одржи трка од Ендуро шампионатот на Македонија. Организатор на трката е мото клубот Мото Старс од Битола, клуб кој со цел да ја популаризира ендуро дисиплината во Македонија ќе дозволи на натпреварот да учествуваат сите заинтересирани кои имаат соодветен мотор и опрема.

Според организаторите секој кој има крос или ендуро мотор, без разлика дали тој е регистриран или не, и без разлика дали возачот има лиценца за натпреварување, за учество на трката се што е потребно е да се понесат 1000 денари за котизација, кацига и заштитна облека, и пред почетокот на трката да се плати осигурување во износ до 300 денари.

Идејата на МК Мотостарс е оваа година да прогледаат низ прсти за потребната документација на натпреварувачите со цел да го омасоват ендуро спортот што е за пофалба и поздрав и на овој начин сигурно дека ќе има повеќе учесници, а следната година натпреварувањето ќе може да се одржи според сите правила и прописи.

Пораката од битолчани е "стигнете во Битола и ќе се тркате", а имајќи ги во предвид претходните искуства со одличната организација на мотокрос натпреварите во Битола, сигурни сме дека ќе следиме одлична ендуро трка.

Мапа од локацијата ќе биде објавена во текот на следните денови, а во меѓувреме за да го преземете официјалниот правилник за натпреварот кликнете овде.

http://motori.com.mk/sodrzini/motosport/domasno-prvenstvo/1434-enduro-trka-vo-bitola-26092010

bratindol_1_434.jpg
 
Драпај си мево... стигнете во битола и ќе се тркате. Треба да имаш мотор за фрлање и јајца ко телевизори за да излезиш на рид и да се обидиш да извозиш некое пристојно време, без некој од “колегите“ аматери да те изгази. Ова можи опасно да заврши.

Ја познавам патеката, ендуро имав некои 4-5 години и ниеднаш не ја извозив. Од проста причина што има големи скокови на кои лесно аматер можи наместо на тркала на глава да слета, а тој зад тебе нема да знај шо да напрај и како да те избегни.
 
Наздравје! Колку што успеав да разберам трката не се одржа, а како главен виновник за тоа ја посочуваат МФМ. Аман од препукувања веќе помеѓу МФМ и некои од клубовите кои се или пак воопшто не се дел од нејзе.
 
РЕЗУЛТАТИ ОД ЕНДУРO ТРКАТА ВО БИТОЛА



По сончево време во близината на Битола денеска се возеше трка од државниот шампионат во Ендуро. МК Мотостарс се покажа како одличен организатор, а на патеката долга 22km се возеа два круга, вклучувајќи брзински испит во должина 2.050 метри.

На трката беа постигнати следниве резултати:


Класа Е1
Возач: Илчо Петковски; клуб: МК Мотостарс; време: 10:18.44
Возач: Никола Гулевски; клуб: МК Пелистер; време: 10:41.76

Класа Е2
Возач: Христијан Илиоски; клуб: МК Пелистер; време: 5:40.94
Возач: Ивица Милошевиќ; клуб: МК Мотори; време: 6:37.95
Возач: Зоран Трајковски; клуб: МК Мотори; време: 7:38.70
Возач: Паско Пасков; клуб: МК Мотостарс; време: 28:07.92

Класа Е3
Возач: Миодраг Станкович; клуб: МК Мотостарс; време: 8:05.49
Возач: Илија Минев; клуб: МК Ретки Птици; време: 8:09.54
Возач: Јован Јовановски; клуб: МК Ретки Птици; време: 15:28.79

Класа Т1 (хоби класа, без брзински испит)
Возач: Тони Георгиевски; клуб: MK Мото Скопје; време: 14:00.68
Возач: Виктор Ефремов; клуб: MK Мото Велес; време: 15:41.83

Сите класи освен Т1 го возеа брзинскиот испит три пати, а во генералниот пласман во возачи на челната позиција е Христијан Илиоски пред Ивица Милошевиќ и Зоран Трајковски. Кај клубовите нај успешен е МК Мотостарс пред МК Пелистер и МК Мотори.

Денот го одбележаа и неколку падови и откажувања кои за среќа завршија без посериозни последици.
 
Volkswagen, тркава била полу-легална, очигледно. МФМ се огради од тоа да стои оти е под нејзина капа натпреварот зашто установиле мал милион неправилности, не ми е јасно со кои акредитирани судии е судено кога единствено МФМ може и има право да делегира судии?
 
Везе неам, ама ете се одржала. Нека одржат конференција за медиуми (МФМ). Вака што?
 
МФМ упати демант до повеќето медиуми во Република Македонија кои го следат мото спортот. Еве како изгледа:



ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со информацијата објавена на веб страната www.motori.com.mk, сакам да ја дадам следната информација:

1. За одржување на ендуро натпревар во рамките на Шампионатот на Република Македонија во ендуро постои правилник кој сите организаори и учесници МОРААТ да го почитуваат.

