Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дури и луѓе на шалтер што работат можат да испаднат фини ако ти е фин пристапот со 'Добар ден' и смајли фејс. Некоја чудна појава е дека луѓето се понашаат така како што мислат дека ти си имаш створено мислење за нив, помалку или повеќе. Ништо чудно ако насилник кој знае дека ти го сметаш за насилник а дека ти самиот не си насилник земе да се понаша насилно кон тебе, различно од тоа како би се понашал ако некој што првпат го гледа му пријде позитивно. Затоа кога си имаш работа со лош човек, подобро да се понашаш како да не знаеш дека е лош. И таквите имаат потреба некој да ги подржува/ т.е. да мисли дека се добри и затоа веројатно ќе гледаат да не ти го влошат мислењето што го имаш за нив. Интересна појава е и размисли за тоа.Ако си кул типче, и ако се трудиш да водиш автентичен муабет со луѓето, ги гледаш во очи кога збориш со нив и внимателно ги слушаш што ти зборат, тогаш многу ретко, скоро никогаш нема да сретнеш некој кој што те нервира со самата негова појава. Повеќето луѓе не се онака суштински злобни. Ако видат дека си добро расположен и уште побитно ако сфатат дека не ги осудуваш за тоа што ти го зборат, тогаш честопати и самите стануваат расположени(ова е веројатно заради нивното его, но не е толку битно ова). Затоа што, најпосле, негативноста привлекува уште повеќе негативност. Имам една колешка на факс која што има стекнато лоша репутација во групата како "негативна особа", или како што викате вие - емотивен вампир, меѓутоа кога јас зборувам со неа, таа е сосема друга особа. Фина е, дели комплименти итн...
Тешката работа доаѓа кога треба да гледаш на сето тоа без осудување и без его. Според мене не би требало да ги осудуваме ваквите луѓе затоа што и тие се несвесни како нас.
Да, за жал сум имал.Луѓе кои без трошка срам ќе ви ги исцицаат сите емоции и цела енергија од вас и после тоа ќе си отидат и нема никад да ги слушнете...
Значи не само за љубов и во другарство и во меѓучовечки односи, се почести се ваквите луѓе...
Постојано ти ја цицаат енергијата од тебе, позитивната се разбира и те полнат тебе со негативна и кога на крај ќе си изморен одат кон друг што има позитивна енергија...
Буквално зимаат се од тебе додека им користиш после не постоиш за нив...
Иако воопшто не делуваат така, многу се смирени, дури и забавни се, не се негативни сами по себе... додека не ја достигнат целта...
Што мислите за ваквите луѓе?
Сте имале ли ваков пример во животот?
Чаре?
Секој сеирџиски или Хаус коментар ќе биде избришан, а членот баниран од тема... Чисто информативно...:smir:
А замисли кога две такви персони се заедно во една соба... ке си изедат живи...Имам забележано дека некои луѓе навистина поседуваат ваква моќ. Се нешто се нерасположени, нешто им недостига, премногу зборуваат или лажно се смеат. Едноставно после секој разговор со нив се чувствуваш психички исцрпено до максимум. Нажалост невозможно е да ги избегнеш бидејки се во твоја непосредна близина, може само колку е што можно повеќе да се трудиш да се дистанцираш од нив. Барем привремено.