Енди Мареј

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Еден освоен грен слем ќе промени многу работи. Сетете се колку позитивен ефект имаше финалето на Ролан Гарос за Содерлинг од 2009, дали Содерлинг пред победата над Рафа и после победата во 2009 е ист? Сега за жал е повреден, но после таа победа беше многу опасен за останатите, а пред тоа реално и не беше некоја опасност, во Рим 2009 играа Рафа и Содерлинг, Робин заводе 1-0 во гемови, си го зеде својот прв сервис гејм и после тоа загуби 12 гема со ред, значи 6-1 6-0.
 
tumblr_m1xvugYQXt1qb2wsio1_500.jpg
 
@ Игор, Незнам што требаше да сватиме од видеата против Федерер? стандардно газење, Мареј се брани а Федерер напаѓа....јас не видов ништо друго освем едно поштено прегазување, со многу форхенд бомби и екстремно добри бекенд слајсови, добро што ме подсети да го гледам пак натпреваров :)

Ако гледаме така да постираме како Федерер игра вс Надал а како вс Родик или еве Мареј кога веќе сме на оваа тема, мислам дека компарацијата не е изводлива.
 
Секако дека не е изводлива компарацијата, но Мареј знаел да се справи со Федерер доста пати на помали турнири, за тоа давам големо значење на менталната стабилност. Не е дека Федерер не игра појако по грен слем турнири, но сепак голема улога има и психичката страна на Мареј. Јас сепак мислам дека еден ден тој ќе освои еден грен слем и после тоа ќе е друг човек, но тоа мора да се случи до крајот на 2013 бидејќи во друг случај тоа би било прекасно....
 
Да ама не само против Федерер, он игра слабо против скоро сите на грен слеми, иначе го делиме мислењето дека ако земе слем негоавата кариера ќе се надигне повеќекратно, на чело со самодовербата.
 
По утрешното финале, доколку го добие Енди Мареј. Да не треба да ја преименуваме темата : Фан клуб на Енди Мареј :D ?
 
И цртичка до насловот на темата, и со секој нареден освоен грен слем, нова цртичка. :D Али се надевам дека нема да тепа утре.
 
article-2201250-14F32F19000005DC-773_964x682.jpg

Ете да го личи. И не чини да се зезате по темава. Не може да е секој ко Надал, Роџер и Новак со армија фанови зад себе. Камо среќа на форумов да се појават уште фанови на Мареј, баш ќе биде забавно во дискусијата.
 
Мареј има многу фанови, но нив ги има премалце во Македонија, тоа е проблемот. Ние сме научени да навиваме секогаш за " најјаките ".
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom