- Член од
- 23 ноември 2012
- Мислења
- 26
- Поени од реакции
- 19
Елиза е млада, храбра и горделива девојка со сиромашно потекло која работи како помошничка во палатата на грофицата Анес Ристори во областа Ривомброса во северна Италија. Елиза му испраќа писмо на Фабрицио, синот на грофицата да се врати дома кај болната мајка. Кога ќе го прочита писмото, грофот Фабрицио се враќа во својот дворец и се приредува бал за неговото враќање. На смртната постела, грофицата го моли син и да се грижи за Елиза. Фабрицио и Елиза се вљубуваат еден во друг иако знаат дека нивната љубов ќе биде осудена поради класните разлики меѓу нив двајца. Понатаму Елиза ќе биде нападната од пијаниот благородник и пријател на Фабрицио, таа ќе се одбрани удирајќи го со камен и ќе биде уапсена поради тоа. Како би ја заштитил честа на девојката која ја сака, грофот ќе излезе на двобој со неговиот најдобар пријател и ќе побара помош и од кралското семејство за да ја ослободи Елиза. Освен за љубовта кон Елиза, Фабрицио ќе се бори и со корумпираните благорoдници и заверите против кралот.
Ја гледате ли серијава и какви се вашите мислења?
Ја гледате ли серијава и какви се вашите мислења?