2. За одржување на натпреварот во Битола, испратен е посебен правилник на натпревар до сите клубови членки на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, каде се наведени условите за учество.

3. За наведениот натпревар во правилникот се наведени имињата на функционерите кои ќе бидат во организацијата на натпреварот, како и делегат на натпреварот. Доколку некој се обиде да направи нешто спротивно на правилниците, делегатот како и жирито на натпревар нема да дозволат истиот да биде одржан. МотоциклистичкатаФедерација на Македонија е ДОЛЖНА да работи според правилата и принципите на ФИМ и тоа ќе го стори. Ако некој мисли дека има право на приватна забава, истото може да го направи во свој сопствен аранжман, но НИКАКО под покровителство на МФМ.

Поради тоа, би сакал да ги известите посетитетлите на Вашата страна дека за земање учество на натпреварот е потребно:

1. Пријава за натпревар

2. Натпреварувачка лиценца издадена од страна на МФМ

3. Лекарски картон од спортска медицина

4. Животно лосигурување

5. Мотоцикл според правилникот за ендуро

6. Опрема за натпреварувачот според правилникот за ендуро

Мотоциклистичката Федерација на Македонија на овој начин се оградува од ситеи нформации кои се објавени на Вашата веб страна.

МФМ нема да дозволи одржување на било каков натпревар во која било мото дисциплина доколку не се запазени условите пропишани со правилниците.

Дозволување на настап на лица за кои нема податоци во каква психофизичка кондиција се (а се утврдува од здравствениот картон) , дали нивните мотоцикли се според прописите, дали се истите осигурани согласно прописите е вон здрава памет.

Не знам кое е лицето кое ја дало информацијата и кое ќе ја сноси одговорноста за одржување и евентуалните последици од одржување на таков натпревар? Очигледно дека тоа лице нема поим што значи одржување на натпревар и кои се одговорностите и ризиците кои тој ги носи. Тоа сигурно нема да биде МФМ.

Мотоциклистичката Федерација на Македонија сигурно нема да застане позади некоја таква организација и на овој начин се оградува од информациите објавени на Вашата веб страна.

За истото МФМ ќе ги извести и органите на локалната самоуправа на чија територијаќе се одржи натпреварот, како и подрачната единица на Министерството за внатрешни работи, за да не дојде до злоупотреба на угледот на Федерацијата.

Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Претседател на комисија за ендуро
Велибор Каевски

--- надополнето ---

Според организаторите секој кој има крос или ендуро мотор, без разлика дали тој е регистриран или не, и без разлика дали возачот има лиценца за натпреварување, за учество на трката се што е потребно е да се понесат 1000 денари за котизација, кацига и заштитна облека, и пред почетокот на трката да се плати осигурување во износ до 300 денари.

Идејата на МК Мотостарс е оваа година да прогледаат низ прсти за потребната документација на натпреварувачите со цел да го омасоват ендуро спортот што е за пофалба и поздрав и на овој начин сигурно дека ќе има повеќе учесници, а следната година натпреварувањето ќе може да се одржи според сите правила и прописи.

Пораката од битолчани е "стигнете во Битола и ќе се тркате", а имајќи ги во предвид претходните искуства со одличната организација на мотокрос натпреварите во Битола, сигурни сме дека ќе следиме одлична ендуро трка.

Мапа од локацијата ќе биде објавена во текот на следните денови, а во меѓувреме за да го преземете официјалниот правилник за натпреварот кликнете овде.

http://motori.com.mk/sodrzini/motosport/domasno-prvenstvo/1434-enduro-trka-vo-bitola-26092010

bratindol_1_434.jpg


-Цврц-наздравје што ќе биде легално натпреварување. МФМ си го кажа своето, значи ако некој се натпреварувал со цел да оствари генерален пласман во државниот шампионат, трудот му паѓа во вода зашто на некого му текнало (веројатно тој самиот си знае од кои причини) да си прави журка наместо ендуро натпревар кој ќе се бодува за државното првенство.
 
не бе...ние не би биле македонци ако не се ебеме меѓу себе... бетер од педериштана грчки сме... тие бар кога си го опашуваат од и за кеиф си го прават, кај нас овде е за да му направи мука и проблем на другиот... проклета балканштина...
 
Онак, мислиш дека може еден мото настан од типот „КОМУ ИДЕ“ да претендира за влез во конкуренција за освојување бодови за државниот шампионат? Зошто тогаш воопшто постојат асоцијации на државно ниво како што е Мотоциклистичката Федерација на Македонија како единствен легитимен член на FIM (Меѓународната Мото Федерација) од нашава земја, која си има јасни и недвосмислени правила и прописи по кои се организираат мотоциклистички трки од сите видови доколку се сака ти да бидат влезени во официјалниот календар на мото-настани во светот?

А за ебењето...-оној што мисли дека е многу паметен и глуми популизам при тоа без да забележи дека се напупил, тој и ќе си го прими и тоа онака лефтерно, без да е свесен дека тоа му се случило.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom