Elisa

  • Креатор на темата Креатор на темата La Ragazzina
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 ноември 2012
Мислења
26
Поени од реакции
19
Елиза е млада, храбра и горделива девојка со сиромашно потекло која работи како помошничка во палатата на грофицата Анес Ристори во областа Ривомброса во северна Италија. Елиза му испраќа писмо на Фабрицио, синот на грофицата да се врати дома кај болната мајка. Кога ќе го прочита писмото, грофот Фабрицио се враќа во својот дворец и се приредува бал за неговото враќање. На смртната постела, грофицата го моли син и да се грижи за Елиза. Фабрицио и Елиза се вљубуваат еден во друг иако знаат дека нивната љубов ќе биде осудена поради класните разлики меѓу нив двајца. Понатаму Елиза ќе биде нападната од пијаниот благородник и пријател на Фабрицио, таа ќе се одбрани удирајќи го со камен и ќе биде уапсена поради тоа. Како би ја заштитил честа на девојката која ја сака, грофот ќе излезе на двобој со неговиот најдобар пријател и ќе побара помош и од кралското семејство за да ја ослободи Елиза. Освен за љубовта кон Елиза, Фабрицио ќе се бори и со корумпираните благорoдници и заверите против кралот.

Ја гледате ли серијава и какви се вашите мислења? :)
 
Имам слушнато за оваа серија но ја немам гледано а интересна била што ми имат кажувано :)
 
Се што е синхронизирано на Македонски, у канта.
Одма.
Колку и да е добра серијата, уши е*ава синхронизацијата.
 
Се што е синхронизирано на Македонски, у канта.
Одма.
Колку и да е добра серијата, уши е*ава синхронизацијата.
Сум против турски серии и било какви сапуници, но единствено нешто позитивно во сето сивило на македонските телевизии е синхронизацијата (има чат-пат по некој кикс во синхронизациите, ама глобално ако земеме и не е лошо). Така се чувa јазикот (македонскиот стандарден јазик), се надоградува и пред сè колку-толку ги описменува луѓето.

Чисто колку за информација, во Франција дури и холивудските играни филмови се синхронизираат на француски.
 
Да само што нашите немаат благе везе од синхронизација барем повеќето не се разбираат, не дека ги пратам сериите ама на реклами некогаш кога ќе зафатам ми се смешни..
bluelaugh.gif
 
Многу ја сакам серијава само да не ја синхронизираа добро ќе беше.Елиза и фабрицио се многу добар пар колку што знам биле заедно до пред некое време и во приватниот живот имаат и ќерка.
 
Сум против турски серии и било какви сапуници, но единствено нешто позитивно во сето сивило на македонските телевизии е синхронизацијата (има чат-пат по некој кикс во синхронизациите, ама глобално ако земеме и не е лошо). Така се чувa јазикот (македонскиот стандарден јазик), се надоградува и пред сè колку-толку ги описменува луѓето.

Чисто колку за информација, во Франција дури и холивудските играни филмови се синхронизираат на француски.

Јас немам против синхронизацијата ако е квалитетна. Сакаш да кажеш дека ова што слушаме е квалитетна синхронизација? Чат-пат некој лик одговара на ликот од серијата, се останато е пропадната инвестиција.
И во Италија се им е синхронизирано, ама нивната синхронизација е светлосни години пред нашата.
 
Какви серии има, комотно можеме да го занемариме тоа колку гласот одговара на ликот. Сакам да кажам дека тоа нема да го смени текот на серијата и сфаќањето на истата.
Се користат акцентни целости, нема никакви дијалектолошки испади, значи се гледа дека не им е сеедно каква ќе биде синхронизацијата. Сега, има и по некои пропусти, но како што реков сè на сè синхронизацијата е добра.
 
Синхронизацијата кај нас е за прости луѓе и затоа е толку прифатена во комбинацијата со содржината на серијата.
Полошо од синхронизација не им се случило на македонските телевизии.
 
штом пишува 15годишна девојка не ќе да е интересна серијава :свиркам:
Абе ајде? o_O Многу паметен бе ти...а колку години треба да имам? ц ц ц....
Се што е синхронизирано на Македонски, у канта.
Одма.
Колку и да е добра серијата, уши е*ава синхронизацијата.
иначе и јас сум против синхронизацијата ама битна е содржината на серијата...
Имам слушнато за оваа серија но ја немам гледано а интересна била што ми имат кажувано :)
Добро ти кажувале, стварно е многу интересна :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom