Електронско пријавување на факултет 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Teenage girl
  • Време на започнување Време на започнување
Имам проблеми со системот за електронско пријавување на уписи за Факултетот Земјоделски науки и храна во страната за пријава за прв циклус (додипломски) студии во последното јазиче "Поднесување" страната е празна и не ги пишува документите кои се потребни за пријавувањето и неможам да генерирам уплатница или да ги испечатам Интерниот пријавен лист, Универзитетскиот пријавен лист, Изјава за неподигање на документи како и другите документи, односно ги има само копчето "Назад" и "Прати". На прикачената слика може да видите како тоа изгледа.

Дали некој го има овој проблем?
 
Attachments

  • 1eupisi.jpg
    1eupisi.jpg
    106,3 KB · Прегледи: 22
Кај тебе пишува дека пријавата е веќе (успешно) пратена. o_O

Мој совет да пробаш уште еднаш. Јас аплицирав и ми го даде и последното јазиче. :pipi:
 
Имам проблеми со системот за електронско пријавување на уписи за Факултетот Земјоделски науки и храна во страната за пријава за прв циклус (додипломски) студии во последното јазиче "Поднесување" страната е празна и не ги пишува документите кои се потребни за пријавувањето и неможам да генерирам уплатница или да ги испечатам Интерниот пријавен лист, Универзитетскиот пријавен лист, Изјава за неподигање на документи како и другите документи, односно ги има само копчето "Назад" и "Прати". На прикачената слика може да видите како тоа изгледа.

Дали некој го има овој проблем?

Не си единствен со таков проблем, истиот го имаат и неколку мои другари, изгледа документите не се достапни за сите факултети.
 
Сите кои имавте ваков проблем пробајте сега, грешката е исправена.
 
можи на три различни факултети на УКИМ да аплицирам онлајн?
 
Извинете господа од УКИМ, ама пријавувањето ниту е целосно електронско, како што велите, ниту системот ви функционира. Веќе создадовте општа конфузија, бидејќи системот час ги дава, час не ги дава потребните документи, а за факултетите со приемен, како архитектонскиот, исфрла погрешна уплатница (која патем, ќе се појави ако електронскиот систем е расположен). Универзитетската пријава се појавува и во електронска форма (ако се појави) и истовремено се наложува (исто така ако се појави) истата да се купи во книжара, но овојпат со уплата за такса 50 ден. На видео упатството на страната на УКИМ, се дава пример на внесување моминско презиме за машки кандидат - претпоставувам манифестација на духовитост. Електронскиот систем веќе се блокира, поради навалата на апликантите за мал временски период, диктирана од задоцнетото давање на матурските дипломи, два-три дена пред пријавувањето. Значи, електронски е само хаосот, а студентите пред себе имаат неколкудневна одисеја по пошти, банки, шалтери и сл. Што е најинтересно, службите на факултетите ден пред пријавувањето не знаат да кажат од колку до колку часот е пријавувањето - чекале усогласување со УКИМ. УЖАС!!!!!
 
Многу ми е страв да не не ме примат поради ова електронското. Иначе сите документи ги доставив и таа рече дека тоа што на компјутер ме прочитаа непотполна апликација немало врска, но сепак потсвесно нешто ми е страв, а интерниот пријавен лист од интернет ми беше скроз потполнет немаше ништо непотполнето. :(
 
Зашто кога ке ја отворам страната за да се приавам електронски неможам да се регистрирам туку само да се најавам .. Сакам во втор рок да се запишам
 
Јас го имам истиот проблем, сакам да се запишувам на трет уписен рок а неможам да се регистритам на уписи.уким.мк .... оти нема воопшто такво копче....А исто имам прашање.... На 17.09.2012 се третите уписи сигурно или ???? фала однапред
 
Да, да на 17 ти се. :)
И јас го имам истиот проблем, може ќе пуштат денови да можеш да се регистрираш.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom