Електронски листи на чекање во болниците

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
%D0%98%D0%B7%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%82%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5%20%D0%B8%20%D0%BD%D0%B0%D1%83%D0%BA%D0%B0%20%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%20%D0%A2%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%20.jpg
Од први јануари, идната година ќе почнат да функционираат електронски листи на чекање во сите здравствени установи кои ќе бидат јавно објавени и во кои сите пациенти ќе има увид. Со ова, вели министерот за здравство, ќе се спречи корупцијата во здравството и ќе се стави крај на прегледување или оперирање “преку ред“.
“Фактичката состојба на терен зборува дека листите не постојат. Тоа се листи запишани во тетратки, на лист хартија на некој од вработените во здравствената установа и воопшто не се транспарентни и тоа отвора широка можност за интервенирање во листите и за корупција. За таа цел Министерството за здравство вспоставува нов, транспарентен систем кој ќе одговори на овие предизвици и аномалии“, објасни министерот Никола Тодоров и потенцираше дека посебно се фокусирани за подобрување на квалитетот на здравствените услуги и за еднакви услови за сите граѓани.
Секоја болница задолжително ќе мора електронски да ги објавува листите со закажани прегледи и термини на својата веб страна или, пак, на видно место во институцијата. Во спротивно се предвидени глоби, како за установата, така и за задолженото и овластено лице за објавување и ажурирање на листите.
Личните податоци на осигуреното лице на листата ќе се објавуваат како шифриран податок кој осигуреното лице ќе го добие во моментот на пријавувањето.
Контролата на водењето на листата на чекање и користењето на здравствената услуга ќе ја врши Фондот за здравствено осигурување и Државниот санитарен инспекторат.
Листата не се однесува на итните случаи, кои како и секогаш ќе бидат третирани веднаш.
 
Се согласувам со тоа што во здравството треба да се стави крај на антикорпцијата. Да, затоа се во право меѓутоа не се согласувам со тоа секој од вработените во здраството да има податоци за сите луѓе. Со овој систем секој ќе има пристап до ваши податоци и може да се злоупотребат. Овој систем го сфаќам како контрола на државните институции врз секој граѓанин на оваа држава, а не да се воведе ред во здравството за операции преку ред, тие постоеле и ќе постојат. Искрено најантипатична личност од целото собрание ми е овој политичар го среди образованието па сега здравството ќе го средува. :)
 
Што е толку комплицирано да се постават апарати за тикети со реден број, и да се повикуваат луѓето еден по еден? Измислено којзнае од кога, во светот се користи во банки, болници и секаде каде што има редици за чекање.

1zfmp6v.jpg
4vr1o4.jpg


Знам дека тука се работи за закажување, ама вреди и ова да се разгледа затоа што хаос е по шалтерите.
 
Интересно, само не знам на почеток кај нас колку ќе биде прифатено.

Инаку заедно со ова се отвара нов бизнис - чекачи на ред. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom