Емпатија

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
70
Возраст
36
Постои ли во денешно време?

Таа е една од најважните етички вредности,и покрај давањето помош,неповредувањето,лојалноста и искреноста-емпатијата го буди моралот во човекот правејќи го подобар.

Се сместувате себеси и вашите чувства во состојбата и во проблемите на другите со цел подобро да ги разберете?
 
Емпати и психопати

Скулгрл напиша:
Постои ли во денешно време?

Таа е една од најважните етички вредности,и покрај давањето помош,неповредувањето,лојалноста и искреноста-емпатијата го буди моралот во човекот правејќи го подобар.

Се сместувате себеси и вашите чувства во состојбата и во проблемите на другите со цел подобро да ги разберете?
Психолозите според емоционалната писменост луѓето ги делат во екстремни случаи на психопати и емпати.
Сите луѓе тежнеат кон едниот или другиот профил.
Психопати се луѓето кои се отрпнати без емоции, а емпати луѓето кои можат да ги разберат и почувствуваат емоциите на другите луѓе.
Но според мене, за некои луѓе можам да бидам емпат, но за некои не.Едноставно, не се сите луѓе на крајот на краиштата добри, за да чувствуваме било каква емпатија за нив.:nesum:
 
Да, секогаш. Кога ми објаснува некој за некој проблем, веднаш се ставам во негова кожа.... Ако некој плаче и мене ми се случува да заплачам. Секогаш се соживувам со чувствата на другите, ама баш секогаш.
 
Crazy in Love напиша:
Да,секогаш,кога ми објаснува некој за некој проблем,веднаш се ставам во негова кожа....Ако некој плаче и мене ми се случува д а заплачам..секогаш се соживувам со чувствата на другите,ама баш секогаш
и јас исто, секогаш се соживувам со чувствата на другите, се ставам во нивна кожа и секогаш ми доаѓа да заплачам, таква сум, многу сум емотивна и ко ќе ми зборвит некој за нешто шо му се десило ми се чинит дека мене ми се дешават истото
 
Eмпатија значи да можеш да согледаш некое чувство (пр. патење, страв, загрозеност и др.) од перспектива на друга личност и соживување со него, врз база на замислена или перцепирана ситуација во која се наоѓа таа личност. Добро е да бидеш свесен за чувствата на другите, се` додека знаеш дека тоа се нивни чувства, а не твои. Колку подобро ги познаваш сопствените емоции, толку повешто ќе ги „дешифрираш“ туѓите чувства. Често, многу често ми се случува да почувствувам како да сум во туѓата кожа, излегувам од таа состојба и потоа развивам искрено разбирање. Според тонот на гласот, изразот на лицето, движењата можам да оценам во каква состојба се наоѓа соговорникот и какви чувства му се плеткаат.
За емпатија не треба да замислиш како му е на другиот, едноставно го чувствуваш без некои посебни напрегања, дури некогаш не е потребно и да го знаеш добро човекот. Кај некои повеќе, кај некои помалку е изразена оваа способност, според мене во зависност од тоа кој колку успева и сака да постави некои емоционални прегради. И кај малите деца е присутна и кај возрасните.

Но, што е со насилниците? Дали таквите личности се истрауматизирани, па ја изгубиле својата емпатичност? Како тие ги доживуваат чувствата на другите? Изразот на жртвата како може да влијае на нив?
 
Лоша работа е тоа. Пу пу... Кога ќе загазиме во тие води се губиме себе си. Денес е такво времето, нема време за ништо. Измислувајќи побрзи начини на транспорт за да добиеме време, конзумирајќи интернет за побрзи информации заглавивме во временски вакуум. Секоја емпатија резултира со свое душевно осакатување. Ако времето го посветиме на светот, што е голем дел од кругот на часовникот, ни останува потоа уште да... удриме по работниот часовник, да ја сакаме сопругата, да ги нараниме децата, па да го прошетаме кучето и да се јавиме кај домашните, да провериме пошта, да гледаме фудбал, да играме фудбал, да бла бла бла... И сето тоа со договарање во 5 до 12 со стресови и нервози, со лоша храна и психо-физичка истоштеност и најверојатно дехидрација која не ја ни приметуваме. Нормално, на крајот од денот веќе немаме сила да го сакаме светот... А ако имаме сила за светот... немаме за себе.
 
Викторгг напиша:
Секоја емпатија резултира со свое душевно осакатување.
Не би рекла. Емпатија не означува оптеретување на сопствените чувства, туку само чувствување на туѓите. Ако дојде до душевно осакатување, тогаш станува збор за нешто друго.
 
Fortune напиша:
Не би рекла. Емпатија не означува оптеретување на сопствените чувства, туку само чувствување на туѓите. Ако дојде до душевно осакатување, тогаш станува збор за нешто друго.
Не реков ни јас дека не значи СОчуствување. Реков дека сочуствувањето ќе доведе до болка во срцето кај мене. Никој не цени алтруисти денеска. Што е многу слично со темата нели? Тоа е мое мислење. Јас сум природно скроен така, и сум се обидел на милион начини да бидам злобен и не можам. Секој ден се удирам по глава да бидам по ладен кон свето и туѓите чувства и проблеми. Тешко е, нема човек време да се посвети на себе и на своите проблеми... А секогаш мора прво својот двор да се искоси нели?
Milan Kundera напиша:
Да не е човек надарен со ѓаволската доблест наречена сочуство
Секогаш писателите попаметно го кажувале тоа од мене. И пократко бајаги. И јас се сложувам со овој цитат...
 
Сочувството се појавува откако ќе излезеш од таа состојба на емпатија. Откако ќе почувствуваш како му е на другиот, кога ќе се соживееш, идентификуваш со другиот, па се вратиш назад кон себе, тогаш зависи од тебе дали ќе се оптеретуваш со сочувство или не, тогаш доаѓа или не доаѓа сочувството и подготвеноста за некаква помош. Самиот момент на емпатија не е така замарачки, ако не ги внесеш и измешаш сопствените чувства.
 
Fortune напиша:
Сочувството се појавува откако ќе излезеш од таа состојба на емпатија. Откако ќе почувствуваш како му е на другиот, кога ќе се соживееш, идентификуваш со другиот, па се вратиш назад кон себе, тогаш зависи од тебе дали ќе се оптеретуваш со сочувство или не, тогаш доаѓа или не доаѓа сочувството и подготвеноста за некаква помош. Самиот момент на емпатија не е така замарачки, ако не ги внесеш и измешаш сопствените чувства.
Се согласувам. Моментот на емпатија е дури и задоволувачки. Ама ако се обидеме да помогнеме секако дека мора да измешаме и нашите чувства. Од нив произлегува сета наша мудрост нели?
 
Не реков дека задолжително е задоволувачки (ова го појаснувам затоа што помислив дека со мала доза на иронија го кажа), само што не е толку замарачки како што го кажа:)
Се` зависи како гледа човек на таа состојба и колку сака да им дозволи на туѓите чувства да допрат до него, колку ќе се затвори или отвори и колку е способен сосема да ги исклучи сопствените чувства при овој процес. Малку е тешко да се постигне ова (исклучувањето), но со тек на време се учи, за емпатијата да не се претвори во нешто што ќе ти пречи во животот.
Точно дека ако сакаш да помогнеш треба да ги замешаш и своите чувства, бидејќи во спротивно, нема да се појави потребата да помогнеш. Ама тоа доаѓа откако ќе се свртиш кон своите чувства, откако веќе си ги согледал туѓите и потоа се појавува потребата да помогнеш (или не се појавува, зависи од човекот).
 
Да, се трудам да помогнам со совет на секој што ке го побара од мене. Било да е ептен близок, било да е само другар/познаник...Само што не секогаш се внесувам онака ептен во она што е како проблем...тоа се случува во моменти кога ми се срушиле сите светови, кога не сум како што треба, кога не сакам да слушам за туѓи проблеми зошто ми се доста моите и сл
Али за оние најблиските гледам секогаш да можам да се внесам во проблемот и да најдеме решение.
 
Внесувањето во проблемот не значи чувствување на истото што и личноста која има проблем. Ако веќе бараш решение, тогаш тоа го правиш со сопствените чувства (надвор од туѓите) и спонтаната реакција да помогнеш.
 
Ако можеш помогни,а никого не жали и не се ставај во негова кожа !!!!!!!!!!!!!
 
Каква врска има жалењето со емпатијата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom